Имате искуство со мицеларната од Биотен? Вчера во маркет ја заприметив ако се сеќавам 400мл, а цената ептен приступачна околу 170 ден.
Ја имам јас, и супер ми е. Многу лесно отстранува шминка и од лице и од очи, и водоотпорна маскара. Не пече на очите. И убаво мириса 400мл е, да. Земи ја сигурно нема да згрешиш
Го има ли некој употребувано овој лосион за одстранување на шминка од авон ( мислам дека малце поинаква беше амбалажата, но не можев да ја најдам сликата) Доколку користел некој како сте задоволни?
Јас го имав,солиден е, ја вади шминката убаво само ја суши кожата. После вадењето користев и гел за миење лице.
Го купив чудово од ДМ на слепо, нит сум го чула нит видела претоходно. Според составот ми се допадна, нема силикони(или барем ја не успеав да ги дочитам, преситна му е декларацијата) и многу убаво мириса. Плус 235 денари за 250 милилитри. Убава амбалажа, сакам вакви со пумпица похигиенски ми се. Поише преферирам гелови него тоници пред се зашто помалце стискам и поспоро ми се трошат, поише штедам. Во замена за Лореалот кој е скоро 200 денари поскап ова ми е топ, сега за сега.
Може да те замолам да постираш декларација? Никогаш го немам видено па сакам да видам што содржи. Фала. Поздрав.
Ни јас. Не можам да најдам на нет, дома коа ќе дојдам баш ќе ја сликнам и мене ме интересира некој што се разбира повеќе да каже. Вака има многу благ мирис и не пече што значи има многу малце алкохол. П.с има dimenthicone колку што глеам сеа поиубаво значи ништо од природна козметика :/
Ќе се самоцитирам нема dimenthicone јееее @Biodevojka Еве го составот, мислам дека убаво се чита. Пукај жено
Драга ти благодарам многу на составот, баш ме заинтересира. Нема силикони и формулата е блага, не иритира, иако не е природен, затоа што за жал има нафтени деривати: polysorbate 20 кој има 20 молекули на етилен оксид и GLYCERETH-18 ETHYLHEXANOATE како и акрилатот. Инаку има убави екстракти. Ако не си многу по природното и ако ти одговара користи ја, не можам да ти кажам не.Поздрав.
Фала на стручен одговор. Јас не сум толку стручна, знам хемиски само кои се силиконите у состав зашто гледам да ги избегнувам колку можам поише. До деривати не сум стигнала, до таму учев хемија Шала на страна да многу е блага формулата, не ме пече коа го чистам лицето и многу убаво мириса и хидратира сосема доволно за мрсно лице. Дава некој здрав сјај на лицето после чистење. Ќе го користам дефинитивно додека не го потрошам. Може за следно бирање прозивод да пазам и дали има деривати у состав, сега нешто плус знам
Доколку сакаш следен пат ќе избереме некое заедно. Инаку одличен почеток, јас секогаш охрабрувам најнапред да се избегнуваат силиконите. Ова нека ти биде преоден производ кој постепено ќе те води кон природно или органско (доколку секако сама сакаш). Како и да е ти стојам на располагање за консултација за идни купувања. Поздрав.
Сега видов дека имаш отворено тема каде дискутирате декларации и даваш совети, браво. Иначе да се трудам да користам барем колку можеш поприродно. Браво за напорот и едукацијата која ја правиш, секоја чест.