Предлог за пена/гел за нормална до комбинирана кожа и тоник со убави состојки? Моментално користам на Себамед пена за лице и крема, во принцип задоволна сум од нив но мислам дека состојките не се баш ок . Ваш предлог ? Благодарам
За гел ти го препорачувам на Алверде со алги , овој на сликата за тоник на Lush Tea tree water , не содржи алкохол за да ти ја пресуши кожата
Најпрво очите и веѓите ги чистам со млеко за чистење лице, потоа со влажни марамчиња за отстранување шминка., мијам лице со млака вода со гел од Еуцерин, потоа со пилингот нежно масирам низ лицето и со ладен млаз вода плакнам. На памук со мисцеларна вода го поминувам лицето вклучувајќи ги очите и усните. Истотака на памук ставам тоник за лице кој подлабински ја чисти кожата и на крај де мачкам со крема
L'oreal micellar water Мицеларна вода на L'oreal само што на тоа што го зедов пишуваше sensitive skin normal to mixed (што е веројатно исто, во зависност од тоа каде е пакувано и колку е оригинал). Без проблем ја отстранува шминката и чисти кожата. Со истото ја отстранувам шминката и од очите. Немам забележано дека ми пречи на очите или дека ме печат. Нанесувам на памук и почнувам прво со очите и после на останатиот дел од лицето.
Од Оливал секогаш го купувам двофазното средство за вадење на шминка од очите , ја вади дури и најтрајната маскара , не ми предизвикува пецкање на очите и сл иритации , презадоволна сум. Поставив слика од двофазното средство подоле И мицералната вода е ок но понекогаш не ми ја вади добро маскарата од очите и ја користам за бришење на шминката од лицето
*да се поправам, Биотен била. @kala21 ете постоела и двофазна мицеларна на Оливал, неколку минути пред тебе @koritsaki има споделено слика и убаво корисно објаснување
Малечко шишенце е тоа, двофазно средство за вадење шминка околу очи е поточно. Чисто да си знаеш, да не очекуваш некое големо шише. А мицеларната е само еден вид, нема други.
Од Авон мицерална вода користам моментално. Вади се, ама малце проблеми имам со вадење на римелот од трепките.. Најубаво ми е со Dove сапун кога го мијам лицето, се темелно ми чисти, ништо не останува од шминката ама некад печат очи
Девојки со што ја вадите пудрата? Јас употребувам влажни марамици кои пред тоа ги натопувам со вода да се измие таа нивната течност бидејќи ми е шубе да го бришам лицето така. Вака колку да ги извадам "големото" од лицето па потоа поминувам со туфер натопен со мицеларна вода таа розевата на Биодерма и на крај си продолжувам со гел за миење ама мислам дека некако не ми е во ред оваа постапка, но не знам што друго би користела
Не би ти препорачала влажни марамици зошто ја сушат кожата. Како што има напишано и kala21 доволно е да го исчистиш лицето и со мицеларна вода. Ако не ти се троши таа на Биодерма, за почетно остстранување земи некоја друга па потоа продолжи со Биодерма. Оваа што ја имам постирано погоре од L'Oreal или оние од Garnier се добри. После тоа обичен крем за околу очи (во зависност од возраста) и крем за лице.
Дали Оливал мицералната (од 500мл) ја имало некогаш во Дм во Веро центар? Бев денес, ама дали заради попустот(што ќе трае неколку дена), ја имаше само малата двофазна од Оливал. Да знам дали воопшто ќе донесат или да си барам од другите Дм.
Во некои ДМ ги има и м.вода и двофазното средство , во некои само двофазното средство. Незнам зошто , дали навистина толку им се троши или воопшто не носат Јас знам м.вода ја имам купувано од тој ДМ во ГТЦ и од ДМ во Сити мол.
@ванилала @kala21 јас двапати ја купувам Оливал мицеларната за лице од 500 мл од ДМ Тафталиџе. Го има и двофазното и мицеларната, барем сум ги гледала нонстоп