1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за вашите другари/другарки?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од sara3, 29 септември 2012.

  1. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Ајде да си кажеме што мислиме за нашите другари/другарки. :)
    (Колку да тепаме досада :D ,ако е дупла темава или сл. слободно канта :) )
    Паа јас сум прва и почнувам:
    Јас имам две најдобри другарки со кој ги споделувам тајните и тие со мене,мислам дека двете многу ме сакаат а исто така и јас нив.Постои вистинско пријателство но тешко е да го најдиш.
    Со едната другарка живеам веќе 9 години :) а со другата 4-5 години.И на двете му верувам но сепак имам една тајна кој на никој ја немам кажано.Што мислите треба да му ја кажам или не? :worried:
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    си имам и јас 4 најм што си ги чуствувам навистина блиски и можам да им кажам баш се
    не дека останатите 10 не ми се блиски ама не можам да им се доверам и отворам баш секогаш
    а јбг некогаш се знае и ме разочарале..што го сметам за нормално
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас немам најдобра другарка со која можам баш СЕ да зборам.
    Имам една другарка со која не сме толку блиски,ама многу се разбираме и исто размислуваме за некои работи.Па така да со неа највеќе ми иде муабетот.
    А инаку имам и други другарки кои не ми се нешто многу блиски,иако секој ден сме заедно.Ама ајде ќе видиме.Времето ќе си го направи своето.
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Се најдобро, никогаш за никого јас не мисалм зло! Тие се интересни и весели, никогаш не ги интересира што другите мислат за нив, лесно наоѓаат забава а што е најважно, со нив никогаш не е досадно! Но, сепак не можам за се да им се доверам, сепак ако некогаш се раскараме од кај да знам дека нема да кажат за моите тајни на други? Затоа единствената личност на која се и кажувам е мојата Мајка, таа освен што ми е мајка ми е и најдобар пријател! :D
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Околу 10 другарки сме во друштво.

    Дел од нив се личности кои имаат пари, моќ и не се замараат за ништо. Не ги знаат вредностите на животот, a не се ни трудат да ги учат. Убедени дека секогаш во животот ќе имаат пари, а што имаат пари имаат се`. (Според мене многу погрешно мислење е ова)

    Другиот дел од другарките се лицемерни лица. Се гушкаат, се бакнуваат, срце, душо а тие се мразат од дното на душата. Се умилкуваат само колку да дознаат која со кого иде и потоа оваа другата да и го земе. Да и попречи. Некако веќе ова земањето на дечковци ритуал стана во нашето друштво...
    Ако и кажеш на една некоја тајна, знај и сите околу неа ја знаат. Само молчат, до одреден период и после коа ќе се скараат сите вистини на виделина излегуваат. Едната што прави одма тоа и другата. Едната што облекла одма и другата. Абе копирање до бескрај. Никаков став кон нештата, никаков индивидуален стил.
    Толку се љубоморни една на друга. Тоа не ни пробуваат да го скријат. Туку одма се закачаат и онака бесно те гледаат.

    Има уште многу да пишувам кога се работи за нивно опишување. На моменти толку мразам што ми се другарки, но тоа е. Толку години сме заедно. Сега е доцна да наоѓаш друго друштво. Но, затоа се тука пријателите со кои можам да кажам дека многу поубаво се чувствувам...
    И бидејќи јако се имам изгорено од ''другарка'' имам едно правило. Никогаш да не се доверувам никому. :)
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    ^ истото и јас го имам во друштвото ама затоа на нив не им се доверувам за ништо,ретко,ретко за нешто можам да им се доверам..За тоа постојат моите 2 најдобри пријателки иако и нив не им кажувам баш се..Многу нешта кријам во себе и затоа ми е тешко понекогаш..Им завидувам на оние кои имаат одлично друштво без никакви маани и секогаш се сложни.Блазе си им.
     
    На Cute_girl14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Sara3 никој не е совршен верувај ми, можеби се прават дека се е совршено, но и во најдобрите друштва има по некоја мана, која или добро ја прекриваат или пак не се ни свесни дека ја имаат! Затоа не им завидувај на привидените добри нешта и радувај се што ги имаш оние 2 BFF, за кои си сигурана дека ќе бидат засекогаш со тебе! ;)
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денес е права реткост да имаш навистина добра другарка со која може се` ама баш се` да споделиш.
    Некои ја имаат таа среќа.
    Јас мислев дека имам најдобра другарка, но излезе дека немам. Таа е сега личност што најмногу лошо ми сторила во животот.
    Сега се со мајка ми си споделувам и многу полесно ми е. Бидејќи знам дека вистински совети ми дава, за мое добро. :)
     
    На Kerim, LittlePinky и sara3 им се допаѓа ова.
  9. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Искрено,немам со што да се пофалам. Досегашните другарки,се далеку од добри пријатели.Јас секогаш бев до нив кога им требаше услуга,им бев рамо за плачење,глумев психијатар,јас бев таа што слушаше работи и што треба да се слушнат и не... Не дека се претставувам добра,навистина беше така.. А јас сум личност што не сака премногу помош од секој,сакам се зама да си завршам,и 1 годишно барам да ми прави друштво и таа ме откачува заради тоа што имала премногу за учење |( Ама зошто ми се вакви околностите,сите луѓе кој ги запознав се страшни идоти ;(

    Се надевам дека сега во средно ќе запознаам подобри. :angel: Надежта последна умира.
     
    На LittlePinky, loveeeeeeeeee и sara3 им се допаѓа ова.
  10. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    @Bescheiden Знам како ти е .. и јас го поминав истото .. сега имам другарки ама не му се доверувам толку многу .. како тие мене така и јас нив.
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  11. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Јас не верувам дека некој може да има повеќе најдобри другарки, секогаш ќе има некоја која ќе издаде и нема да одговара, Јас имам среќа што ја имам најдобрата другарка како за мене да е правена, заедно сме од мали и се и кажувам од неа ништо нема излезено... а за доверувањето јас мислам дека не треба на никој да му се доверуваш ако не го познаваш доволно или не си сосема сигурна :)
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Лично многу повеќе би им се доверила на другарите отколку на другарките. Со исклучок на 2 сите други се тешки лицемерки кои пред тебе се во состојба да направат да се чувствуваш како најпосебна личност на светот а зад грб те озборуваат. Поточно отсекогаш сум избегнувала колку што можам да барам помош од некогу или совет но луѓе сме и на сите ни треба понекогаш разговор. :)
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.133
    Допаѓања:
    88.428
    Пол:
    Женски
    Сите имаме свои лоши и добри страни. Како јас, така и тие. Понекогаш кога им требам не сум им се нашла, кога тие ми требале не ми се нашле, но на крајот секогаш сме тука едни за други иако секој има свои проблеми.
    Не можам да кажам дека не ми се другарки, зошто така излегува дека и јас не сум им, нели?
    Секој си мисли дека своите проблему му се најтешки, па некоја може да превртува очи кога и зборувам за нешто, исто и јас... но, само на нив можам да им се јавам во 4 по полноќ и да им се исплачам на телефон, исто и тие... само со нив можам да направам муабет на секоја можна тема од А до Ш.
    Другарки ми се толку колку што сум им и јас на нив.
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cinderella11

    Cinderella11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    51
    Во дрштвото сме 9 другарки..И само сакам да им кажам благодарам за насмевката кога бев тажна,затоа што сите заедно плачеме и се радуваме..Тие се тука кога ми е најтешко,но исто се тука кога сум пресреќна..Ниту една од нив не е лицемерна или пак да има некоја неагтивна особина..Тие за мене се најдобри и ќе останат најдобри личности што ги знам :inlove:
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. adele19

    adele19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не знаев на која тема да пишувам, па ја најдов оваа како најсоодветна.
    Само една од сите другарки кои ги имам (а ги имам во голем број) ја сметам за најблиска. Таа ми е и цимерка. Таа е онаа која знае се за мене. Буквално се. Од неа не кријам ништо. Таа секогаш била до мене коа ми била најпотребна. Ја сакам и ценам премногу и никогаш не сакам да ја загубам. Безброј убави работи сум направила за неа. Не се добројуваат. Некои дури и ми се чудат. Секако понекогаш и сум згрешила. Проблемот е тоа што кога и да згрешам јас таа тоа ми го префрла постојано. Како она да е безгрешна. А сите убави работи што сум ги направила за неа никогаш не ги спомнува. А грешките ми ги памти секогаш/ Големо злопамтило е. Друг проблем е тоа што таа секогаш се кара со моите дечковци и ни еден од нив не и се допаѓа па затоа имам проблеми и со неа и со дечкото. Не знам што да мислам. Дали навистина ми е другарка? Ве молам за ваше мислење......
     
  16. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    ^ Вака.. нема љутиш овде :)
    Според мене мислам дека не ти е најдобра и верна толку колку што кажуваш ..Ако ти е најблиска и верна не треба тоа да ти го прави..Мене тоа да ми го направи другарка ми ,искрено одма ќе и се налутам..Не сакам такво пријателство..Многу подобро би било,ако другарка ти се подобри со својот карактер и не биди таква каква што ти ја опишуваш. :)
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Мојот другар и другарките се најдобри на цел свет, никој нема такви и не ги ни давам :P :D Напишав еден опис во СДК пред некое време. Прекрасни луѓе се и уште попрекрасни пријатели. Се сакаме, се караме, се разбираме. Имам многу да пишувам и раскажувам за нив, ама нема да е доволно. Не знам дали некој друг има таква среќа да има вакви пријатели, ама ако нема, ви посакувам сите да си најдете вакви сродни души, пријатни луѓе, забавни деца, полни со љубов. Ги сакам, искрено, силно.
     
    На Name, DzingrlakaDzikica и sara3 им се допаѓа ова.
  18. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    ^ Ти завидувам :Z
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Имам две или една вистински. Им кажувам 70% од работите за себе. Од други сум се изгорела. Имало и колешка со која бев блиска ама штом си фати ново друштво дури ни на фб не одговара. Друга другарка се омажи и исто ни на фб не сака да пише. Па тоа не се пријатели. Тешко е во денешно време. Меѓучовечките односи се за никаде, само во себе човек треба да верува. Јас буквално и во роднини доверба немам. Порано беше поинаку, па дружба, па се сакаа роднините, па си одеа на гости. Сега сите попреку те гледаат и лошо ти мислат.
     
  20. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Исто и јас. Пази што збориш,никој не е сигурен :!: