за отстранување на шминката на очите користам еден гел од авон, а за шминката на лицето т.е. пудрата влажни шамивчиња
Повеќето со влажни марамчиња ја вадите шминката? хмммм мене па не ми се свиѓа тоа, не ги сакам влажните марамчиња. Поубаво ми е млекото за вадење на шминка. Со тоа секогаш вадам. Ем ми дава одлична влажност на лицето. Ова на Гарниер го користам долго време и ептен ми се свиѓа
Јас се чистам со влажни марамчиња. најмногу ми се допаѓаат Fresh and Fresh. А кога не ме мрзе се мијам со млеко и потоа тоник ист како овој само што кај мене пишува само Essentials
L'Oreal Triple Active Cleansing Milk Renourishing. Супер ја отстранува шминката и ја хидратизира и смирува кожата
како што се дурго е изгор ова е евтино и ефикасно доволно ми е само околу очи, лицето со пилинг го чистам.
Јас шминката ја вадам со влажните марамици на бекутан, па со гел за миење од чајно дрво на Oriflame, и баш ми одговара. Може ли некој да ми каже нешто повеќе за магичната ракавица од Божен, каде можам да ја набавам и цената. Фала однапред
шминката ја отстранувам со бекутан влажни марамчиња. ептен ми се практични и ми го потхрануваат лицето. потоа го мијам лицето само со вода (поради сувото лице не користам никакви сапуни), и на крај го мачкам лицето со крем (ама ако е ептен пред спиење, не го мачкам со крем, го оставам да ми дише, да не ги затнувам порите).
Јас ја купив од Белград од нивната продавница и баш се чудев како може толку лесно да ја отстранува шминката. А за цената и не се секавам баш, околу 400-500 денари!? А во Скопје мислам дека во ТЦЦ Плаза има Божен продавница.
Уф која процедура, ја мразам кога сум уморна ама тоа е Прво очите со Nivea visage eye make up removal...потоа лицето со Nivea visage млекото па тоникот. И на крај го мијам лицето со L'Oréal гелот за чистење лице и толку.
Јас просто и едноставно, само се бришам со влажни марамици Бекутан и потоа се мијам со ладна вода. Толку. Порано користев разни отстранувачи, лосиони и 300 чуда и од се ми се појавуваа мозолчиња. Откако не користам ништо такво, лицево стакло ми е
Денеска го купив лосионот за отстранување шминка на гарниер па да видиме... Од сапунот многу почна да ми се суши лицето, па дури ни крема не ми помагаше после тоа луѓе не се зезајте со сапунот!
За бришење на шминката на очите користам Докторс млеко! Кога имам време со маслиново масло! За пудрата пак користам сега за сега сапун, и тоа имав купено сулфурен од докторс, па ајде си реков да не оди фира, па се мијам со него! И толку, лосиони и тоници не користам! На крај си ставам невеново масло, наместо крема!