Многу сум задоволна од пената на Алверде. Веќе 1-2 години ја користам. Отстранува секаква шминка, не ми ги иритира очите, не ја суши кожата. Буквално секој траг од пудрата, маскарата или тушот ми го вади.
Денес си купив мицеларна вода за отсранување шминка од НИВЕА, па ќе видиме како ќе се покаже. Подобро ја вади шминката од очите во споредба со мицеларната вода од Корин ди Фарм.
Со Гарниер мицеларната. Знам да посегнам и по Бекутан влажните марамици понекогаш. Ја порачав мицеларната на Нутра Ефект од Авон, се надевам ќе ми врши работа и она.
Таа од Авон и мене не ми е нешто посебно, сугурно не би ја купила уште еднаш. Туку што ја купив мицеларната на Нивеа за чувствителна кожа, па ќе видам таа како ќе се покаже.
Не памтам точна цена, а милион пати сум го купила. Нешто ми се вртка 189 или 207 ден. Како и да е, не е повеќе од 210 ден.
Да ми препорачате за бришење шминка (пудра, за очи го користсм двофазниот на балес) за сува кожа ? Само да не се влажни, а го имам користено млекото за бришење шминка за сува и осетлива на биотен ама во последно време ме чеша.
Јас користам Мицеларен раствор од Биотен, специјално наменет за мрсна кожа, така што ти би требала да побараш за сува кожа. Ама е прилично скап, јас го земав најголемото шише за 800 денари и тоа беше на попуст. По неколку недели видов дека Мицеларен раствор имало и од други фирми и ептен се изнервирав, особено затоа што разликата во цената беше околу 500 денари. Ама овој ми го препорача дерматологот, и во брзање си го земав. Добар е, вади шминка добро, не печат очи. не сум имала никаква негативна реакција на истиот.
Иако имаш пишано дека си задоволна, јас подетално да те потпрашам Двофазниов брише црна сенка и водоотпорен туш? Во последно време, некако појако се шминкам, а сменив и маскара, па ми треба нешто ефикасно.
Еве го Да, нема што не брише, и јас најчесто користам водоотпорна маскара и туш/ајлајнер и со ова ги отстранувам. Сe промешува течноста за да се изедначи и ставам на памучен диск, го држам на окото 5-10 секунди за да се размекне шминката и потоа бришам. Некаде по форумов ми го препорачаа и двофазниот од Гарние, ама не сум го пробала сеуште.
Шминка од очи и остатоци од некој упорен црвен кармин, со ова од Нивеа над мојот пост. Шминка од лице со тоникот од Биотен за нормална/комбинирана кожа. Може не му е тоа баш првичната намена, ама не ми се погодуваат мицеларните, а и онака веднаш потоа мијам лице со соодветено средство. Не ми ја иритира кожата ни најмалку, а доста е ефикасен, богами и економичен.
Da i jas sum prezadovolna,nezamenlivo mi e posebno od kako koristam poveke prirodna i organska kozmetika,iako i so najupornite maskari od maybelline sum nemala problem