Иако тоа не му е правата намена, го пробав за одстранување на шминка и пријатно се изненадив. Наменето е за миење на кожата и косата кај бебињата но одлично одстранува шминка. Ништо не остана од неа, кожата после миење е мека и нежна, не ја суши и воопшто не пече на очи. Плус има супер цена, 200 ден. е 400 мл. што би траело многу долго, дури сега има и некоја акција во Рамстор и поени враќаат. Ако не покаже во иднина некоја несакана појава нема шанси да го сменам.
Многу скапо излегува оваа мицеларна на Fleurance. И пакувањето ми изгледа непрактично, како шише се отвара? Ако е така, на секое ставање ке мора да го допрам и памукот, што и не е баш хигиенски. Fleurance - 200 ml се 450 денари, а мицеларната на Оlival - 500 ml е 350 денари.
Искрено и не е нешто посебна таа мицеларна вода. Од мицеларни на Нивеа сум презадоволна а користам и марамици за вадење шминка.
Не знам за која мицеларна зборуваш? Мене Оlival ми е прекрасна. Најбитно е што не ме печат очите кога ја вадам шминката, одлично ја вади целата шминка (пудра, маскара, сенки, туш, кармин) и составот е супер. Има и поевтини опции, ама јас сум задоволна од оваа, па не планирам да ја сменам.
Има поделени мислења на форумов за мицеларните води на Balea, но мене искрено оваа многу ми се допаѓа. Одлично ја вади шминката, не ја суши кожата, и чувството потоа на лицето е многу пријатно. Оваа конкретно е за осетлива кожа. А и да, за таа цена и грамажа,одлична е.
Јас од се имам печење и солзење на очите. Од мицералната на балеа погоре не сум воодушевена. Последно млеко земав од балеа ама иста песна. Да кажете што да купам...?
Можеш да ги пробаш овие тупфери. Има 50 мислам во едно кутивче, и се околу 70 денари ако не се лажам. Наменети се баш за очи, убаво ја отстрануваат шминката, и мене не ме печеле очите од нив никогаш. Плус и цело лице знам да си го поминам со нив, нема никаков проблем, секако после морам да го измијам со гел/пена бидејќи се маслени. Единствено нешто што не ми се допаѓа е мирисот. Мирисаат буквално на масло. Но тоа и не е толку страшно бидејќи секако се измива после тоа и ја остава кожата мека, а мирисот се губи. Можеш да ги пробаш.
Мицеларната што ја постирав погоре - Оlival. Не ме печат очите од оваа мицеларна вода, а и органска е. Потоа го мијам лицето со гел на Hipp.
Кокосово масло Земам тупфер, го намокрувам со малку вода, ставам кокосово масло и чистам. Сѐ ми вади, а нема ни пецкање, ни црвенило, ни ништо. Сум користела секакви млека, мицеларни води, за осетлива кожа, природни, и на крај пак исто, алергиска реакција со црвенила, пецкање и чешање. Мене само кокосовото масло ми е спас за мојата екстра осетлива кожа Инаку го користам тоа на био космос, органско, нерафинирано и ладно цедено.
Предобро средство, многу е нежно, а наменето е и за оние кои носат леќи (како мене), и никогаш не сум имала црвенило после користење.
Ова на биокосмос мириса убаво. Баш на кокос, ако го сакаш мирисот на кокос се разбира Инаку да, други кокосови масла што сум мириснала, баш лошо мирисаат.
Прекрасна е оваа на Оливал. Штета што не можам да ја најдам овде во Гр , ама кога одам за Мк секогаш таа ја купувам.