Другари/ другарки е широк поим. Такви имам многу. Што мислам ? За кого како. Цели денови ќе треба да пишувам ако ги анализирам секој посебно. Но , оние најверните кои знаат нешто повеќе за мене, на кого можам нешто да им кажам и да си ја олеснам душата без потоа да си слушам муабети се 2 другарки. За нив мислам дека се фини , мирни девојчиња кои се надевам знаат да чуваат тајна.
За другаритеивотот го давам,немам збор за нив. Другарите ми се и другари и другарки. Бидејќи немам другарки,само другарите се тука за мене ))))))))
Како помала се и кажував на мојата наводно добра другарака Ал_________ ,но видов дека е превртлива, се нешто измислуваше и преувеличуваше--- и веднаш се отргнав од неа. МОМЧИЊАТА сите се ОК. Од девојчињата можам да издвојам 4-5 кои не ме повредиле и се искрени (така јас мислам) С___ Т___ Г_______ М_____ *доколку некој ме познава мене сигурно знае и за кој се однесува сето ова
Па мене искрено ми е поубаво со машките да се дружам отколку со женските. Отсекогаш, каде и да одам со машките супер си поминувам, знаат да чуват тајни и све. А од женските имам само 4-5 на кои им верувам, им кажувам тајни, ме немат повредено и сл .
Јас имав 1 нај нај верна другарка и таа ме изневери , ја се нејзе и кажував и со тек на време почнав да се дружам и со едно друго девојче кое мислев дека можам да ја сметам за најдобра другарка ..и оваа првата што цел живот ми беше верна почна да љубомори ,почна да се дружи со тие што најмногу ги мразам и се им прекажа за мене .. а до тогаш секако за нив зборуваше.. А таа пак што мислев дека ќе ми биде најдобра другарка после оваа првата истото го направи.. Сега ми се лижат двете пак ама јас поќе со нив .!. другарка ..Сега имам една најверна другарка и сепак не и кажувам се за мене затоа што сфатив дека во овај живот на никој не треба да имаш доверба..само во СЕБЕ! ^ затоа не се исповедувајте многу на другарките/другарите,од искуство ова ви го кажувам. и да не заборавам дека машките се поверни од женските ..
Најдобра другарка - сестра ми. Буквално се можам да и кажам. Среќна и благодарна сум што ја имам. Од другите другарки не очекувам ништо добро.
Само една имам ептен блиска како сестра. Останатите се повеќе пријателки со кои сум многу блиска и ми оди муабетот, но не до толку да им кажувам се. Имам една колешка од факултет, има керкичка сега ама тоа не ја смени воопшто, една која ја познавам многу одамна, пред 2 години му стана девојка на братучед ми па се заимав уште повеќе со неа, една која е помала од мене но ја знам цел живот, и една со која се заимав преку дечко ми но ми стана многу мила. Со сите овие излегувам на кафе, сум многу блиска, се слушаме често итн, но само една можам да ја наречам ептен блиска другарка. Малку сум од таа страна тешка, бидејки се изгорев повеќе пати со лажни другарки, дволични итн, па пазам со кого, што правам, и што зборувам.
Дека имаат уште многу с**ња да видат и доживеат пред да станат вистински мажи ,а не да ми се к**чат со финтите од 5-то одделение.
Ретко, навистина ретко се зближувам со луѓето. Едната од нив е начитана.Филозофот во друштвото.Напатена од комплекс на нижа вредност.Желна да биде центар на внимание.Често е навредена од мене заради што ми држи вода ставот дека интелегенцијата не се вреднува во прочитани книги.Може ги зборува сите романски јазици, ама уште не пронашла начин како да зборува со нас луѓето..простите Знае да се снајде на тест, а во животна ситуација послабо.Ме иритира што не знае да прифаќа совети, најдобронамерни.Убедена дека мора да е најдобра во се и често разочарана што не е. Сонува за идеална љубов.Романтик вечен.Претерано амбициозна, убедена дека живее брзо и единствен изговор што незнае да задржи маж покрај себе е дека не го прати нејзиното темпо.Често љубоморна.Има една болна точка, мило и е ако си неспокоен кога таа е , така заедно можете да бидете несреќни. Сума сумариум, знае да гледа на кафе и се поклопува со мојот профил на психопат. Двете си го имаме испланирано погребот и носиме белегзии со best friends. Ја разбирам на мој начин. Имаме навика да молчиме затворени во една просторија со часови.Моментите на молк само ние си ги разбираме, тогаш е кажано најмногу. Втората ми е другарка подолго време. Си го имаме муабетот. Ист вкус за облека и музика.Незнае да биде комплетно искрена.Битно и е како изгледа во туѓи очи.Ептен наивна, ги става туѓите интереси во преден план.Сака да остави добар впечаток и многу и е криво ако не успее во тоа.Некако чудно ми се пикна под кожа и си ја сакам на свој начин.Сестра со која единствено не делам мажи и ДНК. Третиот е ..родителот.Така го викаме оти тој и татко ми исто размислуваат.Искрено многу ме боли што несака да признае дека е хомосексуалец.Често се труди да замаскира работа како да е стрејт од страв дека ќе се осудува самиот себеси, а не од нас. Знае дека знаеме и дека ни е ок.Зрел за годините, доста неискусен патријахално воспитан. Ги цени вистинските вредности во животот. Многу повлечен. Години ќе ти требаат да ископаш до неговото вистинско ЈАС.Ретко покажува што чувствува. Знае да премолчи ако има некој проблем. Мислам дека и покрај тоа што имам мал круг на луѓе што се дружам, сум навистина посветен пријател.Оние кои ме познаваат можат да го кажат тоа.
Јас имам само 1 вистинска другарка..Сите други само ми се правеа другарки и позади грд ми збореа. Не е битно. Ми пукна филот и со сите ставив крај освен со таа 1 најдобра другарка што ми е..Девојчето знае буквално се за мене исто и ја за неа. Не сме совршени и ние се караме и се тоа али никад не се десило да ја издадам или она мене...Најважно од се е што се почитуваме една со друга..Мн бев наивна едно време и мислев дека сите ми се другарки -.- Се додека не почнав са слушам муабети за мене . Коа им требав тука бев коа ми требаа нигде ги нема.. Затоа..Памет за др. пат да не верувам за сите...
Ги имам доста во изобилство не дека сите ми се најдобри другари,едвај на пет прсти да ги наброиш уште од детството ми се,ама имам доста пријатели со кој одам идат се дружиме многу добро,но не споделуваме интимности.За сите мислам све најдобро јас сум таква кога се дружам со некого мислењето ми е се најдобро ако некој не ми одговара и има доста лоши работи да кажам за него воопшто не се наоѓа во мојот круг а да признаам има доста и такви но со нив едно обично здраво од култура.
Моментално имам две најдобри другарки на кои верувам дека секогаш можам да се потпрам. 1.Мајка ми-на која секогаш можам безрезервно да се потрпам и да добијам совет,кој е најдобронамерен,искрен и точен.Моите најголеми тајни ги знае само таа. 2.Другарка ми xxxxx-на која исто така можам безрезервно да се потпрам и како на вистински пријател да и кажам се што ме мачи,а притоа советите кои таа ми ги дава се слични и добронамерни слични како на мајка ми. Имам широк круг на пријатели,другарки,колешки,познанички,но на ниедна друга освен на мајка ми и на другарка ми не можам да и се отворам во целост. Порано можеби бев понаивна,но сега со опрезност ја проценувам секоја можна ситуација,и со ладна глава перципирам кон решавање на истата.
НАјдобра другарка - сестрами, со неа можам се да раговарам на било која тема. А за другарките па добри се ама не би им ги кажувала сите мои тајни, незнам едноставно не ми се многу доверливи луѓе.
Многу се луди со нив си поминувам најубаво и најлудо ме расположуваат и тука се да ме утешам смешки сме.Секако дека имало моменти кога ме разочарувале но важно после се излегувало добро.
Моите другари се најлудите личности кои сум ѓи сретнала во мојот живот.Со нив го поминувам најубавото време и секогаш се тука за мене во добро и во зло.Срцки се многу си ѓи сакам!!!