Ова е толку погрешно се надевам нема да го применува некој друг. Многу нормално дека тегнеш и триеш кога Дав сапунот не е средство за отстранување шминка. И да се откорнеш од триење пак ќе има остатоци од маскара на крпата за лице. Кожата е многу нежна и секое грубо триење прави микро-кинења. Со правилен производ нечистотијата и шминката ќе ти се "стопи" од лицето без триење, притискање и зацрвенување
Користам мицеларна вода,потоа некоја пена за лице и на крај го чистам со Клиндацин.Можеби ме мава на психа малку па ми се причинува,ама како да приметувам дека кога редовно го практикувам ова лицето ми се чисти од неколку акни што знаат да искочат чат-пат
Мене ладна вода воопшто не ми помага, ниту ми вади. Користам мицерална вода, па се измивам со млака вода, па гел за чистење лице ставам и пак се измивам и сум чиста. Спремна за крема за лице.
Не мислев за вадење шминка конкретно, туку кога се мие лицето. Секако прво со мицеларна вода вадам шминка, ако ја имам, после со пена се мијам. Водата што ја користам за миење на лицето е грч ладна. Тоа сакав да кажам, со топла е полошо.
Тебе мислам те читав дека се жалеше оти цело време ти испаѓаат нови брунчиња, така? Среќо, од ова ти се брунчињата. Ја пресушуваш кожата и ти се лачи дополнително себум (маснотија) затоа што кожата ти е пресушена и се обидува да се навлажни сама од себе. Се надевам и со влажни не се триеш плус. Не можам да ти опишам колку е погрешно ова со триењево, послушај не'. Земи си мицеларна вода и нежно средство за миење, плус убаво тоникче и хијалуронска, ќе се препородиш. Можеш да вклучиш и активати по потреба за да таргетираш различни проблеми. На темава, со мицеларна и пена за лице.
Јас ја отстранувам со Eveline мицерална вода со алое вера, а потоа го мијам лицето со гел, што ми е дел од регуларната рутина.
Кај мене како најдобар начин се покажа прво разложување на шминката со масло (во последно време од грозје), бришам со мицеларна вода, па мијам со пена. Баталете тие сапуните, триењето, јаките пилинзи...
Не брунчиња немам, црнки имам.Третмани правам. Имам и мицеларни и се живо, ама само со мицеларна ништо не отстранувам, морам и некој гел и нешто друго да користам. Избегнувам веќе такви работи бидејќи скоро сите мицеларни води ми се исти. Земав од ДМ гел за чистење лице на Евелине, ако не потрошам 15 минути за миење ништо не излегува... Имам јас добра нега на лице со пилинзи, со маски се одржувам, ставам и дневен и ноќен крем. Но сепак кога доаѓа ред да отстранам шминка (многу ретко се шминкам) едвај ја вадам шминката, што и да користам потоа на пешкирот пак имам остатоци од шминка. Не знам стварно, не сакам со марамици да се поцевенувам и пак ништо да не извадам, другарка ми кажа дека со сапун можам и со топла вода и навистина така побрзо ја вадам шминката... Не знам што би ме спасило. Користам тешка пудра Kryolan, едвај се вади, со се имам пробано..
Најефективна за отстранување шминка било double cleansing методата. Ја користите вие и со кои средства?
Мене бекутан кремот не ми одговара и на многу други црнки им излегуваат од него. Влажни марамици зависи кои, обични никако не можам, а тие помрсните од ДМ вршат работа ама не е тоа тоа.. Каква е таа метода? Објасни ми може ќе успеам така.. Многу тешка пудра користам со ништо не се отстранува целосно...
@Fallen.Angel а зошто толку тешка пудра користиш? Јас како што знам Kryolan ги користат за сценски настап на пример, не се тие пудри за секој ден, затоа и ти се појавуваат проблеми со лицето.. За водоотпорна шминка само некое масло за вадење шминка. Тоа најдобро и најбрзо ја "топи" шминката. Јас путерот со камилица од Боди шоп го користам, ама зошто во Мк нема Боди шоп, слично е тоа н Клиник, можеш за почеток да земеш мало пакување за проба
Епа не се шминкам секој ден, и оваа ја користам бидејќи многу ми одговара и нијансата целосно , убаво ми е така лицето како порцеланско ми изгледа, а сепак не нападно и не дели од кожата. Единствен проблем е отстранувањето бидејќи се впива ептен во кожата и никако не се топи, дури ни сред лето не ми се растекуваше пудрата. Имам и полесни пудри, ама оваа посебно ми се допаѓа ради покривноста.
Јас вака ја вадам шминката. Прво со масло од семки од грозје од Биокосмос, го протривам меѓу дланки и го нанесувам на лицето да ја растопи шминката. Потоа со мицерална вода Оливал и големи тупфери од Балеа бришам. Овој чекор може и да се прескокне, ама мене ми е најбрз и најефективен начин да ја отстранам шминката и маслото површински. На крај мијам со пена Оливал. @Fallen.Angel пробај на овој начин да ја вадиш пудрата. Верувам дека одма ќе осетиш разлика. Мислам дека има масло за вадење шминка и во Дм од Балеа и Lvly.
Оваа комбинација ! За мицералната нема да коментирам се знае вреди за секој денар а гелот е толку нежен , одлично го чисти остатокот од шминка , смирува и не пече околу очите ! Исто така и четка е мноогу добра се чудам се што останува на неа и колку е важно лицето да се чисти со четка и со гел !