Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што користите за отстранување на шминката?

Дискусија во 'Лице' започната од Melanie, 20 февруари 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Јас како куче пуштено од ланец по темиве за козметика. :D

    Порано бришев шминка со влажни, па минев со мицеларна и миев со гел за лице.

    Случајно во Бг си купив една ракавичка за миење лице и уаааааау! Значи, не е никаква магична крпа или не знам. Розовко е, се пика внатре раката, се топи, бришам шминка, одма ја перам и ставам да се суши. После си продолжувам со мицеларна и со пена за миење лице, но за чудо, не останува многу шминка.

    Откако престанав да се бришам со влажни, лицето ми е многу посвежо и поизедначено. Ова го практикувам од Нова година.

    Препорачувам, баталете ги влажните. (fingers)
     
    На Golden, MarigoldA, OmniaVanitas и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас пак се бришам, и маскара/ сенки/ туш бришам со мицеларната на Olival. Толку прекрасен производ одамна немам користено, не паметам точно колку шишиња потрошив до сега.

    Пудра и кармин лесно се бришат, е за очите најдов финта - ставам од мицеларната на памук и оставам маскарата да се 'раскисне' 30тина секунди. Не предизвикува иритации, не чувствувам пецкање, не ја суши кожата - ма супер е.

    @Doozy прочитав дека и од пената си задоволна, баш ке ја купам. Ја гледав ама бев скептик да купам производ без рецензија, а не евтина па да ги прежалам парите ако не ми се погоди. :D
     
    На Sexybaby86, Glossy-girl и Doozy им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Епа јас планирав да ја купам мицеларната на Оливал, ама ја најдов розовата на Гарниер на акција за 198 денари... па срце пензионерско не издржа да не купи продукт на акција. :D
    Здравје, следен пат ќе ја земам.

    Инаку, воглавно целиот бренд Оливал им е супер. Другарка што често оди за Загреб ми ги препорача и прво бев во филм леле не, уште едно веганско срање (без навреда за никој, природна козметика не ми пасува баш :$) ама сега сум воодушевена. Штета што кај нас има многу малку продукти, дефинитивно се мнооогу квалитетни.

    Патем, има и двофазно средство за вадење шминка, и тоа го гледав. Може повеќе ќе ти одговара за тврдокорна маскара/шминка.
     
    На Sexybaby86 и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    :rofl: Точно знам за што збориш. Акција си е акција, па кој како сака нека каже. :D
    Ама во овој случај, мицеларната на Оливал ми е толку погодена што не би ја менувала за ниту една акција. Најбитно е тоа што не ме пече околу очите, пример мицеларната на Гарниер (не таа со розово капаче, некоја друга беше) ме пецкаше и предизвикуваше солзење, па ја подарив на другарка. Додека користев влажни за отстранување на шминка, истата мака ја имав а сменив којзнае колку брендови. Едно време и кокосово користев, ама ако ми влезе барем малку масло повторно ме пецкаа очите, така да, ништо од бизнисот.

    Некако ми има останато во сеќавање дека Биодевојка критикуваше една нивна крема за лице, бев во план да ја земам, ама рецензијата ме одврати. :)

    Мене и мицеларната ми е океј, со неа бришам и секојдневна шминка (пудра, маскара, руменило) а и слоевита шминка (едно чудо сенки, туш, маскара, пудра течна и камена и се со ред), па немам потреба од двофазното, ама убаво е да се знае. :D

    Инаку мене мицеларна вода ми е идеален производ за чистење лице. Нема шанси да мијам директно заради хаосот, а како што пишав претхдно, влажни не се решение, па мицеларна е таман. После тоа мијам со гел на Hipp и нанесувам крема т.е. масло на Хаушка. :)
     
    На Sexybaby86 и Doozy им се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ја купив и ја сефтосав веднаш, цела шминка ми ја извади, баш се изненадив.
    Ги ѕирнав и состојките на cosDna, освен парабените, воглавно се океј.
    Фала ти. :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Го купив пред 1 месец и подобро нешто не сум користела за отстранување на шминка, не пече на очите и не ја размачкува маскарата како на панда.:rofl: Сум пробала и млеко и мицеларна вода на Гарниер, некои бош фирми и другите на Нивеа ама од ова сум најзадоволна :inlove: 5C00F33D-B313-4FE4-9EA2-3DFE4E9C4DCE.jpeg
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Smiley96

    Smiley96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Порано користев само влажни марамчиња, но кога имав повеќе шминка за бришење, значи повеќе триење со марамчиња, кожата ми се иритираше. После тоа земав мицеларна вода од Nivea, а сега ја користам сината од L'oreal за чувствителна кожа и сум задоволна. Нема никаков мирис, убаво чисти и не ја иритира кожата и очите. Топло им препорачувам на сите што користат влажни марамчиња да се префрлат на мицеларна вода.

    Сепак, после доста истражување прочитав дека методата на двојно чистење е најефикасна за длабинско чистење, па го купив млекото за чистење од Bioten за да го користам да ја „стопам" шминката, а после само да ги соберам остатоците со мицеларна. Се обидов да го сакам и многу убаво мириса, но морам да признам дека не ја чисти шминката, особено кога имам повеќе шминка на лицето (пудра, јака сенка, подебел слој маскара). Шминката се меша со млекото и останува на кожата и после плакнење. Се обидов и по два пати да го употребам, но се уште имаше останато премногу шминка, така да сега го користам само кога немам или имам минималнa шминка на лицето, бидејќи ми го прави лицето нежно и меко. За длабинско чистење на шминка на лицето имам некој гел од Avon, кој многу добро го чисти лицето, но не се става на очите и мислам дека е прејак за моето лице, бидејќи после него имам чувство на затегнатост кое не би требала да го имам. Би сакала да слушнам препораки за некој oil-based cleanser или во облик на помада/млеко кои би ги користела да ја стопам шминката без да потрошам 5 туферчиња со мицеларна :D
    SK33_1-Packshot.jpg 6168.jpg 21xtveL98CL.jpg
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Двофазниот отстранувач на шминка од Нивеа или Гарниер ти ги препорачувам, и двата се многу добри
    41l+-+HEbML._SY450_.jpg 223021-2.jpg
     
  9. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    3.855
    Јас ова масло би ти го препорачала, го нанесуваш на лицето нежно масираш за да се извади шминката и после со млака водс се плакне и 90% од шминката ја вади, барем кај мене. Често после миење ќе се поминам еднаш со мицеларна во случај да има останато шминка. :)
    dsc02066.jpg
     
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Се сеќавам еден период коа пишував препораки на темава да не се употребуваат влажни марамчиња за да се отстрани шминката од лице и кога добивав куп напади што одеа и кон навреди :D
    Fast forward година - две, читам поплаки дека влажните марамчиња го сушеле лицето и дека не биле добри. You all have come a long way. :D
    Мило ми е што голем дел почнале да употребуваат други производи како замена, но штета што не го направиле тоа порано и морале сами да искусат колку не се добри.

    Ја дотрошив мицеларната вода на L'Oréal и сакав да ја пробам онаа на Olival. Се мислев дали да ја земам таа. Како што читам пофалби, може да ја испробам.
    Исто се мислев и за онаа на во стокомак што ја има некоја страна наназад, ми имаше интересно пакување. Бев скептична и за таа зошто е релативно евтина но и таа сакам да ја пробам токму заради тоа. Сѐ сакам :rofl:

    Моментално користам мицеларна вода на Garnier со розево капаче
    [​IMG]
     
    На Alisa22, Annath и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.549
    Допаѓања:
    5.897
    Може ли да ми каже некоја што е разликата од моце. Вода на гарниер од розњво , зелено , виолетово капаче и на нивеа?

    Не се разбирам ич а сакам да купам.

    П.С. преместете го мислењево по потреба.
     
  12. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Дали го има гелов за миење лице кај нас и каде поточно? Сестра ми го донесе од CH и преубаво го чисти лицето од шминка и нечистотии, па сакав да прашам од каде можам да го набавам бидејќи скоро го потрошив. Фала ви :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.803
    Пол:
    Женски
    Производи на Неутрогена има во ДМ, ама конкретно ова не сум го забележала, провери, можеби има.

    @OmniaVanitas мицеларната вода на Оливал е одлична. Јас ја користам веќе подолго време. На природна база, не ја иритира кожата и не ме печат очите. И има големо економично пакување. Имај предвид дека јас не користам јака шминка во слоеви, па лесно ми вади се.
     
    На Sexybaby86, OmniaVanitas, SunnyGirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    И јас ја користам Оливал многу е добра ,ма да до сега други мицеларни не сум користела и неможам да споредам ,ама оваа ми е супер ми вади скоро се и плус е на природна база.Не би ја сменила.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    1.680
    Девојки одам на козметички третмани, лицето ми е баш осетливо, при крај ми е мицералната вода па препорачајте која да ја земам, ама да не е многу скапа. Ја користам Лореал и сум задоволна не ме воопшто пече. Но се мислам да сменам на Биотен или Гарниер, или пак да си останам на Лореал што викате?
     
  16. lusii

    lusii Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Немој Биотен. Јас ја користев, ок беше за вадење шминка, но по некое време ми се појавија некои како поткожни, како полни со вода, не знам што беа, што не излегуваа ако ги стегаш. А имам чисто лице. Прекинав да ја користам затоа што се сомневав дека е до мицеларната, и по некое време ги снема сами. Гарниер е убава. Лореал ја немам користено. А исто многу добра е Corine de Farme, пишува за сува и чувствителна, па би требало да ти одговара :)
     
  17. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Чим ти е осетлива кожата ти препорачувам да си останеш со на Лореал, да не ја доиритираш кожата подобро е да не и донесуваш нешто ново.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    1.680
    Каде ја има Corine de Farme, и ја имаш ли користено?
     
  19. lusii

    lusii Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Во Зегин ја има, мислам дека уште е на попуст 190 денари, инаку редовна цена и е 240+/-. Ја користам да, ама јас имам комбинирана кожа, па не знам каква е за чувствителна, ама штом е декларирана како таква сигурно е добра. Мене ми е супер за мојава кожа. И мислам дека има и добар состав.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ikickabebusce

    Ikickabebusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    3.152
    Пол:
    Женски
    Мицеларна вода на нивеа.. А кога немам шминката ја чистам со маслиново масло..