@koritsaki низ темиве имам прочитано дека ги имаш користено мицеларните на биодерма и оливал. Јас ја користам сега биодермата но може ли да ми направиш споредба, добра ли е и оливал, да знам дали да си ја земам нареден пат таа сепак разликата во цени не е мала.
Да , супер е и Оливал , нема некоја разлика помеѓу нив во тоа како чистат шминка , само има разлика во цената.Читам многу е скапа Биодерма во Македонија , јас во Грција ја купувам 1+1 од 500мл значи 1 литро за 20 евра. Мислам цената е ок , а Оливал е околу 375 денари. Исто многу сум задоволна и од Оливал двофазното средство за вадење шминка од очите. Одлично вади и водоотпорна маскара
Јас оваа ја користам веќе 2 години и сум задоволна. По препорака од дерматолог ми е, ми препорачуваше и од Биодерма но кога пробав некако мн ми се сушеше лицето, а за другите производи од биодерма сум презадоволна од креми и такви работи.
Јас имам мрсна кожа и го користам моментално балзамот на Lush Ultrabland и сум презадоволна. Дури мислам дека доста ми помогна во регулирање на себумот
495 денари го земав од Lush штандот во Сити мол , моето е 45 грама а има и поголемо пакување. https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/206_159/id/326/----Ultrabland
Ова ми се покажало како најефикасно нешто за вадење на шминка која е водоотпорна. Најобично Џонсон бебешко уље. На памук доволна е една капка за да извади се и да не остане траг од шминката. После употребата, нормално, се мие лицето, се става хидратантен крем (или ноќен, ако веќе употребувате) и толку. Го користам со години, до сега сум немала негативен ефект.
А каков тип на кожа имаш? Прашувам дека многу ми е мрсна кожата а дека е уље да не ми се мрси уште повеќе ?
Девојки препорачајте отстранувач за шминка, имам чуствително лице, комбинирана кон сува кожа и во последно време исфрлана со акни и имам затнати пори, и затоа сакам нешто на природна база, без многу хемикалии. И каков крем да ставам после отстранување на шминка со мицерална вода или некое друго средство доколку ми препорачате?
Сува кожа имам. Ама после чистењето со уљево го мијам лицето со сапун за лице за да го отстранам одтатокот од уљето и ставам хидратантен крем. Можеби уље не е за масна кожа.
Lush Ultrabland - ако сакаш нешто во вид на балзам , одличен е за сите типови на кожа - јас имам мрсна и многу ми помогна дури и со лачењето себум на лицето. Од мицерална вода сум презадоволна од таа на Bioderma , не е природна, ама мене ми се допаѓа , убаво ми ја чисти кожата.
Каде го има која цена е? Ова се става после отстранување на шминката така? Но мене кожата ми е повеќе сува.
Со ова се отстранува шминката. Земаш од балзамот и го топиш со дланките , се нанесува на очите и лицето со триење и со памукче наводенато или наводенета крпа добро исцедена се пребришува целото лице и очите. Убаво ја вади шминката , ако не ти е јасно види на јутјуб има видео. А со Биодермата побрзо ја вадам шминката но само на лицето (не ми ја вади многу добро маскарата)
Прво мицеларна вода Оливал,после бебешкиот гел за миење на Хипп ,крема некоја на Алверде со камелица или нешто слично.Не знам до која цена бараш,мене засега ова ми е најдобра и најефтина варијанта.
Сакам да пробам една од овие мицеларни води па ме интересира дали кога ја вадите шминката очите ве печат ? Затоа што со други мицеларни сум имала такво искуство ....