Препорачајте некоја мицерална вода за вадење шминка за мрсна кожа, да може да се користи и на очи ама да не пече. Може и од корејскиве.
Се надевам си саркастична. Ракија никако не смее да се користи на лице, пресилниот алкохол може да ја оштетите бариерата на кожа, не сакам да помислам какви проблеми можеш да си направиш. Во секој случај ракија никако не треба ни како совет да се пишува овде бидејќи не читаат од надвор и некој неиформиран ќе го практикува на себе. Затоа постојат многубројни продукти кои можат да го направат лицето чисто, но ви никој случај ракија не е најдобриот избор. Ве молам не пишувајте вакви луди идеи, подобро напишете каква кожа имате верувам дека ќе најдеме решение. Оваа категорија е една од најдобрите на форумов и најдобри совети и помош можете да најдете тука.
Преубави се единствено поради неа и одам во ДМ и не ја сушат кожата.До сега сум ја гледала на излог само во ДМ ама штом ја истрошам оваа со лимета и јаболко ќе ја пробам.
Дечки, ја користам Леврана мицеларната вода од Белина. Некако како суво ми е лицето после неа. Дајте предлог за нешто што нема да ми го суши/стега лицето?
Корејците немаат мицеларна Имаат вода еден со зелен чај другата со чајно дрво (барем кај нас што ги имам видено ) со таа вода е замена за мицеларна бидејќи нема алкохол и парфеми и се тоа таму. И не се измива мислам дека Ја измиваш убаво мицеларната после тоа? После тоа можеш хидратантен тонер со хијалуронска ,церамиди,пептиди. Тие ти се поголеми хидрататори и помагаат подлабински. Баш дека тонер оди одма после чистење на лицето и е базата на кожата и на цела рутина .
Препорака за отстранувач за шминка за очи и лице? Да има онака пола масло, пола вода. До сега со нивеа и со она на Дм вадев, но да сменам нешто сакам.. Се нанесува на памук и се брише?
Јас на дланка и директно на лице ставам. Некогаш на суво некогаш на полувлажна кожа (со влажни раце лицето натапкано), па го нанесувам. Протривам убаво и плакнам. И не ти треба многу производ да ставаш за секојдневна шминка да извади.
Даа, со нежни кружни движења цела маскара ја растопува. Јас рачунај леќи носам и некогаш заборавам нив да ги извадам прво па, со се нив никаков проблем со печење сум немала или вцрвенување.
Види ја сум скарана со мицеларна вода бидејќи последен пат кога пробав добив реакција на очите и ми потекоа . Но не би ми било проблем да разгледам какви има по состојки дека тие секако ке те исушат не се најчисти.Ако некогаш би користела или вака да предложам се знае кој бренд и која (сега зависи до кожата) . Оваа на ла рош за масна /мрсна кожа би била одлична бидејќи има цинк внатре што ке го намали малце тој себум и тој сјај,има глицерин за да остане таа вода во кожата за да не се презасуши и да не остане оштетена кожата. Не знам за цена која е знам дека на ла рош не се евтини ама искрено за тие состојки вредат тие пари.Големо пакување е секако,имаш безбедни состојки што нема да те исушат премногу туку само тие делови каде што себумот повеќе лачи и цинкот е тука како поглавна состојка што е потребна на мрсна кожа. Исто така и овој е добар на биодерма со цинк,но мене искрено кремите од таму не ми се погодија ама секој е различен. Искрено јас би вложила пари во овие две мицеларни што знам дека ќе помогнат и дека ќе се покажат ама еве ќе предложам и на гарниер: ( само искрено не ми се толку добри ниту состојките ми се свиѓаат ама пак ќе кажам сите сме различни)
Ти благодарам многу. Јас ја користев на levrana од зелен чај и веќе при крај ми е. Имам масло од балеа, но со мицерална ми е подобро во текот на денот кога сакам да извадам шминка па пак да нанесам. Ќе го погледнам овој на Ефаклар, само да не пече на очи.