Морам да ја пофалам мицеларната вода со зелен чај на Леврана. Одлично вади сѐ, не пече на очи, не е агресивна. Вади и водоотпорна шминка, бар мене ми го извади Vinyl Ink карминот, што не ми се вадеше со другите чистачи. Исто и еден кармин од некоја no name фирма, што ми го дадоа на фризер еднаш, со ништо не се вади, мицеларнава на Леврана го извади. Цената и' е повеќе од одлична, евтина, а квалитетна. Ја препорачувам.
Од Белина, мислам дека околу 150 денари ја зедов. Дали беше на попуст, или редовна цена, не се сеќавам. Ама не е прескапа. Па да ти кажам, не користам водоотпорни маскари оти тешко се вадат, ама со мицеларнава, би купила и водоотпорна.
Девојки препорачајте мицерална вода, користев Ларош и биодерма, но сега ми се премногу скапи, никако да ги начекам на попуст? Кожата ми е комбинирана и склона на акни, сега моментално користам Лореал, но страв ми е да не се исфрлам со акни. Ги видов со пристапна цена на Оливал и Неутрогена што ќе кажете за нив или ако иматр некои на ум други да ми препорачате?
Некое време имам проблем со акни, а скоро сите маслени чистачи содржат состојки кои ги затинаат порите и предизвукуваат акни. Дали може да ми препорачате добра мицерална вода за чистење на лицето за ваква кожа, која би ја користела пред гел/пена како замена за маслен чистач? Или евентуално ако има некое масло без комедогени состојки
На Оливал м.вода е одлична , ја имам користено мн пати, или пак оваа https://www.bellina.mk/p/1514/sensible-skin-o-ma-douce-mitselarna-voda-za-senzitivna-kozha-400-ml
Во Куманово мислам немаме Белина Едит: најдов каде е во Скопје. Во понеделник ќе одам таму, од кои други производи сте задоволни од Белина, шампони, гелови, парфемите какви им се? @Annath @buba4e89 @koritsaki
@KiT Имаме тема за производите на Белина Каков тип коса имаш, гелови за тиширање ,пилинзи, креми имаат многу убави на Органик шоп , и имаат плус супер цена За шампони за коса јас лично имам мрсен корен и задоволна сум од Dr.Konopka и Urtekram со рузмарин. Друго што те интетесира можеш слободно да ми пишеш