Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за вашите другари/другарки?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од sara3, 29 септември 2012.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка и еден другар што најмногу си ги сакам :inlove: .

    Другар ми е доказ дека постои другарство помеѓу машко и женско и тоа вистинско не како оние другите што ајде другари другари па оп те прашува за мување :rofl: . Оваа другарство навистина е вредно за мене така знам какви се машките и што мислат си кажуваме тајни и не сум слушнала да издал до сега и сега имаше проблем со девојка му ми се довери мене за совет ова никој не знаеше и ми е мило на мене што ми се доверува мене и може само пред мене да си ја отвори душичката како он што вели. Понекогаш е тврдоглав ама пак секој си има свои мани.

    Другарка ми ја знам веќе 7-8 годинки. За разлика од другар ми со него се знаеме помалку. Се случувало некоаш да се скараме но брзо поминува. И колку пати да сме се скарале пак сме си другарки тоа е знак за вистинско пријателство. На неа и имам кажано една тајна што баш на никој не ја кажав ама баш никој незнае. Па дури и мајка ми ја излажав еднаш во врска со таа тајна зошто несакав да знае баш секој.. Во неа имам многу доверба и ми е мила како сестра што ја немам.
     
  2. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    имам 3 најдобри другарки кој многу ги сакам и им верувам :inlove: 7 години сме BFF не верувам дека некогаш може да ме разочараат
     
  3. kiki.sunshine

    kiki.sunshine Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    јас немам најдобра другарка, што понекогаш ми фали.
    Имам најдобар другар, на кој му кажувам буквално се, имам плачено пред него, кај него идам кога не ми е како што треба, секогаш бил тука за мене, СЕКОГАШ.
    Другарки имав, се изгорев, реков дека нема повторно да се зезнам така, ама се зензав. ПОчнав пак да верувам, пак да идам добра другарка, за плачење, за совети, за друштво, за криење, потпора пуквално за се, за да на крај фати дечко и од време на време знае да и текне дека постојам.. не е како што беше, никогаш нема да биде, и никогаш не зборевме за ова, не се осудив да разговарам со неа иако ми беше многу блиска, од причина што многу добро ја познавам и од секоја караница јас го извлекувам подебелиот крај, и ако зборам со неа , ќе се одалечи, а не ми треба тоа. И онака ми е единствената што ми остана.. каков таков муабет некаков имаме.. само криво ми е.. затоа што и јас имам дечко и никогаш не се сменив поради тоа, кога требаше да бирам меѓу неа и дечко ми , секогаш ја избирав неа..се разочарав најверојатно затоа што очекував да го направи истото и за мене. така да, кога ми треба женски муабет, немам со кој да го направам.. а касно е сега да барам нови " најдобри" другарки.. можеби и не постојат такви.

    И, да, понекогаш се чувствувам осамено, посебно периодов, и плачам.. тоа ми е начин да се истурам малку..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Имам неколку пријателки и сите се со различни карактери но сепак на некој чуден начин сите се вклопуваме заедно.
    Првата...Онаа која ја знам најдолго,дури веќе не знам колку време ја знам.На изглед добра личност,комуникативна,расположена,насмеана.Сака да е пријател со сите и сите ги познава.За се има коментар најчесто лош.Сака да критикува всушност за и неа да ја критикуваат.Не знам чудна ми е некако сака постојано да се зборува за неа и тоа лошо и постојано да е во центар на внимание.Сака многу да зборува и тоа само за неа,ке помислиш дека е нарцис но сепак кога ќе ја запознаеш ќе видеш дека е далеку од тоа.Сепак не е пријател од доверба бидејќи најчесто го менува расположението и се дружи со тој од кој има корист.Доколку и кажеш нешто верувај нема да остане меѓу вас.Времето не спојува со неа.
    Втората-нашиот филозоф.За се има одговор,без разлика дали го разбора тоа,дали го поминала,ама буквално за се.Секогаш сака да е во право и никако не попушта,па затоа најчесто се караме со неа.Кога раскажува нешто мора толку долго да го направи да изфилозофира што ме нервира.Верува дека со учење се постига се и многу е упорна.На изглед е смирена,примерно девојче,но кога сме заедно знае да полуде.Некогаш знае да полуди и да се луте за да привлече внимание,што кај другите успева ама не и кај мене.Сака потајно да е во центар на внимание но за убави и добри работи.Знае многу добро да ги прекрие чуствата,но длабоко во себе чува голема болка.Знае да љубомори и да се исмева во лице,не знам дали го прави тоа намерно или неосетно.Како и да е тајна кај можеш да зачуваш ама ке ја дознае третата другарка.
    Третата-смирената,хармонијата.Сака се да е мирно не сака кавги ни па учествува во нив и тоа и и е многу добро бидејќи не запаѓа во невојли.Сепак сака да се дружи со сите,да биде прогласена за другарка на годината кај народот.Насмеана,мирна,расположена со желба за забава.Сака животот лесно да го помине и во ништо не се задржува предолго.Знае да памети многу добро но кога доаѓа време не го кажува тоа што треба за да не излезе лошата.Ако се повреди емоционално се повлекува зад својот сигурен штит и не пушта никој.Другарка која е спротиван од мене и затоа најмногу ме расположува,но и нервира во исто време.
    Четвртата-нарцисот во нашето друштво.Она е добра,дружељубива,со рунтава коса.Сака да флертува со сите,дури тоа не ми е јасно.Знае како да се вовлече под кожа и да остане таму.Својата мрежа ја плете многу брзо па затоа и се заплеткува многу брзо.Не верува на никој ,затоа што никој и на неа не и верува.Знае да лаже беспрекорно и давам рака за тоа.Сепак од друга страна е прекрасна типична пријателка која многу може да ти помогне и да ти даде корисни совети.
    Петата-искрената.На почетокот ми беше најоддалечена,веројатно бидејќи беше заробена о долга монотона врска.Најчесто нејзината ароганција,брутална искренос ме нервираа и иритираа премногу ,бидејќи ја кажуваше вистината кога најмногу боли.Сака и го добива,едноставно има заплашувачки став што кај мене не успеваше.Со текот на времето некако си најдовме слични теми на разговор и си разменивме мислења за се што ни се случувало во живото и зошто така се однесуваме.Со тек на време почнавме да се дружиме повеќе.СО неа можам да се смеам на разни глупости и да зборувам за посериозни работи.Кога нешто и кажеш ќе остане кај неа.Сепак знае да забега и она како и сите ние нели :) и а се скараме но најчесто е заради недоразнирање.

    Ете толку за моите комплицирани другарки кои без разлика на се ги сакам и не можам да си го замислам денот без нив :*
     
    На naughtygirl и girlonfire им се допаѓа ова.
  5. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Си бевме едно друштво.Бевме 4 најдобри другарки.Имавме често караници но,сепак покрај се се смирувавме.Но со текот на годините се поделивме.Две на две.

    Првата беше доста срамежлива.Кога се допишуваш со неа 200 реферати ќе ти пише а,во живо нема ни р од реферат.Кога бевме скарани со неа само изиграваше демек "можам без тебе" а,на чат ќе те изнавреѓа,се правеше опасна од нејзе се зависи.Многу ме нервираше.Ако имаш погрешно мислење од неа готово на бесилка си.Одма ќе те вика глупа и ќе те осудува.Сепак гуравме некако имаше и позитивни страни.

    Втората беше доста дружељубива и фина со нас.Но,всушност беше доста дволична.Ме оговарала мене со сите кажувала колку сум дебела,грда и ниска.Истото го збореше со сите за останатите другарки.Не беше заинтересирана ни за учење,само дечковци и да искача и беше важно.Кога дознавме јас и првата за ова нашето "најдоброто другарство" повеќе не постои.Се поделивме две на две.

    Третата права шмизла е.Само носеше познати марки и се фалеше на сите што од каде и е.Доста лигава личност беше.Само се лигавеше,размазена ептен е.Се она неможе се е зафатена,ако не е по нејзино има вулкани.Цело време само нешто се лутеше се нешто не и чинеше.

    Се на се моето друштво беше дволично.Сега со првата сме само најдобри другарки но,незнам сосема сме различни.Се што јас сакам она несака и обратно.Не ја чуствувам за најдобра другарка.Цело време ми зборува за теми кои не ми беа привлечни за разговор.Не се чуствувам своја со нејзе.Како да глумам.Сум и кажала но,нема ефект.Можеби ви се чини дека се жалам од сите и мислам дека сум совршена.Се трудам да го гледам светот од нејзини очи но,неможам.Впрочем и незнам што да правам :(
     
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Подобро една вистинска другарка отколку 10 лажни, иако е тешко да ја пронајдеш и таа вистинската зашто во секој момент може да те зезне.
     
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    13.022
    Пол:
    Женски
    Уште во основно се дружев со 4 другарки кои ги сметав за многу блиски.
    Едната беше многу тивка,повлечена.. цело време се обидував да и се доближам, но таа постојано ме одбегнуваше. :^)
    Втората ме бараше само онака кога никој не беше до неа, чисто за да не остане сама. :|
    Третата за разлика од овие двете беше покомуникативна.
    :fubar: А четвртата ја сметав за најдобра,онаа на која постојано и се доверував.
    Сега кога стигнавме во средно не може да сврзи 2 збора за да те поздрави :o
    Многу време ми требаше за да сфатам дека не постојат такви ,,другарки,,. Цело време кога ме бараа ниеднаш грбот не им го завртев,а кога мене ми беа најпотребни ги немаше. :!:

    Имам само еден другар (од основно) за кој не ни мислев дека ќе остане покрај мене.Секогаш кога ми е тешко тој е тука за мене, никогаш ама баш никогаш не ми завртел грб.
    :!:
    Порано мислев дека машко не може да ти биде толку близок пријател, но денес имам многу поразлично мислење.Горда сум на тоа што имам еден вистински отколку повеќе лажни другарки

    (не дека немам другарки и другари, имам и тоа многу,но ретко кој е вистинскиот за да можеш да ги споделиш тајните,да биде секогаш со тебе кога е потребно, и најважното никогаш да не ти забие нож во грбот) ;)
     
  8. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Ве читав и се насмевнував.Можеби не треба да предизвикува насмевка тоа што половината од Вас имаа коментирано како се зафркнати од "другарки",како денес не постојат најверни другари/ки,како не треба да се има доверба во никој итн.Меѓутоа насмевка ми причини тоа што сте совесни за сето тоа и најверојатно сте претпазливи и не се потпирате и доверувате на такви личности.Прочитав и такви кои кажуваат само убави работи за своите другари/ки (што или се тинејџери кои сеуште не искусиле измама,дволичност и сл. или се работи за вистинско другарство 8) ) Јас нема да коментирам ништо за моите другарки,а Вие можеби ќе сфатите нешто од моево мислење ;) :wasntme:
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Другарство...Многумина велат дека не постои вистинско пријателство но јас би рекла Постои вистинско пријателство. Во друштво сме 6 другарки , малку но доволно за да имаме добро дружење со нив можам да кажам дека сум си поминала совршено идеално иако совршентво не постои, но за мене тоа е совршенство но постојат и денови во кои се се врти наопаку но знаеме да се истолелираме и набрзина ставаме се во ред
    Првата - Нашата втора мајка. Со неа се познаваме од 1 одделение но не бевме блиски и доста подоцна потоа си го најдовме заедничкиот јазик и почнавме да ја вклопуваме во нашето друштво .Од кога дојде таа почна да се чуствува она група од другарки - Друштво зошто се проширивме...Секогаш сака да се направи нешто пред некој и да те изглупира пред некој не толку познат , но сепак мислам дека го прави од навика како и сите ние што имаме некои обичаи кои несвесно ги правиме, од друга страна е супер другарка знае да ти помогне , да те насмее , да те разбере...Едноставно е CRAZY исто и како мене, па затоа и доста се сложуваме. Во секој момент знам дека ја сакам најмногу , но и таа мене
    Втората-Нашата Blair . За неа мошам да дадам предолг опис, зошто веќе знам како реагира на секој мој потег. Од далеку изгледа срамежлива и многумина и како таква ја познават но е далеку од тоа . Ладна личност не ја занимаат романтики, тажни љубовни приказни или среќни безразлика туку ужива во спротивното во друштво, во музика , игра,авантура. Во неа живее ѕвер кој одалеку не се гледа но кога ќе се приближиш сваќаш дека не тоа што изгледа срамежливо и мирно девојче .. Од неа неможеш да извлечеш некоја привлечност кон спротивен пол едноставно не се “пали“ на личности од секојневиеоти од средината , туку блада по оние од филмовите се надевам дека еден ден ќе и станат реалност. Враќа се здраво за готово .. Ако ја чепнеш таму каде што несака ќе ти врати ќе те чепне и таа некаде безралика дали ќе на истото место каде што ти си гонаправила тоа или не најбитно ќе се одолжи. Дискретна личност. Но во секој случај таа е една прекрасна другарка која премногу ја сакам и се сложувам со неа , ретко изјавува чуства но во секој момент знам дека ме сака и дека ме вреднува како другарка.
    Третата-Е онаа со која сум поминала еден доста авантуристичен живот , што и да се случи со неа или со мене таа е била до мене и јас сум била до неа. Се познавам долго време и доста добро ја познавам едноставно знам како дише. Ако со некој сум се најмалку карала и најмногу сум се сложувала е таа очигледно е затоа што можеме да најдеме начин да се разбереме. Доста добра , мила , хармонична личност коај неможам да опишам колку ја сакам. Секогаш е тука за да се потпрам на нејзиното рамо , секогаш е тука за да ми помогне, во секој момент сум сигурна дека ќе стави рака во оган за мене,вистинска другарка но и јас за неа . Правиме се еден за друг да си помогнеме. Најмногу ја сакам и сум среќна што е дел од мојот живот
    Четвртата-Таа е една другарка која до пред некое време неможев да разберам што прави во животот зошто до тогаш толку водеше груп начин на живеење но сега пред некое време сватив дека се труди да го добие тоа што го сака , сака да се исполни да се почуствува сречна за тоа и давам рака. Немоче да најде рамо на кое ќе може да се потпре и да се довери , но се трудам да и помогнам и да ја ставам нејзината глава на моето рамо. Доверлива личност која може да те советува , личост со која можеш да поминеш еден добар и забавлив живот.. Исто и неа ја сакам најмногуууууу
    Петата- Е таа е личноста со која неможам да се разберам . Постоојано се караме со неа , но во секој момент ја сакам подендакво зошто ја знам од многу мала, детството ми помина со неа едноставно. Она наше карање е затоа што имаме различни сваќања за животот или за некои ствари , но и неможеме да застанеме да зборуваме сакаме да кажеме што е можно повеќе зборови за да докаже нешто и затоа не се разбираме . Но тоа неможе да ни ја сруши нашата долгогодишна другарка врска. Искрена личност , личност на која можеш да и се довериш , личност која може да те советува и да ти помогне во секој момент .. најмогу ја сакам и ја почитувам како дадичка

    Ете тоа се моите најсакани личности кои ги сакам како моите родители и кои ги ценам како вистински зошто и сум се доверила за доста течки работи и ми помогнале со тоа што ме сватиле и се трудат да ми помогнат секогаш да ме направат среќна ете затоа ми се вистински и некој ме нема повредено толку за да се сруши она вистинското ги сакам најмногу сите
     
    На LikeDomino и naughtygirl им се допаѓа ова.
  10. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Првата-Ладната Кучка (И одговара да ја викам)
    Со неа иако бев подолго време другарка,не бев блиска.Бевме само колку да се каже дека сме во исто друштво веројатно затоа што е тешко да се допре односно стигне до нејзиното срце.Неска да искажува никакви емоции во јавност (знам како да ја нервирам хахаха).
    Едноставно кога ке ја видиш ќе помислиш ова е најладната женска личност која сум ја запознала,која не паѓа на провокции.Но тоа е всушност нејзината маска пред оние кои не ги познаваат.Таква е неможе да се отвори и да направи разговор со некој кој штотоку го запознала.Подолго време моите осноси со неа беа ладни.Се додека не и двете не почнавме да се отвараме една кон друга затоа што сфатиме дека не мачат слични теми од минатото.Така јас сфатив дека за секое понашање на човекот стои некаква причина.Почнав подобро да ја разбирам и таа мене.Можеби изгледа како малку злобна личност но таа се што сака во животот е да има добра другарка која ке биде до неа на која може да и се доверува.Доверлива личност е (за мене).Малку е себична,добро малку повеќе.Со неа имам многу теми на разговор.Филмови (и двете сме обожавателки на филмови),различни искуства или било какви теми за животот.Со неа можам да се смеам биквално за се бидејќи на се се смее :rofl:
    Втората-Хармонија во друштвото (мушмулака)
    Со неа многу ретко можеш да дојдеш во жежок конфликт бидеќи таа несака да се кара.Кога некој се кара таа стои на страна и неска да коментира зошто несака да излезе крива или па да се скара со некој.Мене тоа ми сметаше и и го имам кажано тоа.Сепак со неа сум заедно од детсвото поточно од забавиште.Со неа помина моето детство верувам дека ако некогаш седнема да си правиме муабет за се што сме поминале не би имало крај..
    Многу пати се имаме најдено во некоја иста ситуација и доколу и на неа и се случува нешто исто многу се соживува со тоа и е доста креативна.Има интересен начин на раскажување и доколу нешто не е интересно таа го прави да изгледа интресно,тоа ја прави харизматична.Понекогаш знае да се смее хистерично.Кога е расположена шири многу позитивна енергија,но кога нешто не и е по кеф тогаш се повлекува во неа и не и поминува многу брзо.Ако се изнервира од почеткокот на денот до крајот ке е таква.Емотивна е и приврзана за семејството и домот хахахахха мала шала за крај.
    Третата-со која немам заеднички јазик но сепак ја сакам бескрајно(не би рекла дека е филозов зошто зборува напразно)
    Со неа сум од кога памтам за самата себе.За поминатите денови со неа можам да зборувам бескрај...Аххх кога ке се сетам на нашето детство хахах уште од тогаш ги иамвме конфликтите,морам да кажам дека со неа се имам карано најмногу па дури се имаме и тепано :$ Деца...
    Кога ке и кажеш нешто повеќе ќе ти исфилозофира на нејзин начин отколку да ти помогне,но зане да утешува за тое е број еден.Во многу тешки моменти е била до мене.Но сепак ако и кажам нешто нејзе право и вроата другарка го знае иако не кријам ништо од втрата тоа што го кажувам го кажувам и на двете сепак поентата ми беше дека втората и третата се поблиски и јас мисле дека сум со нив но ...нема да пишувам за нивните лаѓи ,тоа конечно го оставив во минатото.Како и да порано кога ке настанеше некоја кавга секогаш попушташе третата беше наивна ,но со текот на времето се се измени и како што напишав погоре се си има своја причина.Нај расеана е.Се исмеува во фаца и тоа не ми се допаѓа.Неможам да го замислем живот без неа таа е дел од мојот живот и сепак историјата си го прав своето.
    Четврата-Нарцисот (Порано беше повеќе но сега е ублажена малку или јас така мислам)
    Како да се почне за неа... немам многу посебни искуста со неа зошто како да кажам малку е површинска.Со неа не сум имала некој длабок разговор.Има голема самодоверба поради нејзиниот физични изглед.Можеби има малку поголеми листа од нас ,но не претерана.Мислам дека нема среќа во љубовта.Малку е матерјална.Сака момче со добар изгелд и со добар стил,но ајде малку подлабоко да навелзам.Можеби сака да се покаже пред народот дека има се најдобро и има добар дечко до неа ама јас мислам дека икао ние ја гледаме површински таа длабоко во неа сака некој што ке ја сака и почитува по тоа што и а не по тоа како излгеда.Пред другите не покажува дека е повредена и не паѓа на грб.Многу вешто лаже,ова би го нарекла дарба.Немам да кажам уште многу но мислам дека е многу силна девојка(емоционално).
    Петата-Озборувачка(хахаха не многу)
    Хммм што да кажам за неа.... Бикче мое :)
    Често доаѓаме до несогласности поради тоа што сме исти хороскопски знак и сме инаетчики и двете.
    Мислам дека имаме доста слични карактериски.Грижлива е и сака да помага.Кога некој е во безизлезна ситуација со задоволство би му помогнала.Сака да е во центарот на внимаиние по било која цена и ке направи СЕ за да го постигне тоа.Со неа сум од прво одделение но подоцна почнавме поинтензивно да се дружиме.Обожава да озборува ,но со граници(блага озборуувачка)колку за забава,ништо страшно.Кога се наоѓа во дует со првата за мене е вистинко :envy:
    Се караат за ситници јас чивствувам дека треба да ги смирам...
    Со неа можам да се смеам кога и да сакам зошто се смее на ситници :rofl:
     
    На LikeDomino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    Другарстовото е големо богатство пред се. Колку и да велиш дека се можеш да кажеш на своите, не е така. Во животот имаш потреба и од другарки. Можеби не постојат вистински другарки до крајот на животото во овој век, но сепак јас мислам дека сето тоа е поради времето во кое живееме.
    Ние сме во друштво 6 другарки (заедно со мене), сите со различни каракери но овде е секако нашата толеранција која владее неизмерно.
    Првата- Ја знам скоро од моето раѓање. Како мали проживеавме доста авантури. Но како мали... Сега нашето другарство е поинакво бидејќи пораснавме, размислуваме на друг начин. Таа е добра личност, насмеана, секогаш овде за да те смири, да ти даде совет. Таа е многу емотивна личност. Но како и секој човек има свои негативни особини. Мене лично ме нервира кај неа тоа што кога се расправаме таа само слуша од страна и многу ретко преговара за да не се кара, односно за да излезе најфер спрема сите и најдобра спрема сите нас.
    Но сепак ја ценам како другарка многу иако знам дека таа има најдобра другарка и дека ние другите не знаеме се што прават тие и не ги знаеме сите нивни муабети.
    Втората- Ја знам скоро 9 години.Таа ми е некако најблиска другарка, но често се расправаме за глупости. Таа на изглед изгледа дека е многу наивна но всушност е скриено жарче. Знае да го дочека моментото кога ке ти каже се што мисли всушност за тебе. Понекогаш се однесува малку себично и идиотски но таа има причини поради тоа однесување и јас многу често не и замерувам заради тоа. Ако не испадне нешто по нејзино таа право се лути, малце тешко се прилагодува на другите. И не сака воопшто да се шалиш на нејзина сметка.Но сепак е доста доверлива личност, и јас нејзе најмногу можам да и се доверам, бидејќи знам дека нема да каже никому. Од друга страна многу ми е интересно во некои моменти со неа бидејќи таа е многу поразлична од мене во некои работи, сака да се забавува, да се смее постојано и знае скоро секогаш да ме насмее кога сум нерасположена.
    Третата- Мојата дада. Ние всушност сме исти хороскопски знак и сме доста слични и поради тоа во некои моменти не се погодуваме. Велам мојата дада бидејќи е поголема од мене една година и секогаш сака да дава совети, и мисли дека таа е во право за се. Кога сум со неа ми е многу убаво. Се сложуваме за многу работи и се смееме за глупости. Иако дел од моите другарки не се слагаат добро со неа јас не сум имала многу проблеми. Таа е многу искрена личност, и секако се ти кажува во лице но некогаш го прави тоа во моментот кога ти е најтешко(не знам дали го прави тоа намерно или така и доаѓа од внаре).
    Но јас многу си ја сакам и стекнав една навика да ја нарекувам со надимак и таа постојано ми преговара за тоа :( , па сега сум на пат да се одвикнам од таа навика.
    Четвртата- Таа ми е доста интересна личност. Кога е во јавност таа е многу мирна и пристојна, но кога сме сами таа е сосема друга личност. Мене ми се допаѓа повеќе кога е опуштена бидејќи тогаш сме многу поврзани и е доста интересно. Правиме едноставно да ни е интересно, да не се грижиме за другите работи. Таа има своја болка која скоро ни ја призна и дури тогаш јас го сватив нејзиното однесување. Но што и да е ќе помине. Таа сака многу да се шали на туѓа сметка и понекогаш прави некои работи кои мене не ми се допаѓаат. Ми остава впечаток дека се радува на работи поради кои другите се нервираат. Таа е добра личност, дружељубива, пријатна за разговор. Но многу е поврзана со првата другарка и прават работи за кои ние другите не знаеме. Но јас за тоа не им се лутам само се нервирам што кријат некои работи. Но сепак знам дека таа ме цени и смета за добра другарка.
    Петата - Таа ми е блиска другарка. Со неа имам поминато доста убави моменти. Друштвена е, прилагодлива, цврста личност, не искажува слабост колку и да и е тешко. Ако сака нешто да постигне , се бори за него. Понекогаш ми е чудна можеби бидејќи размислуваме на различен начин за животот. Таа е многу самоуверена, малку е нарцис поради нејзината убавина.Понекогаш многу брзо прави некои работи и потоа сама се заплеткува, но снаодлива е и излегува некако од некои каши. Многу долг период не разбирав што всушност сака таа, но разбрав дека само сака да биде сакана и почитувана.

    Тоа се моите другарки, кои какви и да се сепак јас ги сакам и почитувам на свој начин. Секако дека едно друштво неможе да функционира најдобро, кога сите се со различни цели и карактери. Но ние некако успеваме да функционираме заедно(имаме доста расправии, да ги наречам падови, но на крај сепак ги решаваме на свој начин) и колку и да велиме неможеме една без друга бидејќи веќе сме навикнати така.
    Има уште многу работи да пишувам за моите другарки и другарството, но можам да кажам дека мајка ми ми е како другарка, најблиска другарка. Нејзе сепак можам да и се доверам за се, и многу често разговарам со неа кога ми е тешко бидејќи знам дека сигурно нема да ме издаде и да каже на друг.
     
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Оние кои ги сметав за „другарки“ ми го свртеа грбот и зборуваа нешто кое што јас никогаш за нив не би го кажала. Ме нарекоа „дволична“ а незнаеа дека тие се единствените кои испаднаа дволични.
    Имам други две кои вредат, само што не се гледаме многу често поради тоа што не сме од исти градови а со другата не сум од иста држава т.е таа живее на друг континент. ;( Нив им верувам, им ги кажувам тајните и споделувам се со нив. Ги сакам најмногу. :inlove:
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Баш сега го читам насловот и се прашувам кои се ми се другари и другарки?
    Што всушност значи другарство?
    -Да сте заедно цел ден во училиштето а за распуст да не се познавате?
    -Да го стави својот дечко на прво место и потполно да заборави на тебе кога е со него( секој ден) ?
    Не, не верувам ...
    Другарка 1-Имам една другарка со која се зближив оваа година.Значи ****** секогаш беше тука за мене и во школо и на распуст и се.Вечно е вљубена во еден фраер но сепак си зборува со мене и не ме заборава. Знае да ми биде најголема подршка и да ми каже ако нешто не е во ред.
    Другарка 2-Таа е највеселата личност што сум ја досега запознала.Но проблем е што таа си има своја најдобра другарка...а кога таа испадне дволична оваа се враќа кај мене..
    Другарка3 3- Го става дечко и на прво место. Овој месец ме заборави,едноставно вече како да не ме познава.ИСто така ме нервира тоа што купува облека иста како моја. Се,буквално СЕ! И многу ме нервира тоа.
    Другар 1- Е тој е цар ! Секогаш знае да ме насмее и да го извади најдоброто од мене. Тој има посебно место во моето срце. Никогаш не ме е издал или навредил. НИту еднаш до сега се немаме скарано.
    Другар 2- Колку и да се караме, пак неможеме еден без друг. Ќе се испокараме и после 5 мин ќе ми се јави ќе ми се извини и пак ќе е се како порано.

    Мислам дека сеуште ја немам запознаено таа личност која заслужено ќе ја носи титулата ,најдобра другарка/другар,.
     
  14. apricot

    apricot Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Значи најмногу ги сакам ме подржуваат секогаш , едноставно неможам без нив, едно огромно благодарам :*
     
  15. Serena21

    Serena21 Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Јас имам 2 најдобри другарки со кои пијам кафе, но несум нешто претерано блиска со нив. Оговараме :) правиме општи муабети што и се случило дента но никогаш н сум им се доверила за некои интимни работи. На пр, однос со дечко, домашни проблеми.... тоа си го чуам за себе и со никого не го споделувам.
    Ги слушам нив и се чудам како баз проблем раскажуваат детали од нивниот интимен живот, како да се гордеат со тоа што дечковците ги менуаат како чорапи.
     
  16. AmericanGirl

    AmericanGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Денес е мнооогу тешко да се најдат вистински другари.Јас имав некои кои всушност не биле вистински.Сега останав со една која ми е навистина добра,ама не сме од исто школо.Овие од школо,аман бе,за 1 ден стануваат најдругари со некојси,а другиот ден не се познаваат.Ти се прави другарка,па после имала закажано со друг коа ќе ја викнеш.Дее бре,и јас имав закажано да искочам со петко и стојанка ама те викнав да дојдеш со нас,не те одбив :^) Не велам секогаш да викнеш,ама барем еднаш да текнеше :?:

    Други не се фацки,и ако застанеш со некој таков,одма те мразиме зашо си со тој/таа.

    Трети лажат.Е ептен неможеш со такви на бидеш френд.Или се дволични.

    Иди со некој,важно да не бидеш сам.Ако си сам,те хејтаат,еј!

    Лажеле,не се прави другари..важно да имаш со кој да го исмејуваш другиот.Па,тоа е денес.
     
  17. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Кога се зближувам со одредени личности не очекувам другарството да трае вечно, секако поради различни услови тоа кога-тогаш ќе престане и нашита патишта ќе се разделат. Но,кога веќе некоја личност ја сметам за другар очекувам потполна искреност и разбирање од неа. Не сакам лицемерни луѓе,луѓе што осудуваат. Ние сме поголемо друштво и нормално со некој ќе си повеќе близок со некој помалко,но во глобала сум задоволна од нив.
     
  18. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Кога се зближувам со одредени личности не очекувам другарството да трае вечно, секако поради различни услови тоа кога-тогаш ќе престане и нашита патишта ќе се разделат. Но,кога веќе некоја личност ја сметам за другар очекувам потполна искреност и разбирање од неа. Не сакам лицемерни луѓе,луѓе што осудуваат. Ние сме поголемо друштво и нормално со некој ќе си повеќе близок со некој помалко,но во глобала сум задоволна од нив. :)
     
  19. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Имав две другарки кое правеа се за да ме понижат, ме оговараа,ми смислуваа прекари,кога излегуваа на шетање мене не ме викаа. Но сега се зближив со други две девојчиња кој многу ги сакам,секогаш ме викаат за шетање, ми ги кажуваат своите такни, а и јас моите.Едноставно тие се другарки во вистинската смисла на зборот.
     
  20. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    епа си живеам со појче другарки ама имав една на која најмногу и кажував се речиси сите мои тајнии..а сега сме скарани со нејзе и кизнај шо ми зборува зад грб па затоа еден совет до сите пред да одлучите се да му кажувате на другарките бидете сигурни дека нема никогаш да ве издадaт па затоа од сега крстајци
    ( :lol: )ни другарки ни другари т.е секако че ги имам ама никогаш појче нема да му се доверувам ;)