1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Пивофестот во Охрид?

Дискусија во 'Слободно време' започната од davidguettabestfan, 18 август 2010.

  1. davidguettabestfan

    davidguettabestfan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Интересно е тоа што е покрај езеро и сл.Ама Пивофест за една година не се прави,чисти глупости. Прилеп со го има пивофестот 5-6 години како летна традиција е..
    Ама ова со Охрид чисто за пари,бидејќи е туристички град.Оставајте ги вашите мислења, се надевам дека ви се допаѓа темава..xD
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Леле јас читам Пивофест и прва асоцијација ми беше Прилеп :D
    Зарем и во Охрид има ?
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Имаше во Охрид, да.
    Морам да кажам дека баш тој викенд бев и убаво си поминав.
    За организацијата неможам да зборувам многу , ама дента кога беа Бјело Дугме беше ужасно, се мешаа музиките, ма прав хаос. А за другите денови супер!
    Владо Јаневски беше прекрасен како секогаш, потоа Ареа, па сите бендови...
    се налеав со пиво :rofl:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Организацијата УЖАС, поужас здравје!
    Јас бев само првата вечер и потоа не се ни осудив да стапнам, а и онака ми беше само заради Ван Гог.
    Мислев дека просторот ќе го опфаќа делот од стадионот Билјанини извори, а не едно мало правоаголниче надвор од стадионот, за таа огромна толпа народ. :^) Кај им бил паметот?
    Башка, под Пиво фест нели се подразбира повеќе видови на пиво, а не само Скопско, Лашко и Каменица?
    Па едно време снема пиво на штандот на Лашко, а лименки не им донеле, прва вечер де, затоа. :^)
    Рикна озвучувањето за време на настапот на Ван Гог и тоа повеќе од 15-тина секунди, јас не знам како не се налутија да си одат.
    Едно време од толку гужва ме фати паника, мислев ќе не згази стампедо со другарките. Се повлековме поназад, на тој неасфалтираниот дел, и кога излеговме, патиките од бели ми станаа кафеави. Прашина до колена.
    Многу лоша организација, не се потрудиле воопшто за таа програма што ја имаа подготвено.
    Нашиот Пиволенд е измислен, ама ајде првпат им е...
    p.s. Без навреда, ама не укопчав баш зашто Охрид си организираше Пиво фест? :^) Скопје си има пивара, Прилеп - исто. А Охрид? Можеше да помине истата манифестација со друг концепт и далеку подобра организација.
     
  5. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    Прилепскиот е искрено најдоар не дека сум од прилеп али секогаш има се подобар и подобар рејтинг..
    П.С сите градови треба да бидат но нешто оригинални а не копии(ми смета да сум копија)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Точно, се‘ за пари.
    Не беше НИШТО ПОСЕБНО. И плус гратис добив туширање со пиво :puke:
    И криво ми е на првата вечер што не бев. Бар ќе поуживав во музиката на Ван Гог.
    :|
     
  7. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Пиво фестот во Охрид бесе одличен и повеќе од тоа ...со оглед на тоа дека се дешаваше прв пат во Охрид.Па зошто да нема во сите градови кога очигледно луѓево сакаат најмногу вакви дешавки,не за џабе се најпосетени,големо чудо копија било...."Правоаголничето" беше далеку од мало,местото беше огромно.Сите денови одев од почетокот до крај и можеше баш да се примети просторот само што секоја вечер се собираше околу 400000 народ па може ете на некој му изгледало дека местото е мало.
    -За врстите на пиво...сигурна сум дека наредна година ке го има секое можно пиво дека пивариве што не влегоа видоа колку може да биде огромна посетата и во Охрид.
    -Озвучувањето беше стварно јако и предоволно за тоа место,ете некои и се жалат дека им сметало на Бјело Дугме што биле а дека рикнало не приметив баш такво нешто...па и 15 секунди да снемало големо чудо и на светски настани се случуваат такви зафрканции па никому ништо.
    Искрено јас бев и на Прилепскиот ама не ми се свиѓаше(некако сељачки ми беше) баш ама ете секој си има право на свое мислење и секој има посебен вкус...излегов како пушена колбасица од таму :lol:
    Значи стварно дечките од организација се потрудиле многу за тоа и беше одлично,преубаво си поминав и одвај чекам другата година пак! :) Доказ дека беше стварно добро направено е тоа што секој ден имаше навала од луге кои не се само шетачи..доагаа и остануваа при крај.Имаше мн добра атмосфера збеснаа лугето..посебно на Ареа,Ван Гог и Рибља Чорба!ЛУДНИЦА! :D
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Мартинче 400 000 во вечер сигурно немало, сакаш да кажеш дека скоро пола милјон луѓе имало ?
    Сигурно мислиш 40 000, ама па и тоа е премногу.
    Борис Трајковски собира 7 до 10 илјади, едино Тоше на стадион по 100 000 собираше и тоа крцаше стадионот ( полни трибини, полни помошни и полно игралиште) ...да не зборам за местото кај Билјанини извори.

    Искрено јас сум скептична за овој Пиво Фест, некако ми звучи како копија на Прилепскиот. Гледам и во Ск нешто слично организираа пред некоја година на Кале мислам дека беше.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Во Ск е Пиволенд и се организира од поодамна и годинава мислам дека ќе има пак, само не сум сигурна за датите.
     
  10. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    izvinete 40 000 :)
     
  11. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Местото е огромно и знам од сигурни извори дека имаше 40 000 народ...па и 30 000 нека се ако мене ми преувеличиле ама знам јас гледав одзгора значи народ беше тоа...гунгула :)
     
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Оваа тема можеше да се отвори пред самиот настан за да дискутираме, ама ајде... било што било.

    Пивофестот во Охрид има добри и лоши страни.
    Лоши: лоша организација, немање спонзорство (само 7 видови на пиво имаше |( ), лоша локација, ПРЕлош тајминг (во најнајсезоната каде што ни охриѓаните немаат каде да спијат!)
    Добри: имаше пивоооо, имаше добри изведувачи (I :l: Area & South Park)

    Сепак, Охрид нема охридска пивара и со тоа смешно е да има Пивофест, нели? И плус, лошите страни ги надвладеа добрите...
     
  13. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Па луѓе нормално дека ќе го прават во нај нај сезоната..па тогаш е нај преполн Охрид и треба ли организаторите намногу пари отгаш да соберат...нели се се организира за пари!А подобра локација за ваков настан во Охрид не ми е позната....и што беше толку лошо во организација...мене ми изгледаше се супер и на ниво.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Заборавив, озвучувањето морам да го пофалам. Од Дугме ни Д не се слушаше.
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Пивофест е главна манифестација во Прилеп. Охрид си има други позитивни страни со кое привлекува доволно посетители, што значи дека не му треба една ваква лоша копија. Па нема ни пиварница во Охрид. Ужаси!
     
  16. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Јас бев сите три вечери на пивофестов и наааааааааАјубаво си поминав...ВАН ГОГ, РИБЉА ЛОРБА, АРЕА, ВЛАДО ЈАНЕВСКИ и други бендови направија ТОП атмосфера...посебно за рибља чорба беше најако (малце претераа со фрлањето на чаши пиво од сите страни...) , топ друштво, пиво колку ти душа сака :D незнам за другите ама јас најубаво си поминав тие три вечери :lol: :rofl:

    Абе пивофестов во охрид за првпат добар им е..се надевам дека ќе стане традиција :) , секоја година да носат добри бендови како овој пивофест! :P
     
  17. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    хахах мислев на РИБЉА ЧОРБА :$
     
  18. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    бев, видов, ме истуркаа ме испосипаа со пиво имаше малку типови на пиво тоа не чинеше ама пак гостите беа супер и направија добра забава само во иднина би требало да го стават на подобра локација и да има повеќе простор
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Бев, видов и супер поминав!! Јако беше!! Добри групи и пејачи, супер журкање!! :) Добро би било да стане традиција. Охрид баш и нема некоја ваква манифестаација каде што народов баш може да се забавува.
    Бтв Скопје први го презедоа од Прилеп (иако го прекрстија :) ). Тоа трееба да е најмалку битно, важно е да се дружиме! :lol:
     
  20. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Ќе кажам кратко и јасно..
    ...бледа и лоша копија на Прилепски Пивофест!!