Ај и тука да прашам да не знаете дали го има во мк да се купи. Мене ми е ептен океј и за чистење лице а и за шминка
Јас ја чистам шминката со масло од грозје и одлично ми ја растопува шминката, па потоа поминувам со мицеларна да излезе мрсното и на крај мијам со гел/пена.
Девојки преппрачајте ми гел за миење на лице без алкохол во составот. Моментално алверде пена од камилица користам но ненормално ме пече лицето.
Девојки, што би ми препорачале за отстранување на шминка за комбинирана и кожа склона кон акни? Да напоменам дека само Т-зоната ми е мрсна, останатите делови се лупат од што се суви. Влажни марамици не ми одговараат, ми треба нешто полесно, што не го суши лицето а сепак да ја отстранува шминката.
Мицеларен гел на оливал. Пената некако не ми го чисти убаво лицето,убава е не затегнува после ама гел мислам дека е поефикасен од пена. Пената наутро ја користам.
Јас м.вода на Оливал престанав да ја користам за очи, само ја бришам пудрата со неа одл ицето и вадам кармин. Не само таа, увидов дека ниедна м.вода не ми ја чисти добро шминката на очите напротив само ја размачкува маскарата. За вадење шминка користам само двофазно средство , фаворити ми се на Clinique All about eyes и тоа на Оливал одлично ја вади маскарата. Поготово есен/зима давам предност на балзамите за вадење шминка , најчесто ги купувам или на Lush Ultrabland или The body shop Camomile butter , за овие два нема утка
^ Исто и јас ја одбегнувам мицеларната за околу очи, веќе сите трепки почнаа да ми паѓаат од толку што триев за да си ја извадам маскарата а и ме фати страв да не се збрчкам од тегнење на лицето . Моментално користам масло за околу очи а мицеларна на лице па накрај се мијам со гел и со една силикоска четка па тоа дополнително ја вади цела шминка. Сакам да го пробам балсамот на clinique - take the day off следно, го гледав на јутуб и ми изгледа добро решение за замена на мицеларна вода
Каде можам да го најдам ова средство за отстранување шминка од Byphasse? Го имав купено од Зегин, но не го носеле веќе. Единствено тоа ми ја чистеше шминката доволно добро и е за оние кои носат леќи.
@RockNroLLGirL одличен е балзамот на Клиник, го имам пробано и тој само што е многу поскап од тие погоре што ги спомнав
Ова е масло? Ако има во составот алкохол тогаш едно големо НЕ. Ги имам пробано сите отстранувачи за шминка на Алверде , очите печат ненормално
Топла Вода и Dove сапун. Сите тие мицеларни води и гелови и тоници и какви се не работи не си ја вршат работата ако не се притиснеш и не си ја поцрвениш кожата триејќи. Секакви испробав и главно исти ми беа сите.
Топла вода не е препорачлива за миење лице, ги шири порите и предизвикува црвенило, ладна вода е поарно да користиш, и тоа баш ладна.