Пост што не мислев дека ќе го напишам, сакам дс го пофалам маслото на Нивеа за отстранување шминка, oil to milk со макадамиа. Да напоменам, почекав да помине месец за да напишам критика. Го купив затоа штo не можев да го нарачам Squalane Cleanser-от на The Ordinary или Hemish Balm од yesstyle. Правам двојно чистење секоја вечер, сега со маслово како прв чистач. -Растопува шминка одлично, од маскара, туш до пудра и кармини. -Во допир со вода се претвора во млеко и лесно се измива. -Само по себе не сметам дека е доволно за чисто лице како и ниту еден маслен чистач. -Немав исфрлувања или иритации (сепак не останува на лицето долго), нема силен мирис и многу мала количина е доволна за цело лице. После цел месец секојдневно користење немам потошено 1/3. Пакувањето е многу практично за дозирање. -Цена во Зегин околу 300денари.
Мирисот каков е? Пред месец дена купив едно на Caudalie и смрди на зејтин се мислам дали да го фрлам..
Не, не мириса речиси воопшто на ништо, јас сум осетлива на мириси а и лицето ми реагира на парфем во козметика, одма се нафрлам. Не ми беше прв избор ама ни на Балеа го најдов, ниту можам да нарачам, па си реков ајде секако се измива. Ама се покажа супер. Го има и со кокосово масло и масло од семки од грозје.
Балеата стварно има некој таков мирис како пржени крофни ама мене лично не ми сметаше пошто си вршеше работа. Вади шминка, лесно е, исто емулзифицира со вода, 170 ден го земав... ок ми е, не се жалам.
Прво користам маслен отстранувач на Revolution skincare, потоа со Balea пена за лице, но не сум многу задоволна од пената. Се мислам да пробам некоја од пените на Афродита. Ја имам користено таа со АХА киселини но беше прејака за мојава кожа. Некоја друга препорака дали имате?
Жени, малце помош или идеи. Начин да се чисти шминка без употреба на памучни тупфери или механичко триење? За чистење лице повремено користам Асодерм или природни сапуни, но симнување шминка е проблем. Имам нормална/комбинирана кожа, само многу многу многу чувствителна и склона кон црвенило, мицеларната розева на Балеа ми одговара, ама ова рибањево со памук многу ми пречи. Мислам дека и се влошува црвенилото како поминува времето, кратко трае ама е сѐ поинтензивно. Пробав со обично ладно цедено кокосово и сончогледово ама чувствував сушење на образите. Чаре? По можност поприродно нешто?
Се обидов со масла, ама тешко се чистат од кожата без тупфер, некако само со вода не ми оди ич убаво. Или јас нешто грешам.
Дали маслото го користиш како прв чекор на чистење, го плакнеш лицето со вода, а после тоа повторно се миеш со обично средство (пена, гел, млеко) за да измиеш и исчистиш сѐ? Ако не правиш вака, туку ставаш само масло и го бришеш со туфери, не го чистиш убаво лицето од маслото и од сѐ што си избришала со маслото, особено ако е некое потешко масло како кокосово, па дури и чисто сончогледово (директно од шишињата/теглите што се користат во кујна). Balea има едно убаво масло, кое е на база на сончогледово масло, а содржи и арганово масло. Не е чисто масло како што си користела, меѓутоа има многу лесна конзистенција, течно е како вода и многу лесно се мие. Сепак, после тоа сепак ќе треба да употребиш пена/гел/млеко за дополнително и завршно миење на лицето, како и со било кое друго масло кое го користиш за вадење на шминка.
Вака правам, масажа со масло, најнежно што можам за да се стопи шминката (реално пудра ми е најголем проблем , трепки имам густи ретко користам маскара и нјачесто безбојна а сенки користам од алверде и без проблем се чистат), па со влажен тупфер го собирам маслото со шминката и после мијам лицето, секогаш со сапун (синдет) и вода, односно со производи што стандардно си ги користам за чистење. Пени, гелови, тоници, сѐ ми е испробано и за чистење само ова ми одговара. Е сега маслово вака потешко се вади, како да осеќам дека ми е на кожата, а повеќекратно измивање со сапун (на пример два-три пати) ми е ту мач. Маслово од Балеа не сум го видела искрено, ќе морам да пробам или тоа или млекото погоре, или некое слично. пс. Да дополнам, не ми пречи измивање на лицето после чистач на шминка, мицеларна или масло, сакам памукот и механичкото триење да го избегнам ако е можно бидејќи ептен се заруменувам, не ми се допаѓа сензацијата, како топлина. Мислам дека не ѝ прија тоа на кожата, иако сум ептен нежна.
Користи масла кои емулзифираат или маслени балсами, овие ги нанесуваш масираш со прсти, одмиваш со вода и продолжуваш со вториот чистач. Во контакт со вода стануваат крем/млеко и лесно се одмиваат без никакво триење. Чисто масло е ужас за вадење и веројатноста за создавање комедони е голема. Been there. Такви се маслото на Нивеа, Сквалан чистачот на The Ordinary, Clean it Zero Banila, Heimish Cleansing Balm, има некакви и на натура сиберика мислам тие не ми се пробани. Како најефтина варијанта земи го од дм/зегин маслото на нивеа околу 300ден. Назад во темава го имам поставено. Пробај со друг втор чистач што нема да е сапун, ако мора да е сапун барем земи го на Еуцерин 150денари пх 5.5 нежен е за кожата и без парфеми.
Го земав млекото на Алверде погоре што ми го посочија, малку потешко оди затоа што користам матирачка пудра, го пробав два-три пати веќе ама засега ако ништо друго нема нус ефекти. Користам синдет а не сапун, Еуцерин не ми одговара воопшто како козметика, користам Асодерм, ама бидејќи е јакичок, не го користам секој ден. Она што ми е битно исто е да биде производ со добар состав, затоа што ова црвенилово ич не ми се допаѓа и ако не е од памукот, сигурно е од некоја состојка и затоа се напнав да исфрлам што повеќе од козметика, за да може кожата да одмори. Сега го видов постот твој за маслово. Ајде да го потрошам Алверде и ќе го пробам, а сакам и составот да го видам.
Многу ретко се шминкам, и секогаш едвај чекам да ја отстранам шминката. Во моментов го имам млекото од Garnier, заедно со лосионот што го нанесувам по чистење со млекото. На крај го мијам лицето со многу ладна вода и ставам крем. Млекото и лосионот се во ред, не ја иритираат кожата и доста брзо ги отстрануваат и најмалите траги од шминката.
Со што го отстранувате течниот мат кармин? (конкретно од Мејбилајн го имам).Од Гарниер мицеларната ја користам, ама тешко ми оди. Рани ми е устата после
Да пробаш со вакви туферчиња? Овие се за отстранување на шминка на очи и веќе си се натопени внатре. Јас со 3-4 двете очи ги чистам од сенка+ајлајнер+маскара.
Пробај со масло за вадење шминка. Не мора да користиш ништо освен прстите, а и со оглед на тоа маслото овозможува лизгање, а не (преголемо) триење, ќе го избегнеш тој момент на разранување на устата од триење со туфери. Јас лично сум го користела само ова масло (многу е лесно и веднаш се измива), но имам читано дека го фалат и маслото од семка на грозје (grape seed oil) на Nivea. Ги има во dm.