Некни го чистев катчето и ги најдов овие отстранувачи. Сум имала, не сум знаела што имам. На Pulpe de vie не ми е ни почната. За другите да пишам: Маслото на Балеа ми е многу мрсно, чисти ама не доволно идеално е за вадење за водоотпорна маскара. Чистачот на Натура Сиберика темелно вади, значи сѐ. Како паста е, за шминка и потешки пудри топ. Мицералната на Натура мислам дека ми е второ пакување, исто добро чисти божем ќе ја чувам ами зашто Задоволна од неа. И мицералната на Леврана чии што очи малку трпеа печење ама беа чисти. Оваа е многу добра мицерална, ја вади и водоотпорната маскара. Сите се за комбинирано - мрсна кожа, нормална и комбинирана (чистачот) и мрсна кожа. Ама ја порачав и таа на Оливал да ми ја донесат и обезбедена сум за долго време. Бар нема да му ја мислам.
Мицералната на pulpe de vie не ја ставај на очи зошто пече ненормално јас само за лице ја користам ако не сум сигурна дека добро сум го исчистила. A Olival е супер ќе ти се допадне
Путерот на натура . Да дотрошам тоа што имам и дефинитивно пак ќе го нарачам. Нема подобар и потемелен чистач од него.
Е супер што кажа. На Оливал не пече? Се согласувам. Да те прашам на очи го користиш? Страв ми е на очи да ги пробам чистачот и мицералната на Натура да не печат многу.
Јас не користам масло бидејќи не ми се упива во кожата, користам млеко на зијаја од краставица. http://www.e-ziaja.mk/lice/mleko-za-lice/mleko-za-chistenje-na-lice-krastavica
Не треба маслото да се упие, треба убаво да го исчистиш лицето со кружни движења исто и зс очите и шминка ако си носиш.
A moze eve i ne sum ho koristela pravilno. Kupiv edno od dm ne mi e pri raka ke go slikam ama eden miriz so go ima ic ne mi prija.
Не се многу чисти затоа. Само те советувам не се грижи сите учиме и се надополнуваме . Можеш на влажно или суво лице, прво убаво во раце да ставиш капки ,потоа убаво очи лице ќе поминеш колку ти треба време ти ќе си одредиш и почуствуваш и ќе го измиеш темелно и убаво лицето со млака вода. Но може и да е до производот. Некогаш не се погодува . Ако сакаш прати ми кое го имсш или на интернет најди го прати линк ќе го проверам.
Ne ni znaev deka se mie posle. Ise taka si legnuvava a pistoto mrsno zamirisuva na neubavo. Toa se plaknelo.....
Се случува, нормално е затоа сме тука да прашаме и дознаеме. Не се пишува на производот бидејќи некој не се замара до толку (брендовиве) да објаснува.
Жива катастрофа е маслото, не е чудо што не ти одговара, а не си ја ни врши работата, плус и погрешно си го користела. Ти го препорачувам балмот All clean од Heimish, ептен е добар и чисти извонредно. Инаку, се става добра количина масло/балм на суво лице, убаво масираш со кружни движења да се растопи цела шминка, спф и сите нечистотии, се навлажнуваат рацете и повторно се масира за да дојде до процес на емулзификација, па на крај плакнеш, ова е прв чекор од т.н двојното чистење. После продолжуваш вториот чекор т.е со миење со гел или пена. Кога ќе завршиш со сето ова си продолжуваш со твојата вообичаена рутина
Мора да се плакне, ниту упива ниту има некаква функција. Ама дека чисти нешто да речеме чисти. Во зависност од кожата јас ти ја препорачувам пастата на Натура Сиберика имам погоре ставено слика. Темелно чисти сѐ, мене ми е многу убаво. Види таа е за нормална до комбинирана а има и црна паковка ама не знам за каква кожа беше. Види на сајтот на Белина. И уште нешто да напоменам не сите чистачи одговараат на сечија кожа,ако вас ви одговара не значи дека и на друг ќе му одговара иако имаме иста кожа. Затоа пред да вложувате во поскапи продукти барајте тестери бидејќи пример ако е чистач/мицерална пример знае да ви ја исфрли кожата.
Моментално оваа ја користам. Огромно е пакувањето, никако да се потроши. Не ми е нешто посебно, ќе ја сменам кога ќе заврши, ми здосади веќе.
Прво да напоменам ова е тестер. Како ми се најде за кратки патувања ми заврши работа. Меѓутоа, од мене големо НЕ. Не чисти, останува пудра на лицето + пече на очи. Многу пече, ризик јак мила душа. Ајде еднаш го пробав и никогаш повеќе. Има чудна текстура со ситни светки кои се прелеваат и некој чуден мирис не можам да препознаам на што.