Јас неможам да замислам некое девојче со влакна под пазуви . А и за машките исто важи немора нозе да депилираат ама пазуви интима барем малку хигиена да одржуваат грозно изгледа жбуњ од пазува
Мислам дека под итно треба да посети козметичар.Ете тоа. Инаку да мислам дека е премногу грдо а и гадно.Машко сепак го личи до некаде со влакна под пазувите,ама женско.Па уште во 21 век? Ало,добро утро.Разбуди се. Лошо многу.Па и уште настап на евровизија,сега и веќе победничка.
Одвратно! ме нервира што хигиената во овој случај се споредува и поттикнува феминизам. едното нема врска со другото
Сега случајно на фб гледав на некои српски портали дека после оној тренд на објавување фотки со влакнести нозе, доага нов тренд кој е во експанзија во Кина, таканаречен „Self hairy„ или објавување селфи фотки со влакнести пазуви. Мене искрено можеби ми е симпатично како враќање кон природата, бидејки мораме да признаеме малку забегавме во последниве 2 децении и станавме робови на козметичката индустрија, која наметна едно темпо кое на долги стази е невозможно да се издржи а да не станеме робови кои ќе бидет нон стоп со жилетот, кремите и восокот во рака. Мене ми се допага до некаде тој нивен начин на опуштен живот каде не се замараат многу со тоа дали им се избричени нозете, гениталиите или пазувите, што незначи дека тие не се чисти нели? Ги видов и коментарите на српските сајтови кои се сведуваа на тоа дека тоа е нехигиенски, дека е нечисто.... Но пак од друга страна ако пуштиме постари филмови ќе видиме дека тогаш пред 30-40 години дури ни актерките што биле во врот што биле мен стрим не биле бричени долу, а добар дел од нив и под пазуви. Секако дека нетреба да се забегува и во екстремни ситуации, но мислам дека треба малку да живееме по опуштено и да не се оптоваруваме со глупости. Хигиената е нешто по суштинско од самото депилирање.
Поодвратно нешто од влакнеста не средена жена ми нема. Искрено јас сама себе ако еден ден бар имам мали влакна под пазуви не се поднесувам.
А, зошто би било нехигиенски нешто што е сосема природно, и создадено од природата со своја цел. Ништо што е на човечкото тело не е туку, така ставено таму. Отстрануањето или неотсранувањето на влакната е стил на живење и лична перцепција на работите, и неможе туку, така да се окарактеризира како нехигиенски. Исто како што неможе да се окарактеризира како нечиста жена која не ги отстранува вакната на вагината, или фрлумно ги отстранува. Често слушам од колешките, треба да се депилирам ќе одам на гинеколог. Навистина сум збунета, неодиш на гиниколог да имаш односи па да ја средиш за да му биде убава, туку одиш на лекар. Значи едно сакам да сватите, дека бричена жена незначи по дифолт чиста и обратно, кога одите на гинеколог нема потреба да се депилирате само заради гинекологот, се што треба да види тој се наога внатре а таму нема влакна. Бидете си свои а не униформирани, правете онака како што вие чувствувате а не како тоа го прават останатите. За среќа се повеќе млади девојки забележувам кои се поинакви од останатите и си тераат некој свој стил а не се покоруваат на некоја мода која ја фосираат козметичките компании.
А која жена се чувствува убаво така влакнеста?И баш грдо изгледа да видиш девојка со влакна под пазуви, на пример..не иде.