Јас со тоникот на Byphasse зелениот вадам се. Со алое вера и не ме печат очите после се измивам со млака вода. Го имам и на Сефора двофазното плавото и тоа ми вади се и маскарата околу 3 евра беше мало паковање. Потоа со млекото на Byphasse белото поминувам и си ставам крема за лице.
Баш таа ја користам и задоволна сум. Ја вади маскарата, т.е. вади најголем дел. Кога ќе се измијам со вода и гелот од Hipp, повторно имам црно под очите. Значи не линии од маскара, туку како размачкано и за целосно да исчистам поминувам со кокосово масло.
Многу слушам за мицеларната вода јас почнав да ја користам од авон ми е купена ама некако многу е јака како алкохол да содржи многу, ме пече лицето од неа а шминката се чисти супер само ме мачи тоа да не ми штети да не е јака многу...
За остранувачот на шминка од Byphasse некој да сподели искуство. Продавачката во Зегин беше љубезна и ми рече дека не е нешто wow и дека очите печат од него, а сепак смешна цена има 70 ден.
Мене ми се баш фини за користење. Ги имам пробано и убаво ми ја отстрануваат шминката. Не ми го сушат лицето, и не ме пече лицето од нив што е најбитно (додека од Бекутанот ме печеше). Е сега за составот не би знаела да кажам дали има нешто што не е ок.
И јас го делам нејзиното мислење. Морав за очите да користам друго за да ја извадам шминката. Ја би ти ја препорачала мицеларната вода на Лореал, ја користев едно време и бев задоволна. Иако најдобра е Биодерма, розевата за чувствителна кожа ама е значително поскапа.
Си имам јас тоник за вадење од Byphasse. Си вади се само маскарата не баш и затоа мислев за остранувачот. Среќа не го зедов.
Гел за миење лице, мицеларна, пена и.т.н не ја вадат 100% шминката. Влажните марамици само околу очи некогаш. Јас користам гел, па потоа минијатурно пешкирче го перам со сапун го плакнам убаво, го цедам и го поминувам уште еднаш цело лице за да немам траги од пудра. Замена за пилинг ми е. Го оставам лицето само да се исуши.
Шо да користам бе? Земам тоа водата се шлакам едно друго се шо треба во веце и оп фацата стакло ми е...не преферирам хемикалии да си бапкам или не знам таму шо се користи. П.С. јас многу ретко се шминкам така да не берам многу гајле
Garnier мицерална вода зелена ,претходно со марамици за отстранување шминка. Има некој искуство со зелената и розовата мицерална вода на гарнер и која е разликата?
Мене мицеларната на Гарниер со зелено капаче не ми се допаѓа, многу ме печат очите од неа и ужасно ми солзат по чистењето дури и кога ќе ја одмијам со гел за лице. Таа со розово капаче ми е одлична, ни сама не знам колку шишиња потрошив.
Бекутан влажни марамици, па dove сапунче. Се мислам и јас да земам мицерална вода, но кожата ми е многу осетлива. Да ми препорачате некој добра?