Едно време го користев лосионот на авон , но некако досадно ми стана, да имам секогаш при рака памукче...сега веќе само со Бекутан влажните марамчиња и со Dove сапун за лице...и прекрасно си го чувствувам лицето потоа
Пробај го млекото за лице на Гарниер Има светло зелено паковање. тоа е за отстранување на шминка... позз
За вадење на шминка имам корситено безброј тоници и креми. Што се не немам купувано , ама по некој период приметував дека или многу ми ја сушат кожат или ми ја мастат, а од неколку почнав да се гадам од мирисот. Сега само со бебешките влажни марамици, они што ги има во кутија, со зелен капак, Бејбиситер мислам дека пишува на нив, на германски. Најубаво ми е со нив и најбрзо.
Најпрво ја отстранувам шминката со влажни марамчиња Нивеа, некогаш и Бекутан, а остатокот со млеко за отстранување на шминка Дебора, потоа го мијам лицето со вода и нанесувам крема.
не е за лицето да ти биде супер, туку со што ја отстрануваш маскарата, пудрата, сенката итн.. а особено маскарата не може да се острани само со вода
Со на Авон лосионот, не е лош. Порано што имав едно никако не ми текнува како се викаше, само гледам по парфимерии дали го има, леле колку беше убаво, во сино шишенце, се надевам ке го најдам. Исто некогаш и со од Гарниер 3 во 1 пилингот.
Еее повеке пати се плакнам со вода и на делот околу очите малку повеќе му обрнувам внимание и потоа со крпа само јас што ја користам се бришам едно убаво и нема ни трошка остаток од шминка, маскара, креон, Бидејќи не можам со тоник и влажни марамчиња да го чистам лицето забрането ми е лекар, и така со водата ви викам
Оф леле инаку мене многу ми е грдо со вода, особено после искачаање кога имам едно кило пудра и маскара
Лицето си го чистам со Clean&Clear течен сапун(и како маска се користи) и после со Nivea млеко за чистење шминка.
Шминката често ја отстранувам со тоник или лосион, ама последно време не да ме мрзи...кога идам касно од град или ми се спие користам и влажни марамчиња, ама строго без алкохол