Повели https://www.bellina.mk/p/832/omegas...-litse-so-5-omega-kiselini-150-ml?category=75 Има уште едно поевтино во Дм на Балеа, ама не сум го пробала.
Можеш да го чекаш на попуст, зошто да не инаку мене за разлика од путерите и двофазните средства за чистење шминка, маслата најспоро ми се трошат.
Јас шминка чистам со ладно цедено нерафинирано кокосово масло. Тупферот го влажнам со вода и ставам малку кокосово.
Драга не постојат масла кои може да се дефинираат дека ги затвораат порите затоа што сѐ зависи од кожата. Масло од јојоба не користи за вадење на шминка, ама не затоа што не го бива, туку е преубаво масло и греота е да го користиш за таа намена кога може да го нанесеш на лицето без одмивање. За отстранување на шминката ако е од очите може било кое масло па и за јадење, не пречи воопшто (и онака ќе го измиеш од кожата). Само проблемот е што некои масла прават пецкање на очите, ова е индивидуално и не би можела да ти кажам. Се користи на тој начин што се мокри едно памукче со вода, се додава од маслото врз неа и се отстранува шминката. За лице не ти препорачувам масло ама не поради тоа шо може да биде потенцијално комедогено туку поради фактот што ќе треба да правиш двојна детерзија која ја лично не ја сакам.Јас лично ти препорачувм млеко за отстранување на шминката коие воедно е два во еден и мие. На пример ова без разлика на тоа што пишува за сува кожа, јас имам комбинирана и го користев одлично е. Нежно е и убаво ја отстранува шминката од очите. Или ова За било што слободно пиши. Поздрав
Во последно време ја користам мицеларната вода на Оливал и многу сум задоволна. Одлично ја отстранува шминката од лицето и особено е нежна за очите. Шишенцето е 500 мл и долго трае, а цената е само 350 ден. Уште една придобивка што ја забележав кај мене е значителен раст на веѓите кој претпоставувам дека е благодарение на маслото од смил.
И јас истата ја користев, месецов сменив и ја користам мицеларната на Uriage. Задоволна сум и од двете и ги препорачувам!