Влажни марами Бекутан и сум задоволна! Откако ќе ја избришам шминката со влажни марами го мијам лицето со сапунче Иако сапунот ја суши кожата сепак мене ми одговара бидејќи имам мрсна кожа! После миењето на лицето понекогаш ставам крема (минимално и само во случаи кога лицето ме стега (односно суво ми е) Едно време користев млека за отстарнување на шминката ама изгледа не знаев да го одберам соодветниот за мојот тип кожа и најчесто ми се иритираше лицето...затоа Бекутан марамчињата и детското сапунче ми се добар избор за моето лице и не мислам да се откажам од нив!
И јас си користам бекутан влажни марамчиња и потоа се мијам со водичка само, ама ова кога немам некој тешки шминки на мене А 90 % од времето немам. Инаку си го користам и дермогал тоникот ама избегнувам секоја вечер дека многу ми ја суши кожата.
Најчесто со асодерм сапун или гел за миење на лице, а кога ме мрзи со влажни марамчиња. Потоа обавезно нанесувам тоник или лосион.
девојки јас во брзање го зедов ова млеко,ама не прочитав убаво за постари е,а јас сум блиску 20ти еве го,ке има некои ефекти ако го користам ?
Веќе неколку години го користам млекото за отстранување на маке-уп ГАРНИЕР и е навистина супер кога немам, ми се наоѓаат влажните марамчиња МЕДИКАЛ
Со вода и со купка за тело Ништо посебно не користам за отстранување на шминка. Избегнувам обичен и течен сапун, па ќе си ја земам купката (најчесто фелче) и завршена работа. Гледам убаво да си го измијам лицето за да не оставам траги од шминката на пешкирите, а и не дај боже ако остане на лицето да не си создадам брчки. Сметам дека нема ништо подобро од вода, за вадење шминка.
Со влажни марамчиња, на М некако се викаа во плаво пакување се, а потоа ставам Нивеа кремче колку да не ми се суши лицето и толку.