Лореал со години немам купено, па сум заборавила и какви беа нивните мицеларни води. Ама си останав фан на мицеларната Гарниер. Таа со розово капаче ја купувам секогаш и супер ми е за секаква маскара - обична, водоотпорна, појака шминка, супер вади сè без проблем. Ако ти е битен составот, не е нешто нај, ама мене лично ми е и повеќе од нај па не верувам дека ќе ја сменам. Оливал ја фалат, шишето е огромно и долго трае. Ете таа е и со убав состав ама некако не ми се допадна, не ми чистеше убаво. За разлика од неа, мицеларниот гел за лице Оливал се покажа како совршен и него го користам за миење и дочистување остатоци од шминка. Феноменален ми е, нежен за кожата а сепак супер чисти. Разгледај низ ДМ, може нешто трето ќе ти фати око. Од Pulpe de vie имам купувано други работи (ова од сликава не ми е пробано ама би му дала шанса) и сите биле супер, многу фин бренд според мене.
Ок ми се мене мицеларните води на Гарниер или Лореал ама за чистење на лицето откако ќе ја исчистиш убаво шминката. Мене мицералните води не ми вадат ништо од очите , било која до сега што ја имам користено. Единствено сум така позадоволна од на Ла рош сензитив , па некогаш и вадам полесна шминка од очите со неа , инаку за вадење шминка користам масло/балзам на лицето а двофазно средство за очите. Па потоа поминувам со памук со м.вода.
Морам повторно да ја пофалам оваа мицерална вода, одлична е. Многу убаво чисти,со едно туфтерче вадам се. Само не поминувам низ очите. Ми се допаѓа што не ја суши кожата. Вреди за секој денар.
Јас за вадење на маскара, сенка го користам маслото за лице со Арган на Балеа и не би го менвала сега засега за ништо, презадоволна сум.
Здраво, имам прашање во врска со неколку продукти од Olival. Видов дека доста се фали мицеларната вода нивна и гелот за чистење со смил, но не наогам нешто многу коментари околу новaта емузлија и гел за чистење на лицето како и регенеративната крема со масло од смил (слики во прилог). Читав на страната од Tesori di mare дека се наменети за комбинирата кожа склона кон акни, јас имам комбинирана и сензитивна кожа која знае да се исфрли доста, па дали некоја во слична ситуација ги користела и дали може да каже впечатоци за истите? Ви благодарам
Го има ли некој користено овој маслен чистач од балеа, ако можете да ми кажете дали сте задоволни и колку му е отприлика цената?
Презадоволна, на попуст беше до 31.07 119 или 139, не се сеќавам колку е цената без попуст, за маскара, сенка мене ми е одлично и не би го менувала некое време
И јас го користам. И за двојно чистење и за отстранување на шминка. Задоволна сум, цената е 179 денари.
И јас сум задоволна од маслото на Балеа, убаво се измива од лицето, не ја остава кожата масна, но во последно време многу почна да ми смета мирисот.
Баш моментално ја користам емулзијата и задоволна сум, но не би знаела да кажам како ќе реагира на сензитивна кожа. Мислам дека не би требало да е проблем. Мицеларната исто ја имам користено, ама мицеларна одамна веќе и не користам, а гелот со смил ми е онака океј, солиден, ама ништо посебно. Од масла досега сум го користела и на балеа и на пурито. Тоа на пурито најмногу ми се допадна.
Имам користено и емулзија и иако е наменета и за предел околу очи, сепак ми прави непријатно чувство во истите. Тонерот некако ми ја суши кожата. Млекото сега за сега дава добри резултати.
Дали со овие масла може да се одстранува шминка? И кое масло највеќе би одговарало за комбинирана кожа..да не ги затвора порите . @Biodevojka
Двете би ги затворале порите, не им е намената за лице. Тие што се за лице се прават како емулзија во контакт со вода и полесно се отстрануваат.
Овие мислам дека се масла за јадење, башка ова од тиква најбрзо ужегнува. Да пробаш со масло од јојоба, најлесно е за кожата. пс. Полесна шминка се чисти и со обично млеко 3% или 6% масленост.