Авон лосион моментално. Ама јас немам никаков проблем со кожата ниту кога ја отстранувам шминката со влажни марамчиња.
И мене ми го привлекува вниманието пред сѐ поради пакувањето со пумпица, ама во никој случај нема добар состав. PEG, EDTA
Дали само мене од мицеларната на оливал ми се појавија мозолчина? пред тоа користев корин де фарм и биотен но биотен само 2-3 пати бидејќи ја купив оливал поради добриот состав но по 4-5 користења ми се појавија поткожни мозолчина па незнам дали е до неа..... слично искуство некој?
Да, во прво си за составот, никогаш не сум го разгледала, туку мислев дека некаде имам такво нешто прочитано, а и тоа што на неа пишува 97% of natural origin... A пумпицата да, многу е практично со неа.
Можеби ти е реакција поради тоа што порано си користела мицеларни со парабени, peg или слични состојки, додека кожата не се исчисти од нив. Пробај уште недела-две како ќе биде ситуацијата, ако не се подобрува- престани да ја користиш. Некогаш колку и да е некој препарат со добар состав, едноставно не и прија на секоја кожа. Јас лично, немав непријатна реакција од мицеларната на Оливал, еве можеби 2 месеци ја користа барем 3 пати неделно.
Гел за лице од Балеа, сината, и сум задоволна, имам користено многу поскапи гелови кои не се покажале добро. Оваа ја користам веќе година време и за сега супер ми е.
Пред некој ден го купив овој гел на Биодерма за чистење на лицето. Значи предобар е, подобро нешто до сега не сум користела. Кога прв пат ја исчистив шминката со него, на лице имав бб крема, алајнер, маскара и кармин. Лицето го поминав убаво, а за очите бев скептична, иако пишува на него дека може да се користи на очи, дури и за оние кои носат контактни леќи, па нежно, малку и со страв се поминав со рацете и на очите (со оглед на тоа дека имам пречуствителни очи и голем број производи кои се наменети за кожата околу очите ми прават печење и пецкање). И така наведната над лабаво се поминав со гелот, па се исплакнив со вода, се исправив за да посегнам по пешкир и останав шокирана кога се видов во огледало. Целата шминка од очите ја снема и тоа со толку лесни, кратки, полни со страв, поминувања на раката врз очите. Се бришам со пешкирот и погледнувам на него - нема црнила, нема пудра. Се доближувам до огледалото да видам поубаво - нема ништо ни на очите ниту околу очите. И не само што не ме пецкаа и чешаа очите туку и чувстував свежина на кожата, леснотија и еластичност. До сега ниеден производ за чистење на шминка и ниеден сапун не направил мојата кожа по чистењето да не се осеќа ни малку сува и затегната. Значи производот е совршен, магичен! Нема шлакање со туферчиња, па миење... брзо и едноставно. Е сега навистина е скап, чини 777 ден, ама потребно е многу малку за да се исчити лицето. И мислам дека ќе ми трае од 2 до 3 месеци, што и реално се исплаќа. Топло ви го препорачувам.
У дм заприметив дека ја донеле оваа мицеларна вода. Наменета е за мрсна кожа. Не знам дали сум грешка ама како да имам прочитано дека е многу фалена на форумов ама ја немало некој период. Или грешка сум? Искуства имате?
Ovie dve vo kombinacija mi se super So alverde gelot ja vadam cela sminka dobro e sto moze i za oci,a potoa uste ednas pominuvam so penata na Olival