Последно време со влажните марамчиња на Sattwa за шминка бришење, некако супер ми се што можам низ ташна да си ги носам
Со што ја отстранувате водоотпорната маскара? Имам водоотпорна маскара на Катрис, предобра е, али едвај се вади.
Пробај со масло или некој помрсен крем (на пример Нивеа оригиналот). Кога имам остатоци од шминка на очите само вака можам да ги избришам.
Влажни марамчиња, потоа го мијам лицето со Дав сапун и на крај ставам крема. На овој начин го осеќам убаво исчистено.
Денес бев на дерматолог и ми препорачаа навечер лицето да го чистам само со мицеларна вода, бидејќи ми е суво и склоно на иритации. Дали може да ми препорачате природна мицеларна вода со добар состав која убаво отстранува шминка?
@Noemi Кој маслен отстранувач го користиш? Сакам да купам, ама кај нас немам приметено дека има, така да би порачала некој по препорака од интернет.
Препорачајте ми некоја убава мицеларна вода која може да се најде во маркет (Тинекс, Рамстор..) бидејќи не сум од Скопје. @Mishela кажи ми нешто повеќе за мицеларната вода Corine de Farme. Видов дека ја имаш користено а ја има во Зегин. Каква кожа имаш? Пишува дека е за сува кожа а јас имам мрсна па се мислам како би ми одговарала.
Маслен отстранувач има во Мк- во вид на масло на MAC и во вид на балзам на Lush и Clinique јас ги имам пробано тие на Lush и Clinique , од тоа на Lush останав презадоволна многу добро вади шминка и по тоа лицето е толку меко што дури нема потреба од дополнително нанесување на крема
Најубави мицеларни води ми се покажале розевата на Гарние и сината на Лореал. Таа на Гарние е за чувствителна кожа, а на Лореал за нормална-комбинирана. Сметам дека горе-доле не е битно за каква кожа е наменета бидејќи секако после мицеларната вода ќе го измиеш лицето со гел или сапун. Овие што ги набројав ептен убаво ми ја ваделе шминката и не ми предизвикувале печење на очите. Постојано ротирам околу нив две. За розевата на Гарние може да се согласат доста форумџики дека е убава, па мислам дека и на тебе ќе ти се допадне. Во спојлер ќе ставам како изгледаат: Спојлер
Да , може навистина мало изгледа ама потребно е ептен мала количина за цело лице. Јас го тријам со дланките почнува да се растопува станува ко масло и го нанесуваш на очи и лице и триеш се додека се извади шминката. Потоа земаш пешкир намокрен со топла вода и исцеден ја бришеш шминката од лице и тоа е тоа. Јас истото го правам со тие кружните памукчиња што се за вадење шминка- им ставам малку вода ги стискам и бришам лицето.