Прашањето е кратко и јасно изјавата на победничката на овогоринешната Евровизија, најверојатно сите ја имате прочитано. Па ме интересира што мислите за тоа да секоја жена има право на избор, дали ќе биде роб, на некои "правила"или ќе има право да си го живее животот како што таа сака. И до кога ќе бидеме робови на некои предрасуди дека нормално е Мажот, да има влакна, а Жената, кога е и само неколку дена "не средена" тоа е бљак, одвратно.... И да не ва гњавам многу на почеток сакам да го кажете вашиот став и ме интереситрА ДАЛИ СПОРЕД ВАС ЖЕНА, КОЈА НЕ БАШ ТОЛКУ ЧЕСТО ГИ ОТСТРАНУВА ВЛАКНАТА, И ПРЛАВА ЖЕНА, бидејќи јас така ги разбрав сите оние написи и коментари по разни сајтови.
Секој со своја памет и пазуви! Се шегувам, поодбивно нешто од несредени пазуви мислам дека неможе да се види(заедно со влакнести нозе...бљак) Исто важи и за машките пазуви....хигиена на тие места треба да има-без разлика дали станува збор за машки или за женски.
Општо за Лорен мислам дека е девојка која сакаше и успеа да го привлече вниманието на публиката, новинарите... Конкретно за влакнестата револуција јас сум противник, пред се поради фактот што сама себе неможам да се поднесам во такво издание, па со оглед на тоа нормално е да ми смета такво нешто и кај друга жена. Сепак е тоа ствар на избор и секој си има свој начин на водење лична хигиена.
Зошто отстранувањето на влакната, го поврзувате со хигиената? Мислам дека то е повеке некое помодарство кое што земало замав пред триесетина години отолку ствар на хигиена. До пред триесетина години било нормално да се види жена, на улица, со влакнести пазуи, а за бричење, на интима не станувало збор. Дали според вас тие жени биле нечисти?
Извини, еве ти еден најконкретен пример. Мишка со влакна смрди 3 пати повеќе од мишка без влакна. проста причина, за влакната се налепува и пот и секаква нечистотија. Миј се ти цел ден ако сакаш, кога ќе се запотиш и да користиш дезодоранс и слично пак ќе мирисаш повеќе. Пред 30 и 50 години верувам дека влакнести жени можеле да се видат во руралните средини, каде хигиената и не знам колку била на завидно нив.
Tаман за у зимо, материјал има шалови да се плете колку сакаш. Mоже и плетенки да си плетите, флизур4е да им правите мишка блондинка, мишка ред хед... се зависи до вкусот. Jас сум за
Лага е бе тоа, тасма си е Лоренче медиумиве уште не` лажат , само бриши ја темава дете додека jasBia не ја видела...е тогаш ќе биде тоа што ќе биде нема да имаш шанса ни да и` реплицираш на нападот На темава, запуштање на влакна ми е крајно нехигиенска работа и нема врска со шовинизам/феминизам, роопство/робовладетелство.
Одвратноооооо,барем за мене Ако сака таа и плетенки нека си плете, ама влакнеста мишка мене ми е одвратно и гадно и тоа многу. Мене ме асоцира на нечистотија, на смрдеа, па макар колку и да се бања се потиме бре луѓе па уште и влакништа . Брат ми и дечко депилираат мишка со крема, а не пак јас како женско наместо средена да пуштам влакништа.
А зошто јас си мислам дека е монтажа ама ич не ми се верува не средена да отиде на евровизија, живи глупости Инаку да против сум се знае што е женственост, нежност денес мажите се средуваат па камо жените ај замислете си тој среден изманет, а јас му доаѓам целата ушумена уф ми се згади
Само да појаснам! Не се работи за тотално запуштање бидејќи гледам така ја свативте темава. Она на што јас мислев а претпоставувам и поентата на онаа "Револуција" што се случува во Шветска, е во тоа не да се запуштат жените, скроз туку да не бидеме ставени во некој шаблон каде што заради некои "Правила" на однесување мораме ама баш секогаш да бидеме мазни, под пазуви нозе или интима. Да не се гледа со потсмев на жена, доколку да речеме е малку подникната или ете има и такви кои несакаат баш секој 2 ден да се средуаат туку тоа можеби сакаат да го прават 1 месечно или можеби сакаат само да ѓи поткратуваат со машинка итн. Да резимирам поентата е во тоа да не се гледа со потсмев или да не се прават разни фаци, кога ќе забележиме во наша близина особа која е "поразлична" од нас. Инаку ако тврдиме дека жените што се несредени под пазуви, нозе, и интима дека се нечисти тогаш ѓи навредуваме и нашите мајќи и баби бидејќи знаеме дека постарите луѓе не се толку ревносни во тој дел а камоли за средување на интима.
Нехигиенски и единствена цел на таа Лорен од Шведска е само оставање впечаток, нешто по што би се запамтила, повеќе, отколку што самата нејзина песна.А е нешто што воопшто не и требало да го направи како потег на самопромоција.
уфф бљак ,кога ја видов ,одма се знае дека е за впечаток да остави,што се не ке направат луѓево за внимание и слава
Има разлика помеѓу шумичка (која не ја одобрувам) и еве да речиме ни се случило да заборавиме и имаме малку влакненца под пазуви или на нозете (што од мое искуство знам дека само со лупа некој друг освен тој што ги има може да ги виде). Според мене секому своето. Ако она сака така да оде нека оде. Јас ќе си ги остранувам влакната.
секој со свое мислење и став нејзино право ако го направила тоа за да остави што поголем впечаток тогаш не ја одобрувам,песната и беше супер не верувам дека намерно влакната ги оставила за да победи инако влакнеста жена НЕ
Ова за некого е РЕВОЛУЦИЈА!? Според мене, некој прочитал погрешна дефиниција за овој термин. Ова е назадување, не е револуција.