bioderma мицеларната е најдобра. зошто со марамици? биодермата се вади,ако имаш повеќе шминка ке искористиш повеќе памукчиња,се додека немаш ич на памукот. јас после тоа го мијам лицето со гел,обично на avene користам, и на крај ставам серум. серумот ми е estee lauder ама често ги менувам. после мицеларната ако не цакаш со вода и гел да се миеш можеш и некој тоник да користиш.
Топ ми е. Претходно долго време го користе двомасленото на Нивеа и логично, ми ја мрсеше кожата што многу ме нервира. Исто, секогаш ми остануваше дел од маскарата на долниот дел од окото. Ова на Алверде убаво отстранува и имам чувство како да имам нанесено крема за лице, што е дополнително топ.
Пред некој ден ја зедов оваа мицеларна вода. Ми се покажа како добра, инаку користам Garnier стандард.
Предлог некој препарат за чистење шминка? Било што и да е мицерална вода, влажни марамици, гел.. Имам суво лице и многу чувствително.. Честопати ми се појавуваат црвени поткожни ситни точки и мали брунчиња околу очите. Ако некоја го имала истиот проблем и нашла некој соодветен отстранувач за шминка нека ми пиши..
Јас сум презадоволна од маслото на Балеа за отстранување на шминка. Се нанесува на лицето се масира и после само со вода се се вади и притоа лицето е премеко а и не остануваат масни траги, се измива скроз маслото. За оние на кои мицеларни води или марамици им се поагресивни на кожата, моја препорака е ова масло. Цената е 179 ден.
Веќе две години го користам овој сет за чистење во 3 фази.Задоволна сум,само се зезнувам со тоникот во пределот околу очи,многу е јак па ме пече кога ке го доближам памукот. Повремено ја користам и мицералната вода на Гарние,убаво ми ја одстранува шминката.
трето шише ми е од оваа, отстранува добро и не ги иритира очите за разлика од други што ги имам пробано. После мицеларна дополнително ја вадам со масло. Иначе во ДМ има попуст на оваа 700ml Мaxi за 250 ден.
Користев влажни марамици исклучиво бекутан за на лице, а потоа мицеларна затоа што многу памуци ми бегаат, се трошат ненормално. Сега па кај почнав да одбегнувам влажни марамици, дупло ги снемува. Нема да намалам ни со пудра, ни со руменило секојдневно, ќе си купувам памуци сега тоа е. Инаку трето шишенце од мицеларната на гарниер, предобра. Ми одговара и на лицето, не се нафрлам од гарниер само.
Па купувај си памучна вата, јас си купувам цела ќеса од Стокомак за 39 денари и ми трае два месеци минимум, огромно е пакувањето и многу ми е поисплатливо така. Или памукчињата од Кам, тие што се 140 во пакување. Ма да, се навикнав на памучна вата, премека е и многу повеќе ми одговара од пресуваните тупфери, не ми смета на очите. Влажни марамици користам ептен во некоја кризна ситуација кога не ми е добро на пример, ама нема некои што не ми ги иритираат очите, а за лице и не ми вршат баш многу работа зашто имам чувство дека ми ја рашлакуваат пудрата.
Јас би ти препорачала прво да ја вадиш површински шминката со мицеларна вода и потоа да го измиеш лицето со некоја пена ( на пример од Балеа). Ем помалку потрошени памукчиња, ем кожата потемелно исчистена
Pred nekoe vreme kupiv miceralna voda ama koga gi cistam ocite me pece a na samoto sisence pisuva deka e i za oci
читајте состав. не само да купувате. Гарние жолтата по состав е најкатастрофална. Барај нешто поприродно
Јас го користам на AVON лосионот за отстранување шминка.Многу е добар и долго трае, мала количина се зема и темелно чисти.Не пече и не мрси, дури во пределот околу очите и ми помага за помала видливост на подочниците.Сакам да кажам дека и чисти и негува. Моја топла препорака за сите.
Една другарка беше за нова година во Белград и од таму си купила од Цептер за чистење лице и она е презадоволна. Дали некоја го купила кај нас? Ме интересира цена, каде се купува и задоволни или незадоволни.