Јас оваа ја користам , мицеларна вода и задоволна сум . Вади и водоотпорна шминка и не ми ја суши кожата.
Во моментов ја користам мицеларната вода на La Roche Posay за осетлива кожа и можам да ја пофалам, многу е добра. Ја користев и таа на Bioderma розовата ама оваа повеќе ми се допаѓа. Јас имам доста осетлива кожа и досега сите што сум ги пробала ми предизвикувале иритација особено околу очите, ама со оваа воопшто немам мака.
До скоро ја користев мицеларната вода на Fleurance, по препораките на форумов ја зедов на Оливал. Одлична е, ми се погоди.
Оливал е одлична навистина, не само мицеларната за лице, туку и двофазното средство за вадење шминка од очи. Исто да ја пофалам и пената за миење лице со масло од смиљ, одлична! Прекрасни производи
И јас сум презадоволна од мицеларната,ја видов пената во Дм ама чекав да се јави некој корисник Моментално по мицеларна се мијам со гелот на Хип,би ја пробала Оливал,ако не ти е проблем да го сликнеш составот да се консултирам со Биодевојкаиако мислам би требало да е добар Добра ли е за вадење шминка ?
@kala21 бебе спие, не можам да ја земам од вц да сликам. Најдов на нет рецензија, па го сликнав составот. Инаку прво вадам шминка со мицеларната, па потоа со пената се мијам, и убаво ги отстранува остатоците. Не е пенаста многу, но сепак одлично си ја врши работата
Да потврдам и јас , одлична е. Поготово за вадење шминка од очите двофазното средство сите производи на Оливал се на природна база
Да,тоа ме интресираше дали е доволно со миц вода па со пената,зашто не сакам да гледам остатоци од пудра на пешкирФала женски @koritsaki @Sexybaby86
@MysteriousQueen во ДМ ја има, цената ич не ја памтам зошто купував многу работи, но секако не беше скапа. Можеби околу 200, до 300 максимум, ама стварно не ме фаќај за збор Ако знае некоја членка точна цена, нека пише
Користам мицеларна вода на Корин де фарм. Откако се изнакупував еден куп од најскапа до најевтина, оваа вади ама баш се. Пудра, маскара, траен кармин. Се' вади, лице за мерак.
Незнам многу за мицеларни води до сега сум користела само една на нивеа но сега сакам да му посветам повеќе внимание на лицето па ако може да ми кажете како да користам мислам прво мицеларна вода или млеко (тоа исто е? И ако не е што е подобро) тоник,гел бидејќи не ми се многу јасни
Вади обични маскари, за водоотпорни не знам дали вади. Јас не користам водоотпорни оти од нив ми паѓаат трепките.