Исклучиво во аптеки може да го најдеш. Конкретно ова паковање од 500мл го имам купено по цена на тоа од 250мл, 890денари. А без попуст е околу 1300 ден. Секој денар вреди Сега и 5000ден да е ќе го купам пак
За отстранување на шминка сметам дека најдобро е да се користи масло за остранување шминка. Има многу различни опции за масла кои острануваат шминка и цените варираат но најефтиното и прилично добро масло е достапно во ДМ. Масла за остранување шминка се добри за луѓе со секаков тип на кожа дури и за оние со мрсна и комбинирана кожа, само треба да најдете некое со полесна формула кое не е толку богато во составот. Некои луѓе користат и кокосово масло бидејќи одлично остранува маскара, моливчиња, мат кармини па дури и пудра но не му годи кокосовото масло на сечија кожа. Јас имам комбинирана кожа и кокосовото масло ми предизвика акни на челото додека од друга страна одлично ми годеше на кожата кај образите бидејќи е сува. Јас преферирам откако ќе ја тргнам шминката со масло да го измијам лицето уште еднаш со гел за миење лице за да не остане талог од маслото и за да ја исчистам подлабински кожата.
1. Прво го чистам лицето со Young Derm влажни марамици. 2. Поминувам со мицеларна вода Garnier, за да го отстранам остатокот од шминка. 3. Хидратантна крема.
Последнава година имам испробано доста масла и мицерални.в за вадење на шминката, па ќе напишам 2-3 реченици дали ми се имаат допаднато или не. 1. Неколку пати ја имам купувано мицералната вода Sensibio на Bioderma , кај нас во Грција е доста евтина- од аптеките наоѓам 1+1 од 500мл гратис за околу 20 евра. Оваа м. вода ја користам најчесто за вадење на остатоци на шминка од лицето , но за вадење шминка од очите не е. Поготово ако носите јака шминка. 2. Имам користено два производа од The body shop chamomile од овие на сликата , двофазниот чистач за очи и усни и путерот за чистење шминка од цело лице. И двата производа ми се допаднаа , убаво ја вадат шминката, поготово путерот супер ја вади дури и водоотпорната шминка иако е масен производ - слободно може да ја користат и девојки со најмрсно лице двофазниот чистач е супер само што брзо се троши (производот е 100мл) Цените се 14 евра на путерот и 12 евра на двофазниот чистач. 3. Garnier micellar oil infused Ми се допадна многу оваа м.вода на почетокот , но приметив дека ми правеше иритација на очните капаци. Повеќе не би ја земала. 4. На Алверде ја имам пробано новата мицерална вода во розево шишенце и двофазниот отстранувач со гоџи бери, не ми се допаднаа воопшто бидејќи ме пржат очите премногу. Мицералната вода ја користам сега за отстранување на шминка за да ја потрошам 5. Aura take it off - последно го купив овој д.отстранувач, вчера прв пат го тестирав , прва забелешка не ме пржат очите што е добро , задоволително ја извади шминката
Вода и сапун Асодерм. Ако ме мрзи, помада или млеко за тело со памук. И не скокајте одма, и со тоа се проаѓа.
Јас во моментов ја користам оваа мицерална вода на Vichy и сум многу задоволна. Ја начекав на некоја акција 1+1 (двете беа од 400мл) за цена од 1000 денари. Одлично ја чисти шминката од лице и очи и воопшто не ми ги иритира очите што е доста важно. Дефинитивно би ја купила повторно. Претходно цело време ја користев мицерална вода на Биодерма од која исто така сум презадоволна.
Пред некој ден ја зедов. Колку што можам и не можам да проценам од 2-3 користења, сега за сега е добра.
Од ДМ ја купи? Ме интересира дали ја има и по аптекиве/дрогерииве за да не се згнам сега да ја купам бидејќи имам уште од мојава мицеларна вода. Ако си користела од Гариер, ќе може да направиш една мала споредба?
Порано Гарниер сега Балеа мицеларна вода. Ама после секое чистење го мијам лицето со Гарниер ексфолијатор со четка.
Ја немам користено онаа на Garnier ама според состојките се слични. Можеш да почекаш или пак да си ја земеш и сега, секако ќе стои.
Која мицеларна вода има добар состав? Од она што можев да го најдам ниту Гарниер, ниту Биодерма немаат добар состав. Ке ја тагирам @Biodevojka за помош. Едит, ја најдов оваа слика за Balea
Не знам за составот, ама ич не сум задоволна од оваа на Балеа, ем треба да се убијам од триење на очите и лицето за да ми извади нешто, ем не ја ни собира шминката него ми ја доразмачкува низ цело лице. Пола ајлајнер магично ми завршува на брада, иако користам различни памукчиња за очи и лице. Биодерма минимално е подобра ама не би ја земала пак.