Прво го бришам лицето со мицеларната вода на Гарниер, па потоа сп Балеа маслото и на крај го мијам лицето со Балеа гелот со цинк и салицилна киселина. Потоа ставам тоник доколку останало шминка да се исчисти скроз и на крај хидратантна крема.
За кој тоник станува збор? Не гледам слика тука Инаку сакам да си ги сменам производите при крај ми се, ќе земам масло за чистење шминка од балеа, ми треба понатаму некоја пена или гел, и исто така препорачајте ми тоник за хидратација, за пред кремата..
Со што вадите воотпорна шминка поточно туш за очи?! Марамици нешто или некое масло за вадење шминка од очи да препорачате?
Јас со розевата мицеларна на Гарние. Држам неколку секунди на очите за да може да се растопи бидејќи ако само трзаш нема да направиш ништо, само ќе ја иритираш кожата.
И јас понекогаш користам мицеларна вода (розевата на Garnier, L'Oréal, виолетовата на Nivea), но најлесно отстранување (најмалку тргање на кожата, најмалку иритирање поради триење, најбрзо топење) е дефинитивно со масло. Барем за мене, колку и да чекам да се топи шминката со мицеларна вода, пак морам да тријам по малку (и нежно, не со многу притискање и брзање), бидејќи колку и да чекам не излегува сѐ наеднаш, особено маскара. Сум го користела само маслото од Balea и е навистина прелесно масло и прелесно се мие. Многу полесно сум извадила и посуви кармини, за што инаку ми требало барем 4 туфери. Тоа што кога триеш (поточно лизгаш, не триење во класична смисла на зборот) изгледаш лом, бидејќи сега црнилото од тушот, маскарата, пудрата и сл ти се разнеле насегде не значи ништо, бидејќи со едно плакнење на лице се мие тоа. Што се однесува до страв од мрснотија, особено бидејќи имаш мрсна/комбинирана кожа, не мора да го имаш, бидејќи конкретно ова масло не е тешко и јас се чувствувам измиено и кога ќе се исплакнам само со вода, но ти и онака понатаму ќе продолжиш со гелот за миење лице, па ќе отстраниш сѐ. Мислам дека го фалеа и виолетовото масло на Nivea (grape seed oil), но во суштина можеш да пробаш и со било кое масло кое е наменето за вадење шминка. Обичните масла кои не се формулирани за вадење шминка може да ти се потешки за употреба/миење, бидејќи овие за вадење шминка, покрај маслото содржат и други состојки кои му ја олеснуваат текстурата и гo прават леснo за миење.
@buba4e Јас сум многу задоволна од маслото за вадење шминка на Body shop camomile , ако имате во Малта Боди шоп пробај го. Сега земав едно од Нивеа па баш деновиве ќе го пробам како е , ќе пишам овде
Задоволна сум по прилично. Не ја суши кожата, убаво чисти и се впива во кожата. Не содржи алкохол. Го користам по 2 пати на ден, некогаш и три. Не сум приметила дека ми создава нови бубулици.
Баш се мислев да те прашам зашто завчера шетав таму и имаат многу убави Крисмас продукти. Ќе го побарам.
Презадоволна сум, нежна е, убаво ја чисти шминката, не го суши лицето, не ги иритира очите и преубаво мириса