Сеуште сум во потрага по добри и вистински другарки, овие сега не би ги нарекла другарки, само корист.
Со текот на годините се помалку ги имам повеќе да речам имам неколку пријателки.Ама не ме гледајте мене јас сум научена сама можам да речам никој не ми фали си ги имам децата и мажотми. Како дете имав другарки ама со текот на времето се одделивме.
Ги обожавам. Едните се луѓе на кои можеш навистина да се ослониш, се да споделиш, да те сфатат, а да не те осудуваат. Луѓе за кои би направила се Другите се мн љубезни и едноставно пријатни. Го прават светот поубаво место. Те викаат на гости пример и те пречекуваат со тазе направена пита, таа што знаат дека ти е омилена, кафенце, едноставно сакаат да прават убави мали гестови. Другите се уникатни и забавни. Едноставно ништо не би било исто без нив И останатите се луѓе кои сум ги запознала во одредени периоди во животов, така сакале приликите, и сме поминале одредено време заедно. Ми се нашле мн и јас нив за запознавање нови култури, проширување видици. Тука спаѓаат цимерките од други градови, луѓето од други држави, за нас др светови, кои сум ги запознала пример на курсот за јазик, другите Македонци кои си ги запознал во туѓа држава и каде на сите ви е едно заедничко, носталгијата. Дружењето почнало како начин за тепање досада, но се претворило во убав однос од кој имам убави спомени. И сите ми се драги и сум многу благодарна што ги имам.
Не знам дали сум таков тип што секогаш за глупости се лути, но на мене другарките секогаш кога ќе ги прашам за излегување ми велат дека немале време.
Најскапоценото нешто кое го имам. Периодов поретко се гледаме, ама 'и во добро и во лошо' секогаш сме ние трите.
Се повлеков целосно. Низ годините низ секакво светло ги имам видено сите со кои сум се дружела. За времето никогаш не жалам, сум се нашла, сум помагала, сум делела проблеми, радости.. и ден денес да се разминам, не се срамам и не си го пуштам погледот долу. Најкриво ми паѓа што луѓето многу доцна разликуваат вистинско пријателство. Колку и да сакам некои да ги оправдам, не можам да им ја негирам расипаноста што ја носат во себе.
Арни се, секој со свој карактер. Добра душа имаат и ме поштуваат шо е најбитно. Тие шо беа расипани им удрив клоца не ми треба додатна негативност у животов.
За другари другарки можам да кажам дека ги немам во изобилство (мислам на оние најблиските) ама скапоцени ми се. Знам дека сум тежок карактер и алал им душа како ме трпат Мала шала. Сите различни карактери сме ама се разбираме и поддржуваме и во добро и во зло. Среќна сум што сум една од ретките кои другарките и другарите не и се од корист. Тоа е реткос во денешно време.....
Ејј времиња. Ова пред три години. Update: денешното друштво ми е сменето од корен, со сосема други личности се дружам сега. До кај ќе тераме не знам, времето ќе покаже. Важно знам дека животот од тогаш до денеска, на пријателски план ми се промени многу, така да дечки ќе ви дадам еден совет да не се врзувате многу за некои личности во животот како што се пријателите бидејќи денес ги има, а утре веќе не. Се е минливо и пролазно во животот, едни си одат, а други доаѓаат. А дали ми е криво за претходните? Не. Спомени имаме многу кои ќе ги паметам засекогаш, важно нема да ги паметам по лошо. Фала им што ми беа дел од моето секојдневие.
Секој период што доаѓа носи нови работи, исто и нови луѓе.Имав случка каде што се здружив со една другарка абе кликнавме од прва значи секој викенд некаде идевме обавезно, но по некое време јас породена нови работи нови навики дочекав да ми се јави и да ми каже да се оправам малце и дека детето не ми е се во животот и да почнам да слабеам дека сум се запуштила.Ама не ме праша како сум и дали постигнувам се сама, иначе уште ме чека да и се јавам да се видиме ама здравје ќе биде, кога детето нема да ми биде се во животот и кога ќе се оправам.Некок луѓе едноставно сами се откачуваат кога треба,фала богу иначе ќе шизнев ако и ги слушав муабетите