Каде може да се купи таа ракавицата од Божен, многу пати сум слушала да збореле за нејзе, многу била ефикасна ..
Понекогаш на Гарниер тоникот, понекогаш на Нивеа тоникот зависи што начекам во аптека... И двете ми се супер
Марамици на бекутан иако знам дека не се убави за кожата бидејќи се pH неутрални, а тоа не и дава влажност на кожата. И иако знам пак и пак ги користам
Зависи доколку понекогаш ја отстранувам шминката со млеко за чистење на лицето од оваа колекција А некогаш со марамчиња за отстранување на шминката. Моментално ги имам овие И на крај го мијам лицето со гел за чистење.
И јас го користам лосионот од лореал, ама дефинитивно најубаво ми е лицето откако го чистам со маслиново масло на памук...ќе го измијам со вода и гел за лице, и остатокот го чистам со маслиновото масло....природно си е природно...
имам едно од body shop ама многу ме чеша,пишува дека е камилица,а како вода е,и после како ме пецка на очи,срека што зедов помала туба и така што го зедов ова на гарниер и многу ме бендисува пола вода-пола масло и после кожата свила ми е
Јас го користам ова секојдневно си го мијам лицето наутро и навечер а и за туширање ми служи преубаво е