Се согласувам со тебе , правилниот Пиво Фест го има Прилеп , во Охрид преку летниот период прават бидејќи е полно со туристи и е исплатливо , но воедно има добра забава , концерти , ова лето беа Владо Јанески , Рибља Чорба , Слаткар и имаше и некој други.
оваа лето еден од најубавите викенди ми беше Пиво фестот во мојот сакан Охрид....ПРЕКРАСНО беше...лудување до зори таму напред, пред бината, скокање на озвучењето......неопишливо со зборови сакам пак
Копија или не ,луѓето вадат пари ,трошат пари ,туристи еден куп ,народот што пијан ,што задоволен...Битно е да се веселиме А нашиот е најдобар ,без лутки и тепачки
Пивофест во Охрид ? Зошто да не ? Јас бев лани и беше интересно.. Баш се сеќавам дека настапуваше рибја чорба.. Охрид е туристички град и треба да има повеќе вакви манифестации
Ахааа, еве најдов 30 ЈУЛИ(Сабота) 20.00-21.00 Видео концерт на AC/DC 21.00-22.30 CONNECT + offical dj of the concert (Panco Aka Shorty) 22.30-00.00 Superhiks 00.00-02.00 POZDRAV AZRI 02.00- ??.?? The best of Rock Dj Program
Мислам дека сето тоа е копија на Пивофестот во Прилеп кој се одржува веќе 9 години и стана традиција, а ако му треба нешто повеќе забава за туристите во Охрид тогаш треба да им дојде идеа нешто ново да направат со што ќе се познава летото и кај нив
мислев дека темава е за што мислите за пивофестот во охрид а не скокна прилеп да се брани секоја манифестација има свои позитивни и свои негативни страни...прочитав како во охрид сите ги испотуриле со пиво демек ак бевте на друго место ич не ке ве потуреа!!!!и во обичен кафич да сте ке ве потурат па што!?! и заклучок сепак сите бевте зашто ги имаше најдобрите изведувачи.
Па секоја манифестација си има свои позитивни и негативни карактеристики..присуствував на двата и во Прилеп и Охрид..На двата си поминав убаво.
После синоќешната журка... само пофалби Додуша повеќе за тоа се заслужни Суперхикс. Сите коски ме болат, ама вредеше чекањето
И јас мислам дека Охриѓани треба да измислат нешто пооргинално, сепак во Прилеп подолго време се одржува
Леле Хипица незаборавна ноќ беше значи вчера со суперхикс и да се изначекавме, ама имаше и кого да чекамее.... П.С Само ако си се туркала во мене ќе видиш убаво лом ми се направени патиките!
^ И моите беа лом И алиштата пивосани и испотени. После секоја вечер таму цела облека што сум ја носела комплет оди на перење.
Добра програма имаа оваа година, посебно Суперхикс (најлудо беше), а морам да кажам дека и последната вечер (со трубачите и Сека) беше многу весело, ко на матура се осеќав Само цената на пивото не би требала да е толкава, посебно не на фестивал за пиво, место да е поефтино, они поскапо даваат.
Јас не отидовв во Охрид за ПИВОФЕСТОТ... Но мислам дека во Прилеп сигурно беше поубавоо со Здравко Чолич и Харис Џинович!
Гледам Бело дугме повеќето ги спомнувате, јас бев тој период во Охрид ама не слушнав дека ќе настапуваат. (жива ќе се изедам, омилени ми се ) Ако може некој да ми каже кој датум настапувале?
Рибља Чорба беа оваа година, лани беа Бјело дугме во Охрид, ама не на Пиво Фест. Еве што имаше оваа година http://www.kadevecer.com.mk/nastani/det ... -fest-2011