Dali e mozno od miceralna voda od nieva da mi izgleduvaat kako lisa na liceto odnosno suvi delovi imam mali kako sara
Samo so voda sega zemav edno od alverde kako maslo e no koga go stavis na lice peni toa zedov bez alkohol e
Која м.вода од нивеа ќе ми ја препорачате за остранување на водоотпорна шминка ? Ми се смачи на секое да топам кокосово масло за останување на маскара и туш. И како иде процедурата прво м.вода па гел за лице па тоник и крем или.
Ако сакаш добра м.вода би ти ја препорачала оваа на Olival , 500 мл околу 370 денари (во Зегин може да се најде на попуст понекогаш) Природна е , не ми ја суши кожата. Јас м.вода ја користам одкако ќе ја извадам шминката од очите и лицето , пребришувам со м.вода за секој случај да нема нешто останато од шминка. Прво ја вадам шминката од лицето со масло или двофазно средство , па пребришувам со м.вода , па го мијам со гел за лице , и ставам тоник на лицето. На крај ставам крема на лицето
Тоа сакав да кажам погоре , м.вода , која и да е , не ја препорачувам за вадење шминка поготово водоотпорна. Мене на пример , ниедна м.вода не ми ја вади шминката добро , на крај мора да остане маскара на очите. Сега гледам да го потрошам ова масло на Боди шоп , убаво ја вади шминката и позитивно е тоа што не трошиш памук , туку триеш само со рацете и потоа лесно се измива со вода и гел. Не го масти лицето. Двофазно средство што сум го користела и најубаво ми било е ова на Клиник , но 100мл е само и овде кај нас околу 17 евра со попуст. Не го земам често поради цената. Деновиве сакам да го купам ова на Apivita , ем природно е и не е мн скапо (околу 7 евра) Кое сакаш може да пробаш , ќе ти заврши работа , само НЕ ги земај м.води и двофазните средства на Алверде , печат ненормално на очи изгледа поради алкохолот внатре
Закон е за водоотпорна шминка од очите. Иcто е добра и оваа од Гарниер А за процедура... Од очите отстранувам шминка со двофазен отстранувач, а од остатокот од лицето со мицеларната со розево капаче од Гарниер. Потоа го плакнам лицето со вода па со тоник поминувам па ставам крема.
@koritsaki фала, маслото на Боди шоп обавезно ќе го земам кога ќе имам прилика. Нивеа во последно многу пријатно ме изненади па @LollySky фала на препораката ќе го земам производот на нивеа деновиве. Јас со млеко за останување до сега ја останував шминката па после со гел се миев. Тоник немам користено до сега па затоа прашував како е процедурата Се скоро ми е до крај потрошено па сега морам да се опремам.
Јас прво поминувам со влажно марамче и шминката од очи само со марамче ја ваѓам. А само еден лосион целосно ми го чисти лицето и од шминка и од се. Од авон мислам clearskin се викаше
@Biodevojka можеш ли да ми препорачаш двофазно средство за вадење на шминка? Цената не е важна досега ја користев м.вода на Оливал ама не ја вади убаво шминката од очите , го користев и ова средство со овој состав , но исто така некако тешко вади шминка поготово маскара , на Алверде сите двофазни средства ги имам испробано ама ме печеа очите од нив.
Претходно ја користев мицеларната вода на нивеа во комбинација со млеко за чистење на лице, но откако го купив маслово на Балеа само него го користам..темелно ја вади шминката од лице и очи, на крај го поминувам лицето со тоник и лицето е чисто