Да Кала, ги имам користено и двете. Само кажи која мицеларна од Гарние поточно? Од Гарние најзадоволна сум од таа стандардната со розево капаче (навистина не знам кое шише по ред го купувам веќе, многу ми е погодена), а од Биотен мислам има само една и таа е со розево капаче. Убава е и Биотен, немав замерки (само составот мислам дека и кај двете мицеларни води е малку хемиски), па мој предлог е да ја земеш онаа која повеќе ти се исплати. Да се прашувам јас, би ја одбрала Гарние без размислување. Ако сакаш некоја со по така ок состав, тогаш земи ја Балеа со розово капаче. Мало шише е од 150-200 мл некаде, околу 200 денари е. И неа ја користев многу пред сè поради компактноста на шишето, ми го собираше во секој шкаф и не е толку гломазно како тие XXL пакувањата.
Гарниер (двете) е на попуст во Дм 180,а исто толку е и Биотен (само една е да розева за сува и чувствителна кожа),затоа се мислев која.Преминав пак на Дав сапун за вадење шминка (затоа и составот не ми е многу битен),ама само сапунот не ми ја вади целосно пудрата затоа сакам плус уште нешто.Фала ти во секој случај
Девојки јас ја земав на Лореал, сакав да ве прашам денес прв пат ја користам и некако чудно го чуствувам лицето како стегнато после користење. Прашањето ми е дали може после неа да си ставам одма крема која ја користам секој ден за лице?
Види го составот ,да не содржи хемикалии кои ја сушат кожата Јас се мислам уште која да ја земам,видов дека Лореал е на попуст во Дм.
Оо не се разбирам, ај покасно ќе пуштам слика да види некој што се разбира. И јас таа на попуст вчера ја земав.
@koritsaki го купив од лаш. Некако многу ми отиде за едно вање шминка, ваш ми личи дека брзо би го потрошила. Кажи ми како го користиш ти?
Iskustva so micelarnata voda na loreal ja zemav taa so rozevo kapace za suva i cuvstvitelna koza denes na popust vo dm 195 den e
Јас да ти кажам 2.5 месеца со сигурност го коростев ставам по малку го топам со рацете да стане масло и ги тријам очите и лицето. Потоа со памукчиња навлажнети поминувам насекаде каде што сум нанела од производот неколку пати и тоа е
Дали Оливал има само во ДМ? Конкретно прашувам за мицеларната вода. И дали некој ја користел мицеларната вода на Гарние за кожа склона кон несовршености? Мислам дека е нова.
Да,Оливал само во ДМ. Во Џамбо немаше, од ГТЦ ја земав 349 Ја друго да прашам Видов во ДМ исто на Оливал мицеларна пена за миење лице,па да каже некој ако ја користел.Цената е исто околу 300 ама 150 мл Хит станаа ова мицеливе
Ви благодарам на одговорите девојки, ќе проверам во Зегин. Инаку чепкајќи низ форумов најдов дека Оливал порано се продавале во Рамстор, во продавничка на Тесори ди Маре, а таа продавничка денес се наоѓа во близина на Архитектонски, зад Силбо. Се продаваат и онлајн тука каде ги има сите производи и се нешто поевтини, но се плаќа достава под 1500 денари.