Ја користам мицеларната вода на гарниер, многу ми е погодена второ шишенце трошам. Плус големи тупфери (бебешки) најдобри ми се, за цело лице едно е доволно.
Користам влажни марамици и за отстранување на шминката од очите користам отстранувач на шминка од авон
Ja имам таа на Гарниер со розевото капаче добро може поретко треба ова со ракијата ама се ми вади секое деталче , дури си викам го измив лицето добро ми е сега чисто се , ке поминам со ракија на памук оп пак нешто излегува а тоникот од Гарниер кога ке ставам на памук како пена ми се праи малце
И јас го делам истото мислење како @AGIrlNamedMarija , алкохолот го суши лицето и може многу страшно да го иритира, не с бадиала рекламите за вллажни марамчиња или било која козметика гледат да истакнат дека се АLCOHOL FREE, сепак твој избор, сите сме овде за да размениме мислења и искуство
Во последно време со ракавица за вадење шминка, а некогаш со Dove сапун се мијам кога имам ставено полесна шминка
Трошам второ шошенце, не е лошо и ја вади шминката, но дефинитвно ми ја суши кожата, особено во зима. Можеби ми се презасити кожата од него и треба да го сменам и искрено тоа ми е намерата. Да го завршам и купувам мицерална вода
Моментално : Спојлер http:// И ич не сум задоволна, со памук тешко ја вади шминката, па морам со марамче. А пред ова ја користев од Дебора и бев презадоволна : Спојлер http:/
Искрено многу сум задоволна и ако сте во можност користете ја зошто е стварно најдобра за отстранување на шминка
Bioten cleansing milk за сува и остлива кожа и марамици исто од биотен розеви, ама не сум задоволна со марамиците чистат се , ама оставаа некој траг од лосион леплив.
Ја пред да го купам bioten cleansing milk користев бајби улје за отстранување на шминката и бев задоволна.
До сега сум користела најразлични мицеларни води, млека за вадење шминка и гелови за лице, но оваа пена е досега најдоброто и напрактичното нешто што сум го открила. Целосно ја вади шминката, воопшто не ја суши кожата и ги чисти порите. Моментално е на попуст во dm 252 денари.
Вчера купив туш за веѓи пред тоа со моливче се арно,а што ми требаше да земам и јас незнам сега не се бриши никако ,и со влажни марами и со вода одвај малку ,искуство некој што користи туш да ми кажи како се вади
Користев Нивеа 2 во 1, нешто како лосион и млеко за вадење шминка. Не е лошо, немам проблем со вадењето. Сега користам Се запна свеки нешто од Vichy да имам и крај. И еве, сега со ова се занимавам. Одлично е.
Јас ја користам мицеларната од Гарниер (онаа розевата што ја постирате), но најверојатно грешев што после тоа директно ставав крема на лицето и одма на спиење. Некако периодов ми е исклучително сува кожата можно е и поради времево, па отидов во ДМ и ја замолив продавачката за помош. Ми препорачa Балеа производ за чувствителна кожа. На моја реакција зошто баш Балеа ми рече дека на пример Нивеа сите се лоши копии и дека воопшто не ми ги препорачува како козметика. Го купив гелот од Балеа и плус едно од Нивеа (сепак) за отстранување шминка од очи. Вчера се разбудив со оток на очи бидеќи најверојатно не го промешав...не знам...Како и да е, на сите што го чистите лицето со влажни марамици не ви е баш паметен избор...