Не, тоникот ја хидрира кожата и помага подобро да се апсорбира кремата. Некои имаат и активни состојки што помагаат за акни, хиперпигментација, антиејџ и сл. Може да се користи и со памукче/туфер, но тие упиваат доста и нема некоја корист од нив.
Фала ти, сега нешто да купам стрикно за вадење шминка, ама да не ме пече на очи сакам. Ќе видам може ќе пише и некоја друга девојка
Јас користам млеко за чистење на шминка тоа на Балеа Сензитив, после тоа го мијам лицето со пената на Оливал. Ако има нешто останато го дочистувам со мицеларната на Оливал.
Маслото за шминка од Балеа е одлично, многу убаво ја топи шминката и одма ја отстранува. После него пена за лице (моментално ја користам од Алверде со камилица ама кога ќе ја дотрошам планирам да ја земам Балеа розевата).
дада ја измивам.. користам и други продукти но таа ми е најнов внесен у рутина пс претпоставувам дека е од неа..
Здраво девојки, некоја дали имала искуство со оваа мицеларна вода? Немаше од мицеларната со смил па реков да и дадам шанса на оваа од зелено кафе..
Да споделам мислење за мицеларната вода на Гарниер БИО. Ја користам веќе неколку недели. Мириса многу убаво, не е воопшто агресивна за кожата, не ми се појавува црвенило. Пудрата ми ја вади убаво, но не сум задоволна за маскарата. Треба да поминам неколку пати под очите за да ми се извади убаво, и со тоа ми се иритира местото. Дали е до маскарата, не би знаела, не сум пробала со друга. Претходно користев бадемово масло, и сакав да пробам со мицеларна, да сменам малку, но најверојатно кога ќе ја потрошам пак ќе се вратам на маслото. Најубаво ми вади шминка.
Здраво девојки, дали некоја го има користено млекото за чистење лице од Биотен и ако може да сподели искуство? Имам комбинирана и проблематична кожа. Благодарам.
Јас ја користев зелената еден период, по препорака од дерматолог. Бидејќи цената и е доста висока, кога ми заврши, ја сменив со онаа на нивеа и искрено не приметувам никаква разлика. И двете добро ми ја вадат шминката. Треба да спомнам дека немам проблематична кожа и можеби поради тоа не приметувам никаква разлика.