Имам четка од орифлејм порано ги имаше, сега незнам дали ги има, мојата е зелена, четката ја попарувам и така на некој начин ја чистам А имам и мрежички, нив ги менувам често и
Сунѓерче, и тоа од оние грубите со боцки Сакам убаво да се изрибам, ако треба три слоја кожа да сменам. Не дека сум толку нечиста ( ), туку зимски период многу ми смета што од маичките нечист ми се прави вратот, особено од ролки... секоја година мака мачам, а пустиот бел ми е како сирење... Неможам со луфа, исто ми е како да се галам со нејзе, а две имам дома поџабе ми стојат Освен тоа и ми изгледа невозможна да се исуши Вака сунѓерчето после бањање преку лето ќе си го закачам на жица надвор, ако е зима до радијатор - кај и да е за саат време е суво. Вакво долго за грбот не е лоша идеја хмм..
За кожата темелно да се исчисти, особено интимните делови, потребно е тушот да го земете в рака. Статичниот туш е добар за на крај кога е дозволено малку да се отпуштите и да уживате. Но, не може убаво да се измиете под статичен туш. Не дека не е изводливо, но ризикувате сапуницата да не е добро исплакната. При секојдневното туширање, добро е шампонот да го нанесувате со раце, односно да го мазните телото. Но, еднаш во неделата мора да употребите и сунѓер. Сега може да најдете и од оние како ракавица кои се многу практични, но внимавајте да не биде премногу крут. Самото триење помага за отстранување на нечистотиите и слојот мртви клетки. Откако убаво ќе го истриете целото тело со сунѓерот, убаво исплакнете ја кожата. Се препорачува секогаш да се користи средство за капење наместо сапун бидејќи дава поголема влажност на кожата и не дозволува таа да се исуши. За темелно чистење на кожата, кое мора да го правите барем еднаш неделно, постапката треба да ја повторите. Тешко достапните делови како грбот, најбезбедно е да ги поминете со четка за капење. Таа е мека и не претставува голема траума за кожата. Сега знаете дека целосно сте ја исчистиле кожата. Ако сакате кожа како свила, тогаш ставете малку бебешко масло на четката и поминете се.