Леле и јас го имам истиот проблем. Прво ми се размачкува насекаде, па после некако едвај се тргнува од лицето. Ми требаат 4 туферчиња да ја извадам шминката и плус после уште едно користам за тонер и тоа искача портокалово Мислам дека што и да користам на крај секогаш кога ќе поминам со тонер пак има шминка на памукот. Којзнае дали има нешто што навистина ефикасно ја вади целосно шминката од лицето или пак само на нас навидум ни изгледа извадена.
Мене ми треба нешто да ми ја извади шминката а да не е влажна марамица. Мислев дека мицеларна вода е решение, а вие велите не вади. После мицеларна вода јас секако го мијам лицето со гел (конкретно користам Hipp), ама кога имам пудра, маскара, кармин, не може директ со вода, ми треба нешто да ја собере шминката. Цената не е битна, ама ете ни Биодерма што е поскапа - не чини, а и составот не и е добар.
Досега мицеларната на Еуцерин највеќе ми се има погодено, ама на поклон ја добив па за цена не знам. За маскара (особено водоотпорна) двофазниот отстранувач на Нивеа.
Здраво драга имаш мицеларна вода на Алверде која е одлична (има две едната со јаболко е само за лице според мене не за очите, а другата мислам дека за цело лице беше), потоа на Оливал која исто така е одлична. Оваа не ми се допаѓа многу затоа што има пропилен гликол на висока позиција, само поради тоа, инаку не е лоша. Поздрав.
А да пробаш со масло некое? Арганово, кокосово, јојоба, зависи од типот на кожа. И после со гелот ќе ти се извади и маслото и шминката. Јас имам вадено неколку пати со кокосово, ама бидејќи имам проблематична кожа не ми се експериментира со масла, да не случајно ми се појават акни или црнки. Инаку бев многу задоволна од тоа како шминката се вадеше. Само земав една капка од маслото и го масирав низ лицето и шминката се „топеше“.
Jas koristam od oriflame otstranuvac na sminka I sum prezadovolna edno violetovo boja sisence samo nez Kako se vika posto retko se sminkam ne mi podnesuvaat ocite mnogu sminki
Ќе ги погледнам и двете на Алверде. Тоа на Оливал го има во ДМ, Космо, Зегин? Користам кокосово масло за пределот околу очите, имам проблематична кожа склона на акни, па не ми се ризикува. Вака некако оди: првин го чистам лицето од шминка, па го мијам со гел (Hipp), ставам масло на Хаушка на лицето (Dr.Hauschka - clarifying day oil) а очите ги чистам со кокосово масло, бидејќи секогаш останува маскара под очите. E мицеларна вода би била совршена за вадење на пудра, само уште да го најдам соодветниот производ. Ви благодарам за советите.
Еве ме пак, се одлучив за Оливал. Пакување од 500 мл е 349 денари во ДМ. Има специфичен мирис, ама мене ми се допаѓа. Го користев само еднаш и можам да кажам дека сум задоволна. Супер ја исчисти и пудрата и карминот и маскарата. Е сега, не очекував магија, ми требаа 6-7 парчиња памук (оние кругови) ама океј е. Јас не би можела тука да завршам со чистење на лицето, обавезно го мијам и со гел, па не знам дали ова е соодветен производ за "миење" на лицето.
Одлично правиш, лицето обавезно се мие без разлика што е мицеларна вода. Може да го миеш со она што ти одговара гел, пена крем производ и.т.н. Потоа обавезно тоник и на крај крем. Поздрав.
Мене многу ми се допаѓа мицеларната вода на Балеа во розево шишенце. Пакувањето е 200мл за околу 150 мкд, меѓутоа го имам од август и речиси е до пола, а секој ден чистам лице со оваа вода. Многу повеќе ми се допаѓа од оние мицеларни води од Балеа во поголем формат од 400мл - сите ми правеа иритација и ме печеа кога се обидував да извадам шминка од очите! Оваа најмногу ми се погоди и составот не ми изгледа лошо. Вака изгледа мицеларната вода, а слика од составот ќе ставам во спојлер, па @Biodevojka може да погледне и да даде коментар кога ќе има време. Спојлер: состав
Драга јас би имала коментар само за пропиленот гликол на висока позиција, останатото е добро избалансирано. Инаку формулата не е лоша воопшто, само штета за пропиленот, ама ако не ти пречи користи го секако. Поздрав.
Да, така и претпоставував да ти кажам, ама споредено со формулата на мицеларните води од Гарниер и оние два-три други типови од Балеа, токму оваа ми се виде како најдобар избор и затоа и ја купив. Инаку многу бев скептична да не ми ствара чувство на „пржење“ кај очите, ама немам зборови за да опишам колку добро вади дури и водоотпорна шминка од очите без да предизвика некаква нелагодност. Да ја потрошам па ќе разгледам некоја друга, овие работи бргу ми здосадуваат па сакам да ги менувам и да пробувам нови.
Девојки, кој гел/пена би препорачале за миење лице после мицеларната вода? За сува кожа. Убаво се чисти лицето и со мицеларната ама некако јас се осеќам како да не е доволно, па сакам и за после неа да си земам нешто .
Не знам дали во оваа тема или во некоја друга имам пишано, јас користам Hipp wasch gel. Прекрасен е, нежен за кожата, убаво чисти и има неутрален мирис. Оддобрен е и од @Biodevojka, па доколку ти значи, и составот му е добар. Цената му е околу 200 денари, моментално на акција во Веро е 160. Едно шишенце ми трае 2-3 месеци а можеби и повеќе, а го користам само за лице. Спојлер
Најубава мицеларна е на Corine de farme, со 90% природни состојки. Не е скала околу 250-300 ден. за 500 мл, ја има во Зегин, пробајте ја.
Мислење на мицеларната вода на нивеа? Дали добро чисти, ја вади шминката (особено ми е важно како ја вади шминката од очите), нешто во врска со составот?
Некој дали ги има користено мицералните води на Гарниер? И да ми кажи како се користат конкретно овие Спојлер