Убава е оваа мицеларна, убаво ја вади шминката и од очите и од усните и од лицето. Јас сум многу задоволна. А за како се користи, тураш од неа на памукче или на тупфер и го чистиш лицето @ЕДНА убавица Јас не сум задоволна, не ми ја вадеше убаво шминката. Колку и да се бришев, на памукот секогаш ми остануваше пудра, а за очите да не правиме муабет. Ми испопаднаа сите трепки дур се обидував да ја извадам маскарата . За составот не знам .
@Adi888 од оваа мицерачна вода на сликата што ја имаш ставено на Гарниер бев задоволна, ок ја вадеше шминката. Пред неколку месеци го купив ова двофазно средство ама ми направи проблем на очните капаци до тој степен да почне да ме пече , да се вцрвенува и пола и помалку го фрлив во канта.
Многу е подобра од многу други на пазаров тука си во право. Ако не те пече занчи дека пропиленот е во мала количина иако е на трета позиција, во спротивно верувај ми ќе имаше ефект. Поздрав. Дефинитивно на Балеа онаа розевата пена, нема подобра според мене а и цената е смешна некаде околу 120 или 130 мкд. Пробај ја. Инаку само со мицеларна никогаш не го чистете лицето. Колку и да чисти во својата структура има и мал дел на сурфактанти што значи дека дел од нечистотијата се лепи на кожата и мора да се измие со некое средство (гел, пена, кремаст производ и.т.н.). Одлично правиш продолжи да го миеш лицето така. Поздрав. Постирај ми состав во темата за декларации па ќе ти кажам што мислем. Поздрав.
Јас сакав да ја земам и баш прашував по групите ама не била за мрсна кожа. Во тинекс ја забележав зелената pure active и на неа пишуваше дека е за комбинирана кожа. Дали ја имаш користено или некој ако ја има да ми каже мислење?
Да се надоврзам само - јас ја користев таа со зелено капаче и не ја препорачувам. Најлоша е од сите мицеларни води на Гарниер, мене сепак двофазната ми е најомилена и секако онаа стандардната со розево капаче. Не е pure active, меѓутоа пишува дека е за комбинирана кожа, па може ќе и' послужи ова на некоја. Воопшто не ми се допаѓа како ги чисти очите - не само што ја замачкува маскарата, туку и останува на трепките дури и по темелно миење на очите. И многу, ама многу печат очите. „Интересно“ е тоа што додека ги чистиш очите е ок (иако раце ми отпаѓаа од киснење и чистење шминка од очи), не чисти темелно и секако има остатоци од маскарата, ама откако целосно ќе извадев шминка, очите почнуваа да ми солзат премногу и ја чувствував мицеларната вода. Едноставно знам дека е од тоа, затоа што средствата за нега на лице ги немам сменето многу одамна. Убедливо најлоша мицеларна ми беше оваа, не ви ја препорачувам.
@Mishela по ова што кажуваш значи е по катастрофа и од двофазното средство тогаш да знам да не ја пробам воопшто
@koritsaki Воопшто не ми се допадна мене, а толку бев радосна дека конечно ја начекав, па и на попуст. Од двофазната сум многу задоволна, не знам дали е до мене или не, ама оваа е премија за разлика од зелената. Мојата изгледаше вака. Pure active ја немам пробано и нема ни да ја купам во блиска иднина. Оваа малата од Балеа ми е прекрасна.
Многу ме пишманивте за двофазното и пола сат се вртев во Дм, дали таа зелената или на Балеа сепак земав на Byphase тоник за чистење лице. Не издржа пусто срце го пробав дома вадејќи шминка и се покажа добро, ја вади шминката и не ме печеа очите плус убаво мириса. Е сега во зегин има двофазен make up eye remover за 70 денари ама мислам не треба тоникот се погоди. За понатака ќе видам како ќе се покаже.
Пробав неколку пати да ја исчистам шминкава со кокосово ама за недела дена ми се направи партал лицето. Ми искачаат онакви поткожни што не се стискаат на образите... Иначе имам мрсна кожа и сите ми го препорачуваа.. Нека не ве лаже ѓаволот ко мене Купив денес некое млеко за чистење на балеа со кајсија па ќе видиме како ќе биде.
Уфф Кокосовото е многу комедогено масло, ги затвора порите, затоа ти се случило така. Многу лош избор за лице, не одговара на секој. Доколку сакате да чистите лице со масло еве некои кои не се комедогени.
Ова е за сува и осетлива кожа ама јас си го користам, мојата е комбинирана.Со ова ја вадам шминката и после се измивам со млака вода. Преубаво е.
Следејќи ја корејската рутина ,го применувам двојното чистење на лице со овие два продукти ,прво со маслениот чистач па потоа со гелот.
Дали го има некоја пробано средството за вадење шминка на Lush, 9 to 5? Искуства? Се мислам да го пробам, иако не се шминкам којзнае колку, сепак сакам средство што вади се' со еден нежен потег со туферче, без да морам да ги тријам очите (поради маскарата што најчесто ја користам, тешко се вади).
И мене ме интересира за ова средство , за околу 2 недели кога ќе дојдам во Мк ќе го земам да го пробам па ако не пише некој ќе ти кажам мислење
Девојки ме интересира за маскарата конкретно, дали прво ја отстранувате со вода за да се измие од трепките а потоа го чистите лицето со отстранувач на шминка (влажни марамици, гел, пена..) или веднаш со отстранувачот ги чистите и трепките и лицето? Прашувам бидејќи имам чувство како да не правам правилно бидејќи ми паѓаа по некоја трепка на секое чистење Исто така ако може да ми препорачате нешто за чистење на сува кожа. Моментално користам влажни марамици но некако не ми се сигурни.
Nivea двофазен отстранувач за шминка и за трепки и за лице е соон околу 169 ден. е малото шишенце..мислам дека е нормално ако малку посилно триеш дека ке падни по некоја трепка ама со ова само на туферче ке ставиш и се излегува
Мене ниту едно средство, влажна марамица, гел/пена, сапун, мицеларна вода не ми ја вади маскарата целосно. Прво чистам цело лице со мицеларна вода, па се мијам со гелот на Hipp и на крај очите ги чистам со кокосово масло.
Мене гелот на Хипп све ми вади,пудра,моливче,туш,маскара,без проблем(само водоотпорна не сум пробала )немам потреба за ништо дополнително што посебно ми се допаѓа.Фала многу за препораката☺