Имам мрсна кожа и воопшто не сум задоволна од Корин де Фарм. Не ја чисти убаво шминката, поточно, за чистење очи е нула. За лице проаѓа некако, за очи катастрофа. Не ја вади маскарата и остава масен филм кој потоа тешко се вади. Ја потрошив за лице и тоа одвај. Не вреди сппред мене, џабе што е евтина. Подобро земи ја обичната Гарние, таа со розово капаче. Нека е 70-80 денари поскапа од оваа, ама барем лицето го остава стакло.
Ја гледав оваа бидејќи била 97% природна. Гарниер добра е и таа според составот така? Оливал ја барав ама кај мене ја нема.
И двете не се природни. На Корин де Фарм џабе што пишува дека е природна, воопшто не е, составот е речиси ист како на сите стандардни мицеларни води. За Гарние не знам, но далеку е од природна и таа. Ако сакаш природна, земи ја Fleurance. Ја има во Зегин.
Пробај го овој, од оние достапните за нас е одличен, побарај им тестер од Лаш ако те носи патот накај Сити Мол. Доколку кокосовото масло не ти делува комедогено, исто е одличен избор. Со раце го нанесувам на лице, ја топи шминката, пребришувам со памукче и продолжувам со чистач. Ништо друго не топи шминка ои не вади нечистотија како маслен отстранувач.
Ја користам мицеларната вода на Нивеа, добра е, но многу повеќе сум задоволна од мицеларната на Гарниер.
@Noemi @koritsaki Девојки фала ви на помошта и предлозите. Имам дома кокосово ке пробам првин со него, во меѓувреме ке земам тестер на тој од лаш.Мада немам несакани ефекти од кокосовото така да, сигурно ке ми заврши работа и како отстранувач.
Најпрво млеко за чистење на лице, тоник и за крај крем Колку што знам јас, тоникот го ставаш после чистењето на лицето со некое средство (млеко, гел) со цел целосно да се прочисти без да има остатоци од нечистотии или од претходното средство, а лосионот ти е нешто како кремите за да ти го хидрира лицето.
Јас за отстранување на шминка користам мицеларна вода на Гарниер и задоволна сум имам користено и други но оваа најмногу ми се допаѓа.
Долго време ја користам плавата пена од Балеа, но сега никаде не можам да ја најдам. Да не сте ја виделе во некое ДМ? Или предлог за нејзина замена? Фала
М.вода , балзам за вадење шминка , двофазно средство за вадење шминка... прочитај низ темиве има доста пишувано
Предложете некое средство што убаво вади маскара,сите трепки ми испопаѓаа од чудото на Балеа Нивеа двофазниот го користев порано ок е, но нешто подобро барам .. Можеби некое на Byphasse?
Byphasse немам користено ништо друго освен обичен тоник за лице и ми беш океј, но шишето беше огромно и не ми се допадна пакувањето. Цените и општо производите им се солидни. Двофазно средство кое ми се допаѓа е она на Гарние, а исто ми се допадна и оној маслениот раствор Балеа, тој со жолто-виолетово на шишето, во спреј е. Чини околу 200 денари и супер е за отстранување шминка - како од целото лице, така и од очи.
BYPHASSE не би ти препорачала зашто ќе ги изгубиш и тие трепки што ти останале. Многу убаво чисти шминка и од очи и од лице, цената е и повеќе од добра за количината на производ што ја добиваш ама ми направи еден куп акни и ми испопаѓаа сите трепки .
@mssuniquee двофазното средство на Оливал, презадоволна сум. Претходно го користев двофазното на Нивеа, ама ова ми е подобро и со поприроден состав, што е огромен плус. Во ДМ го има
Пробај го двофазното средство на Оливал или балзамот Ultrabland на Lush и двете се на природна база лесно вадат шминка и нема да те печат очите.