Луѓе јас цело време ја викам мицерална, и дури пред некој ден приметив на амбалажата дека пишува мицеларна. Прееска го земам флаерот од Тинекс, гледам и таму стои мицерална, чиниш јас им го имам пишувано. @MacaLove , и на мојата немаше рок на траење, освен тоа дека отворена треба да се користи 6 месеци, а на таа што ја имам од Гарние баш си има наведено рок, до 2017 година, а отворена исто 6 месеци. Kај мене само што помина тој рок, иако ја користам секојдневно имам уште 1/3 од неа и ќе си ја користам додека не ја потрошам, не забележувам никаква промена кај неа.
Здраво, дали знаете како се движат цените на Биотен гелот за чистење лице и мелкото за чистење лице ?
Со што ја чистите водоотпорната маскара ,јас многу тешко ја вадам ,пробувам со бекутан влажни марамчиња али пак многу тешко се вади и нецелосно ?
Пробај со мицеларна вода, најмногу гледам ги користат од Гарние или Лореал или пак со некое масло како кокосово или маслиново на пример.
Јас сум многу комплицирана кога станува збор за отстранување на шминката. Обавезно кога си идам дома, прво ја отстранувам сенката со едно што го имам порачано од Орифлејм. Потоа пудрата со влажни марамици. 2,3 влажни секако фрлам за тоа. Сакам скроз да ја отстранам. Потоа си го мијам лицето со една крема која негува, па откако ќе го избришам лицето со крпа, нанесувам крема. Комплицираност, знам. Но, никогаш не сакам да заспиам без да се осигурам дека ми е сосема отстранета шминката.
Мене Dove сапунот ми е закон за вадење шминка. Нема триење, малтретирање на кожата, шлакање со триста хемикалии, пола саат ритуали. Само се мијам со сапунот кој е многу благ и не ја суши кожата, а потоа кремче и џам си за 5 минути.
Колку е? И дали воопшто ја има кај нас? Знам дека имаат донесено шампони и маски на Corine de Farme во Зегин, ама мицеларнава ја немам забележано.
Здраво на сите, веќе кога говориме за отстранувачи на шминка еве особено за мицеларни води, пробав една органска и 100% природна мицеларна вода на Гамард. Еве на линков ќе ја видите комплетната статија со слики од чистењето на шминката, составот и функционалноста на овој производ. http://biodevojka.blogspot.com/2015/05/gamarde.html Благодарам и голем поздрав
Јас користам вазелин (со невен и д-пантенол), со многу малку нанесување од него, шминката веднаш се отстранува. Добар е и за кожата, ја одржува мека, а прочитав некаде дека е особено добар и за трепки, што е бонус придобивка.
Вадам со влажни марамчиња и веднаш мијам со био клин гел за лице и кремче од био клин некогаш ставам и хлорафеникол како за дезинфекција пред кремот..
Здраво драга, цената на оваа мицеларна вода е 1100 денари, ама во наредните назначени денови има промоција, добиваш гратис рол он деодоранс, кој инаку би го платила 775 денари.
Ви завидувам на сите оние што ја одстрануваат шминката со влажни па гел. Јас влажни во никој случај. Затоа барам нешто соодветно за одстранување шминка од колекцијата на avene доколку некој користи, но да нр ја суши премногу кожата.