Предлог мицеларна вода, слична на Биодерма розевата но со пониска цена? Оливал ја имам користено но ми правеше акни.
Garnier розевата за осетлива кожа си ја пробала? Се води како dupe за Bioderma. Ја има и во мало пакување ако сакаш за проба. Јас ретко користам мицеларна ама на оваа добро ми реагира лицето и не го пресушува. Одлично чисти и водоотпорна шминка и тешка пудра.
Garnier Bio, моја препорака. Имам чувствителна кожа склона кон акни, мицеларнава ми одговара, не ме иритира и супер чисти.
Моментално Еуцерин Дермо пуре мицеларната вода, претходно користев на Нивеа мицеларна вода, а пред неа Корин Де фарм мицеларна вода, исто ми отстрануваат шминка сите, во поглед на акните не сум забележала поврзаност при менувањето на мицеларните води, на Еуцерин за нијанса помалку ми ги иритира очите. Најлоша до сега што сум ја зела беше на Балеа бидејќи ужасно печеше на очи.
Не употребувам шминка често, па немам испробувано разни производи за отстранување на шминка, но ова го добив на подарок и е предобро. Само нежно поминувам и шминката ја нема.
Користам мицеларна вода, или Garnier (розева) или L'Orèal (розева), само тие сум ги начекала да се без алкохол и без парфем (мирис) . Се разбира, после тоа повторно го мијам лицето со cleanser, моментално со Clinique liquid facial soap.
Може да ми препорачате нешто за чистење на шминка, за дневно чистење на лицето и крема некоја? Плиз Имам мрсна Т-зона да напоменам уште еднаш. Нешто полесно по можност. И дали да отидам на дерматолог да ми го исчисти еднаш убаво лицето? И ако да, каде во Скопје?
Нема проблем. Во секое време, затоа сме тука. И јас имам комбинирана кожа и сум малку помрсна во Т зоната. Ако сакаш да почнеш со double clensing јас би ти препорачала Nivea clensing oil, се нанесува една пупмица на суво лице, се трие најмалце една минута. Ја топи цела шминка од лице и после се измива со вода. После јас лично ја користам оваа пена После можеш да си го поминуваш лицето со овој тоник Има салицилна киселина и помага за чистење на пори и црнки, многу добри состојки има. Има и парфем малку, може да појави иритација. Ама еве мојава кожа добро го толерира сега за сега. За крема која е лесна и со едноставни состојки ти препорачувам за дневна и истава ноќна има Сите производи ги има во ДМ и се со прикладни цени. Можеш и да отидеш еднаш на професионален терман на лице за да ти го исчистат убаво и после да си ја тераш рутинава секојдневно. Јас лично имам одено во Edelweiss во Аеродром ама оддамна не сум била така да не би препорачувала.
Искрено, за вадење на шминка не знам што да ти препорачам друго освен мицеларна вода или масло/балсам (што не знам дали ќе ти се допадне да ставаш масло на мрсна кожа, па потоа по втор пат да го миеш лицето со уште нешто ). Во случај да се премислиш за мицеларна вода, ова ти предложувам: Спојлер Овие две се единствените што сум ги видела без алкохол и мириси. Од масло сум го користела само ова (иако го меркав и тоа што го предложи @kostovaivana): Спојлер Многу е течно и лесно и веднаш се чисти. Мислам дека го фалеа и маслото од Olival, ако се сеќавам добро, имаше добар состав. За средство за миење на лице искрено не би знаела што да ти препорачам бидејќи имам нормална кон сува кожа, па мене пените ме сушат. Моментално сум во потрага на друг гел или млеко (претходно користев од Clinique), ама не можам да најдам без алкохол или мириси. За креми, јас ти кажав кои сум ги пробала: Спојлер Corine de Farme е со мириси и го купив кога не знаев многу, па затоа не би ти го препорачала. Neutrogena-та што ја ставив е за сува кожа, иако е гел, но има и за мрсна/комбинирана кожа, само не знам дали конкретно таа ќе е без мириси. Ја има во Зегин. Clinique е за сите видови на кожа, јас ја најдов во ТЦ Зебра, ама мислам дека можеш да порачаш и онлајн од нивната фб страна за Македонија. Патем, ја видов оваа крема од Revuele на форумов и ја меркам, ко ќе потрошам сегашни залихи би ја пробала. @kostovaivana, каде ја има? Не сум ја видела во dm. Едит: видов дека си пишала дека сите производи што си ги ставила ги има во dm, не знам како не сум ја видела кремата, можеби во моето dm ја нема . Исто, цела Hada Labo Tokyo колекција во dm е без мириси и алкохоли и со лесна текстура, кремата (т.е. гелот) им е прелесна, сум ја пробала. Всушност, не сум им го пробала само средството за миење лице, ете што би можела да пробам .
Ја има во ДМ. Јас вчера баш си ја земав ноќнава од ДМ кај Веро 2, на Иво Лола Рибар. Ама сигурно ја има по другиве. Ја сум презадоволна од кремава значи најпрезадоволна. Не ја мењам за нишно. Ептен и лесна е и хидрира и со топ состојки. А за маслово да не се мислиш. Супер е. Ја го користам веќе 2-3 недели и супер задоволна сум. Одма ја топи шминката и е со супер состојки исто без парфеми и глупсти.
Многу ги фалат овие незнам дали ги има кај нас, знам дека има и вакви крпи на ебелин, dupe за Тати блендифул
Женски, барам важе мислење за нега и чистење на лицето. Купив пена за чистење од балеа розевата, четка имам за чистење лице, и имам тоник од биотен со екстракт од диња и хидратантна крема од биотен исто со диња. Е сега кажете ми со што од ова да мијам шминка(доколку може?) и по кој редослед да ги користам? Ако не можам со нив да мијам шминка, што би ми препорачале? Имам нормална кожа, само т зоната ми е малце помрсна.
Не сакам да те терам да докупуваш производи, но овие нема да ти ја отстранат шминката потполно. Најубаво земи мицеларна вода или масло за отстранување шминка (има на Балеа мислам), потоа со пената ќе го измиеш лицето, потоа се нанесува тоник, најубаво на дланките стави неколку капки и стави на лицето, а веднаш потоа кремата.