Мене и од кокосовото ладно цедено масло ме печат. За очите употребувам Ѕattwa влажни марамици за отстранување шминка. Пробај, евтини се, ги има во аптеките.
Дојдов да кажам дека супер предлог ми дадовте. Воопшто не ме печеа очите, фино чистат е сега не се многу економични но ок пошто јас употребив неколку за да се исчистам. Ќе пробам и другите предлози.
Јас си правам вакво од обични памукчиња прелиени во арганово масло. За 80 денари си купувам 140 памукчиња од Кам и имам за два месеци минимум. Како се трошат така надополнувам и налевам масло. Може и со ладно цедено маслиново, ако аргановото ви изгледа скапо или не сакате да го трошите за ова, подеднакво ефикасно вади шминка и не го суши/иритира делот под очите.
И двете се убави, но кога би морала да бирам би ја одбрала Оливал. Корин де Фарм мене воопшто не ми ја вадеше маскарата како што сакам. Остануваше филм на трепките иако ептен посветував внимание да ги исчистам што подобро, но не ја вадеше убаво маскарата. Водоотпорна маскара воопшто не ни пробував да вадам со неа, верувам дека немаше да ми се допадне па користев двофазно средство. За лице е супер, ама мене од овие две повеќе ми се допаѓа Оливал. Со неа немам проблем дури и кога се обидувам да отстранам водоотпорна маскара, па затоа и' давам предност.
Не сум купила high end отстранувачи, немам ни намера. Единствено што не ме пече, а сум презадоволна, како од "моќта" на отстранување, така и од чувството на кожата по чистењето - се мицеларната вода и тониците на Биотен. Не знам дали има повеќе видови на мицеларна, таа со розево капаче ја користам, а тониците и розевото (за сува) и зеленото (за нормална/комбинирана кожа) ми одговараат, затоа што мојава кожа е сувкаста со мрсни делови Има и млека за отстранување на шминка од истава линија, ги немам пробано, општо не сум љубител на млека
Мицеларната вода на Гарниер со розево капаче - незаменлива! Иако чисти се, се осеќам некако шубе и секогаш после мицеларната го мијам лицето со гел на Нивеа. На крај ставам ноќна хидратантна крема на Нивеа ако е вечер или хидратантната крема на Fleurance . Пред Гарниер имав една мицеларна вода на BYPHASSE од Веро. Ме привлече затоа што пишуваше дека е за осетлива кожа и ми се допаѓа како ја чистеше шминката, но имам проблем со неа. Ми се прават акни дури и на места кај што никогаш сум немала. Прво мислев дека е од гелот на Нивеа, ама од ко ми се потроши мицеларната сфатив дека всушност биле од неа. Сакам да ја пробам и таа Corine de Farme од Зегин, цената звучи примамливо .
Само да ти кажам голема грешка правиш што го бришеш лицето со влажни марамици. Не за џабе постојат масла/балзами , м.вода , за вадење шминка.. и тоа за секој тип кожа. Читам имаш мрсна кожа, најдобро е да користиш нешто соодветно за твојот тип кожа, со тоа ќе ти се регулира и себумот