Ја сакам другарка ми и нејзините деца многу, добра другарка е и прекрасна мајка, се дружиме веќе 27 год. но мислам дека направи голема грешка што се омажи за него, требаше да подразмисли поубаво. Што е тука е сега, се слушаме скоро секој ден и барем еднаш во неделата обавезно се гледаме.
На никого не верувам.На никого.Сум имала такво искуство,перфектното друштво,најголемата верност - ама ете и тие ме оставија.Моменталните другарки што ги имам ми се тие,на кои највеќе им верувам и знаат доволно за мене,ама сепак во целост да се доверам-нема шанси.Од многу искуства не верувам,и можам да живеам така.Не ми е до доверување,до забава ми е
Имам една најдобра другарка која ја сакам многу,многу е добра едноставно се надополнуваме двете,ме разбира,кога сум тажна прави се да ме насмее,едноставно со неа и ништо ми е СЕ....Ја сакам многу,не како другарка туку како сестра ♥♥
5 сме во друштвото,супер е....понекогаш не се согласуваме со мислењата,но сепак многу сме блиски и секогаш сме заедно каде и да одиме.
Ние бевме 7 другарки. 3 сме веќе мажени, 4 не се. Со овие што не се, само со една сум баш ок, нон- стоп комуницираме. За жал таа студира во Ск, и на 1-2 месеци се враќа во нашиот град, така да ретко се гледаме, но за среќа тука е фб Од двете што се во брак, едната е во странство па многу ретко комуницираме, а со другата сум другарка од како знам за мене. Е баш за оваа последната сакам да ви кажам Со неа сум од забавиште заедно, сега сме и на исти факултет..... Луѓе мислам дека ептен ми е љубоморна. Значи за се... Првата година од факултет бевме заедно во странство (преку факултетот за работа во лето). Послем тоа, во втора година јас се омажив, а таа остана бремена и се омажи. Јас продолжив и наредните две години со маж ми да одам во странство преку факултет, а таа ќе пукни зошто не може да оди со нас. Секој ден ми пишуваше: колку работите, што работите, колку плата зедовте.... значи нон стоп ме испитува. Сега со маж ми дојдовме да живееме во странство, а таа неможе да го поднесе тоа. Повторно секој ден пишува: а маж ти по колку работи, колку плата, колку од саат, ти не работиш уште? колку плаќате стан? си купуваш ли облека? (господе, не гола одам, или во стара облека), ќе се враќаш ли за факултет? аман бе! аман! Па со маж ми правиме куќа во Мк, и таа пак: кога ќе продолжувате со куќата оффффффффффффф Моите родители и сестра ми толку не ме испрашуваат како таа.. Значи океј е да се праша еднаш- два пати но таа постојано. И не е само ова, има и други пример, но да не должам Имам комшика кај маж ми со која многу добро се сложувам, за среќа! Имате ли и вие ваква „другарка“?
Во друштво сме 12 ама нема ниту една вистинска. Само една ми е блиска на која можам да и кажам се а другите се само од корист и дволични. Се прават како многу да те сакат а позади грб зборуваат секако за тебе.
Ги имам 3 од кои две се само за излегувања а една ми е многу блиска но сепак потполна доверба немам во никого,ма колку и да го познавам некој и колку и време да сме заедно, едноставно тоа е така. И еден близок другар, кој не ми е баш за кажување тајни и такви работи ама со него ептен сме ускладени за помагање еден на друг во некои ситуации. И тоа е можда нашата тајна...
Тие се една од причините да се смеам и живеам, една од најдобрите работи што ми се случиле! Со нив се пронајдов, се сменив, изградив карактер, преживеав и добро и лошо! Вечно ќе бидам благодарна затоа што ги имам. Тие не се совршени, а не сум ни јас, ама никогаш ми немаат судено заради ништо, ниту пак ми кажале дека им сметаат моите ставови или верувања (што за некој се и прилично чудни), никогаш ме немаат издадено, секогаш ме подржуваат! Фала ви што постоете, вашиот freak!!
Една другарка на која можам најмногу да и верувам и која ми е најблиска. Иако имам уште еден другар со кој можам да направам нормален муабет.
Институцијата најдобра другарка не постои, во моментов ти е најдобра, а следниот момент може се што знае да искористи против вас. Убаво е да се има другарка на која можеш да и кажеш многу работа, но не заборавајте дека и таа ваша најдобра другарка може да има своја најдобра другарка и се така во недоглед, па се што сте и довериле како тајна да отиде предалеку. П.С Она што мислите дека е тајна и нека си остане тајна, ниту една тајна не останала тајна ако ја знаат повеке од двајца.
Машко- женско пријателство нема во тоа сум сигурна ... А другарки имам мн. Но само на една и кажувам се ... Доста се од корист во денешно време па почнувам да одбегнувам некои и да одбегнувам нови пријателства
Имам две другарки во кои имам потполна доверба. И некои за искачање ништо посебно. А машко женско пријателство верувам дека има само е многу ретко.
Имам 4 другарки. Сите сме со различни карактери, ама се трпиме Можеме се да си кажеме и мноооогу си се сакаме Пу пу да не серат кокошките
Јас на кој што мислам во лице му кажувам. Инаку да не се одалечувам од темата. Имам една другарка со која заедно учевме до 8 одд после различно се запишавме ама таа знам каква е од мува прави слон ако и кажам една работа таа ќе направи 3 ке си измисли и ќе озборува наоколу. Затоа не и кажувам ништо што не треба да знае, избегнувам такви работи. Имам друга другарка со која учевме заедно до 8 и ете сеуште учиме заедно и ОК се согласуваме, знае да чува тајни ме нема издадено девојчето е супер секад е со мене ме подржува за се и така. Имам трета другарка која ми е ептен блиска комшика ама карактерот и е една голема 0. Само од корист е цело време се потсмева на некој, сите лоши само таа добра, и секој муабет на тепање го тера и знае да озборува некогаш ама незнае баш да чува тајни. Имам други 2 другарки кои се турчинки и си се согласуваме супер знаат да чуваат тајни, ми помагаат, се им кажувам знам дека не би ме издале и така ... Имам уште една другарка да кажам на која можам да и кажам се оваа година сме посебно блиски. Пред мене не озборува други затоа мислам и мене не би ме озборувала. Доста паметно девојче и на секоја тема има да даде совет и тоа во моментот. За неа се најдобро секако. И има една ромка е ама ок си е девојчето знае да чува тајни да те сослуша и се ама некогаш е малку несериозна. Инаку другарка на место. И има една друга која е најмирна во класот цело време си ќути на фб постојано си пишуваме ама во живо слабо кумуницираме оти е таква повлечена. Инаку само ан нејзе и имам кажано 100% се за мене на друг никој. И тоа е тоа какви се такви се во добро во лошо со мене се Ги сакам
Немам другарки или другари. Имам само еден ВИСТИНСКИ другар кој ми е доволен и ништо повеќе не ми треба . Го сакам , како брат..го чувствувам. На него можам да му кажам се , ама баш СЕ. секогаш бил тука за мене цели 3 години , и јас сум била тука за него. Што и да се случи , тоа ке остане така.
Имам една најдобра другарка и неколку други добри другарки. Таа буквално се знае за мене и јас за неа. Заедно учевме во основно а еве и во средно. Секогаш била тука за мене кога сум плачела и кога ми било најтешко. Таа ме брани од сите и ме сака кога сум и најодвратна. Никогаш не ми прави да се чувствувам непријатно. Кога ќе размислам за другите другарки сфаќам дека имало моменти кога ми направиле да се чувствувам чудно. Тоа било непријатна тишина или некои глупави коментари...Ама таа не го прави тоа. Со неа секогаш е интересно и секогаш има смисла. Никогаш не си љубомориме една на друга. И кога се немаме видено некое време или не комуницираме,тоа не ни го нарушува односот. Можи да смени навики, да се облекува поразлично, но тоа нема да ме спречи да ја чувствувам исто блиска како и претходно. Нас не ни треба заеднички интереси да се поврзиме бидејќи ние сме различни. Не ни треба да ја сакаме истата музика или што и да е за да останиме другарки. Знам дека секогаш касниш за излегување и двете се плашиме од бубачки . Не можам да се помирам со фактот дека МОЖЕБИ некогаш нема да бидам со неа.. И да ги спомнам сите глупости што ги имаме правено заедно затоа што тие ни го красат пријателството
имам една на која можам се да и кажам се знаеме уште од основно заедно продолживме средно па изгледа и заедно ќе студираме постојат и други кои многу ги ценам и многу ги сакам но мојата роза не можат да ја заменат
Си имам 2 најјјдобри другарки на кои можам се да му кажам..И имам една така маната малце како мене и многу си ја сакам и неа Има некои кои ме нервираат бидејќи се лигават и се дволични Ама сите се ОК и на крај краева сите си ги сакам