Прво да се извинам ако темава постои но јас не успеав да ја најдам, ако не постои можеме овде да поразговараме дали користите нешто за триење на телото при туширање/бањање не мислам на сапун гел итн туку за пример мрежа за триење, сунгер, крпа, четка итн. Јас имам разговарано со мнохгу пријателки и секоја од нив има свој начин на триење на телото некои користарт оние мрежички другите субгер..... Па ме интересира освен дали и што користите и колку тие се хигиенски исправни бидејки остануваат влажни по употребата а влагата е погодно место за размножување на бактерии а и обично стојат во купатилото обесени па дали што е уште една можност плус да соберат голем број бактерии. Дали ни се овие нешта неопходни или истата работа миожеме да ја заршиме само со кружни движења на раката.
Јас користам сунгер Е сеа незнам колку се погодни за развивање на бактерии кога ќе останат влажни,но јас секој пат пред да почнам да се бањам го попарувам со врела вода,сметам дека така се уништуваат тие бактерии
Јас користам сунгер, како оној долу. А, за тоа кога ке остане влажен, пред наредното капење секако во врела вода го ставам. Инаку сакав да прашам на колку време ги менувате сунгерита/мрежите за капење ?
Јас го користам тоа од втората слика од мислењето на михаела барби. И да, мора редовно да се менува како што влагата е најпримамлива покана за бактерии и чуда. Toa другото со мрежичка го имам еднаш користено, после две бањања целото се размонтира така што се држам до сунѓерчињата и тоа по можност со таква порелјефна форма како на сликата што ја спомнав погоре. Планирав да си купам и сет со четки, меки крпи, сунѓери, масажери (знаете на каков сет мислам). Малку нека се тргне маглана ќе одам да си купам. Бањањето е чин во кој си уживам од мала и сакам да биде со сите салтанати.
Ракавица за бањање од ДМ маркет си ја купувам т.е. се продаваат две во кесичка се. Неможам да си го замислам бањањето без ваква ракавица со истата и мал пилинг се прави на кожата.
Сунгерче не врши работа ми стана премногу меко но затоа комбинација од дебела мрежа над сунгерче и тоа како! Не е марка ниту е дел од некој сет али е супер за триење све ваѓа Слично како ова
У евтини продавници за сваштарии. Пред да почнеш да го употребуваш потопи го во топла вода, нека отседи едно деноноќие, потоа добро испери го со прашок и нема да има никаков проблем.
Само мала забелешка околу тоа да стои 24 часа во вода и да се испере во прашок. Прво доволно е да постои десетина инути во топла не врела вода, и да се испере со средството што ќе го користиш за туширање никако со прашок, бидејки нема да можеш потоа добро да го измиеш прашокот и може да дојде до алергиска реакција. Но користењето средства за лична хигиена од пазар, кинески продавици итн носи свој ризик бидејки е тоа роба која не е доволно испитана и не е прилагодена кон европските нормативи за квалитет.
Затоа и го чувам толку долго у топла вода па го перам како што ги перам и другите алишта што секојдневно ги носам. Штом не ми се јавила никад у живот алергиска реакција на тој прашок што го користам на алишта нема да се јави и на сунгерчето. Обичен прашок за рачно перење... Ниту познатите козметички компании не продаваат производи прилагодени на европските нормативи за квалитет, и тоа е кинеска роба како и алиштата што ги купуваме од бутици секојдневно. Освен ако не купуваш роба произведена у Италија, што да ти кажам, оно све е кинеско... алергиски реакции можат да се јават на секого од сешто, зависи кој на што си е алергичен, ако некој има пречувствителна кожа нека не зема вакви производи зарад превенција ако се сомнева, тоа е.
Сунѓерче.До пред некое време и мрежичка користев,ама неможам да ја поднесам веќе... И да, претерувам ама го мењам на секои 2 недели