Imam 1 drugarka vo makedonija izrasnavme zaedno i sekogash se slushame i 1 drugarka ovde vo Italia koja e super sekogash è ovde za mene i jas da nea. Drugi ne mi trebaat da da me ogovaraat i plukaat zad grb Obizavam sama da si gi reshavam problemite
Имам 5 другарки можам да им се доверам за некои работи но не баш за се не се знае утре што може да се случи сите знаеме какви луѓе има на денешно време.Имав и еден најдобар другар ми беше како брат се знаеме од мали ама тој пред 1-2 години си фати девојка и ега едвај здраво ќе ми каже за тоа мнг ми е криво бидејки кога му требало нешто секогаш сум помогнала сум била тука и за совет и за се ама порано или подоцна сите ги го покажуваат своето вистинско лице.Со другарките скоро секој ден сме заедно се собираме во некој бар си пиеме нешто,се смееме,често одиме на пикник си ги кажуваме маките една на друга .Но сепак мојата сестра ми е најдобра другарка нејзе можам да и кажам се и да и се доверам буквално за се затоа што знам дека никогаш нема да издаде
Мислам дека е многу повлечена.Многу е отсутна.Многу занесена.Не збори многу и не дава совет дури не си побараш.Има добра душа.Лојална.
Имам 3 другарки,што си ги сакам најмногу!Откачени се и никогаш не им е гајле што мислат другите за нив.Можам да им кажам се,никогаш не осудуваат туку даваат совети.
Прво бевме три другарки, ама како и во повеќето случаи тие повеќе се зближија и јас почнав да се дружам со друга. Мислев дека најдов вистинска другарка, се додека не сфатив дека ние најмногу се дружиме само кога таа има некој проблем и нормално јас тука сум за неа, ја слушам иако истото веќе 2 години го збори, сум одела кај неа и во 3 часот навечер. А, кога ќе се среди, никаде ја нема. Тогаш други другарки и се побитни, позабавни, поинтересни.. Јас сум само онаа кај која оди само кога и е тешко. А од нејзина страна другарство нула, многу пати ми има кажано дека не и е гајле за никого, ни за мене. Со претходните две уште се дружам подеднакво затоа што сме во исто друштво, тоа друштво ни е само за излегување, не е некое вистинско пријателство. Поминавме интересни 4 години и убави моменти имавме, ама не можам да заборавам и кога сум плачела ради нив. Вистинско другарство и така нема денеска...
Моите другарки се поразлични од мене. Некако тие се затрескани во некои работи, едноставно не можам да ги разбирам. Јас сум и во тој период каде што чувствувам дека никој не може да ме разбере. Сепак се дружиме.
Охоо јас за мојте екс ју(така ги вика дечко ми) другарки можам роман да напишам. На времето кога се дружевме океј беа, мирни, повлечени мислеш абе девојчиња за пофалба. Често ми наоѓаа замерки за искачање, оти они сакаа цело време во штикли ама јас и ниски чизми некогаш носев, па зошто тоа, зошто не штикли ама ајде. Не се дружиме веќе 2 години, ама во овие 2 години не да сам ислушала гнасни работи за нив тоа е чудно. Како се е****, како испаѓале со постари од нив, како шетале во другите градови со др, а јас ваква , просто неможам да поверувам како за 2 години некои личности се сменат за 360 степени. Едната и кога бевме во др ја криев за некој работи од нејзините али тоа е. Дечко ми арно ми викаше ќе видеш какви ќе станат, а јас цело време во му викаш грешка мислење имаш, али сега сфаќам во право бил човек.
Имам само две другарки и повеќе од доволни ми се. Со едната сме скроз различни, таа е италија и ретко се гледаме али кога ќе си дојде незнае што да направи побрзо-.- алкохол и цигари никогаш не и се доста, излегуваше со двајца во исто време и нормално со никого не остана. Мажево ми викаше не ти е добро друштво, не е стабилна и во право беше. Ако продолжи вака нашето пријателство ќе заврши наскоро
Другарките се еден вид одраз на самите нас. Има и исклучоци во друштво. На свои 38 год. сеуште неможам да го замислам денот барем без разговор по телефон со некоја од нив,ако се нема време за повеќе. Тие што живеат подалеку,може сме одалечени но на секоја домашна веселба се собираме. Значи мислењето за другарките за секоја е засебно,но другарка е човек кој е тука до тебе низ тњкот на животот. Каков си,такви ке се и они. Затоа изборот е наш кој ке одбетеме за другар за разлика од роднините.
Па се најј..Според мене имам една најдобра другарка и тоа го знам бидејќи можеме слободно да прдиме една пред друга и да заспиваме една кај друга и да одам кај неа во вц и да не ја затварам вратата и да правиме многу манијачки работи хахах и да разменуваме облека да зборуваме што сакаме а со другите имам некоја граница и секогаш внимавам што зборам пред нив.А за машки пријатели очигледно мислат дека сум перфектна бидејќи на секој гест внимавам и на крај сите се заљубуваат во мене...Ах да знаете какви навикии имам а морам да ги избегнувам
Никој не е совршен, па ни јас. Чим се дружам со нив, значи сум ги прифатила такви какви што се. Тоа што мислам за нив, им го иам кажано у фаца, а и они на мене. Затоа и се дружиме.
Со повеќето од другарките се дружам од средно. Денес повеќето сме омажени, деца, обврски... и средбите за жал се повеќе онлајн. многу ми е жал кога пишуваме почесто отколку кога се гледаме во живо Не сум нешто силно зависна од некоја. Секаде ги има тие две по две парови, ама јас сум непар
Имам две најдобри другарки од кој едната малку ме нервира ама супер сме и со нив баш се споделувам. Имам уште една блиска ама понекогаш мислам дека ме користи и нема баш добро мислење за мене. Поширокото друштво девојки ми е ок и муабет да си направиш и се ама не сме блиски и исто имам друштво почесто што излегуваме се повеќе машки ама ме нервираат многу понекогаш и немаат почит. Сепак си ги сакам сите и си тераме
Имам една најдобра другарка со која си споделувам тајни . Знам дека ми е најдобра бидејќи кога ми беше најтешко беше до мене , никогаш не ми сврте грб . Од пелени се знаеме и никогаш ме нема изневерено Те сакам другарке секогаш биди покрај мене , и секогаш барај ме кога имаш потреба за било што знаеш дека сум тука секогаш
Си имав(или барем мислев дека имам) една блиска пријателка со која до пред 5 месеци престанавме да збориме од глупи причини. Се дружевме уште од забавиште и се беше ок се до пред три год. кога почна да и се менува карактерот, почна да ме лаже мн. стана дволична. Уствари не може да се каже дека ми беше пријателка. Но како и да е. Имам неколку пријатели од основно, од средно и од факс, излегуваме, се дружиме али не сум мн. блиска со нив.
Имав другарка за која мислев дека ми е потпора, моја десна рака, мојата сестра која никогаш сум ја немала. Поради различни сплетки и околности нашето пријателство заврши. Сега имам една друга блиска која ми е срцка и злато човек, таква каква отсекогаш сум сакала да имам. Имам и др.другарки чие однесување ние од почит, чат пат кафе и тоа е тоа. За никој не мислам лошо, што било така требало да биде.