Имам прашање до тие што ја имаат користено мицералната вода на Оливал за сува и чуствителна кожа. Дали откако ќе се нанесе има како лепливо чувство и дали треба да се исплакне?
Да ве известам дека во ДМ сити мол има попуст на мицеларната вода на Оливал 2 шишенца за 350 ден. по 500 ml, што е обично цена за 1 Нивната мицеларна најмногу ми се допаѓа од сите па се израдував кога видов
Мислев единствена сум, сите у темава со мицеларни води и чуда. Ниедна мицеларна не ми одговара, ме печат очите и плус носам контактни леќи, па проблем ми се праи од таа иритација. Со влажни марамици ми е и побрзо и поубаво, плус ни очи не ме печат. Немам никаков проблем.
Значи 3 сме се на се само со вода и влажни марамчиња. Мене од тие мицеларните води ми испаѓаат акни ама огромни, тие како вулкани што се, полни со гној. На луѓето порано ништо не им фалело со вода и сапун што ваделе шминка, сега уште што немаат измислено за бришење лица. Глупости, само пари да се фрлало. А повеќето знам што користат такви чуда, користат оти така сите викаат дека прават, па ајде да бидат во мода и они..
Јас конкретно немав проблем со мицеларните води освен со тоа што ме печеа очите, имам чисто лице, ниеден производ не ми предизвикал проблем искрено на кожата. А и потешко ми се вадеше маскарата така на памукче, секогаш нешто имаше останато вишок... Ако на некој му одговараат нека си користи зошто да не иако јас лично сметам дека што помалку производи толку подобро за кожата, па избегнувам и јас голем број од производите што се доста популарни сега, да не си го оптоварувам лицето со се и сешто.
Претерувате со давање пари на вакви ,,луксузи". Не се лутете, но навистина нема потреба од мицеларни води, гелови со гранули, антибактериски креми, сапуни и специјални памукчиња за оваа намена. Медицински сапун со вода, или влажни марамици се сосем легитимни средства за вадење шминка. Секако, под услов ако не ставате четири килограми пудри и хајлајтери на лицето. А се надевам не ставате.. Абе ајде, глупости. Два часа ќе губам на масла и ,,чудотворни" шеќери и креми за лице кога со марамица пет минути плукни - залепи работа. Ем ефтино, ем темелно ем ефикасно. Не знам колку проблематична кожа треба да имаш за да користиш олку ствари. Не сакам никого да навредам, ама многу се нежни.
Дечки до кожата зависи. За здрава, нормална кожа нема гајле, ама маката кај нас со проблематична кожа не тера да експериментираме и да даваме тон пари на нови и нови производи за да го најдеме правиот. Го делев мислењето со вас, додека не увидов дека после секое користење на медицински сапун кожата ќе ми се распукне од сувост а пак со влажни марамици ми се иритираше кожата и црвенило добивав. Спасот го најдов, после милион лосиони, води и млека за чистење на лицето во мицеларната вода на Нивеа. Темелно чисти, преубаво мириса, ја осеќаш кожата како дише буквално и има живост.
Абе брат, до шминката да не било не до марамчињата и сапунот? Со глицерински имаш ли пробано? Често пати знаат и пудрите да дадат таков ефект. Ама добро, ваљда штом си ги го сменила препаратот за вадење и немаш иритација, не е сепак до пудрата... На нивеа не чинат баш производите, да знаеш. И последно од balea се разочарав. Безалкохолни марамици for life бе.
Мицелаерна од Corine de Farme. Ретко се шминкам ама лице си чистам редовно и од кога почнав некако посвежно ми е.
Прво со вкажни, па сапун и на крај се поминувам со лосион против акни Хлорадерм. Претходно користев мицерална вода од балеа, ама џабе фрлени пари искрено.
Сакам да ги оставам влажните марамици, па што би ми препорачале за миење лице што добро отстранува шминка? Секако потоа ќе пројдам со мицеларна вода, но најчесто имам фул шминка и кога би користела само тоа ќе треба секоја недела да купувам туфери
Не ти препорачувам после миење да користиш мицеларна,мора и таа да ја измиеш,затоа или прво вади шминка со мицеларна па потоа со гел за лице,или double cleanse прво вади шминка со маслено средство па потоа со гел. На крај ако мислиш дека сеуште имаш остатоци од шминка помини се со тоник,само да биде без алкохол.
Секако ја мијам мицеларната, но барав некој гел/крем за што ќе ја ''разложи'' шминката претходно и ќе го измијам.