Тотално се согласувам. Би ја користела само за површински да ја извадам шминката, потоа обзвезно се мијам со пена, па поминувам со тоник и памукче за да бидам сигурна дека се е исчистено. Ме интересираше во поглед на тоа да не ја суши кожата или пак да прави иритации и слично
Garnier micellar water combination skin - за очите и усните, а за остатокот од лицето се мијам со L’oreal Paris pure clay detox foam wash и четката на Braun 810 facial brush (and epilator), но епилаторот го користам по потреба за надусници и веѓи.
Ја користам оваа мицеларна вода на Нивеа и ми е сосема океј, но мислам дека за некој што користи повеќе и пообемна шминка нема да му биде ефикасна. Јас бидејќи не се шминкам многу, а кога се шминкам, ставам многу минимално и лесно се отстранува. Секако потоа обавезно се мијам со вода.
Јас ја користам онаа на Нивеа.А,и ретко употребувам шминка.Добра е,не велам не.Но,пошто имам сува кожа после тоа некако чудна ми е кожата.Понекогаш и ја избегнувам пошто често после бришење со мицеларнава вода ми излеваат мозолчиња.3 во 1 е,па затоа е и добра за отстранување на шминка на очи.
Мислења за Оливал? Да не ја сушу кожата? Имам комбинирана кожа, но од зимата навака приметувам дека образите ми се премногу суви можеби и дехидрирани
Имаме пишувано поназад доста за м.вода на Оливал , јас кога сум во Мк обавезно ја купувам , имам мрсна кожа и не ми прави проблеми , а и на сува мислам не би правело. Убаво го чисти лицето , а за очите и маскари што тешко се вадат пробај го двофазното средство исто на Оливал
Дали некој ја има користено мицеларнава вода, во Стокомак ја има околу 100 денари? И некој што ја има користено на Corine мицеларната од Зегин да пише некој збор.