Гранџот во деведесеттите: И модернизирана верзија: Некој микс од ова би дошло... Може да се каже дека имам ваков стил, но не во екстремна форма. Носам фармерки, кожни јакни, карирани кошули... Но, не и искината облека, и никогаш не би имала таква фризура како на последната слика.
Gothic и Grunge ми се свиѓаат, иако јас не би облекла такво нешто. Моите би се фрлиле одма од зграда ако ме видат во таков стил, така да не. А Emo, не...
Мене emo не ми се допаѓа.Посебно тие фризурите ми се одвратни. А gothic и grunge ми се поубави, но од сите три како најубав би го издвоила готскиот.... многу сакам ваков фустан
Се извинувам ако е дупла или не и е тука местово на темата, но сакам да позбориме малце за тоа како стилот влијае на нашето секојдневие. Пред некое време шетајки низ град со друштвото (небитно сеа) пред нас помина една девојка која што најверојатно беше рокерка, металка и сите од друштвото вака останаа Едната другарка се зачуди дали има дечко и кој би ја сакал, другаров што ми е најдобар рече дека никогаш не би донел дома таква и дека не личи за женско, и уште едната другарка која што слуша рок но се крие рече дека многу сака да се облака така бидејќи слуша доста таква музика но се плаши. Се подзамислив малце и се осетив глупо. Слушам секаква музика и се мислам дали облеката е причина што некогаш ни е потешко да најдеме дечко? Дали треба да се облакаме во стилот на српските и бугарските пеачки за да најдеме некој? Или доколку се носиме раперски ( јас најчесто носам некој маички, фармерки, знам и со тренерки да направам комбинации) металски (многу или ок шминка, темни бои таму незнам) е потешко? Што мислите феминки? Сакав темава да ја ставам во врски, но да збориме од стилската страна. И до колку години мислите дека треба да се негува стилот? Јас кога одев кај дечкото дома несмеев ни разголено, ни ок туку како да сум 50 год.. исто и тоа ми е неубаво, мислам дека жената треба да се труди да изгледа убаво, а не да е затуцана. Што мислите вие девојки?
Не знам колку има врска машки и женски рокерски стил, но мислам дека се тука негде. Стилот не е wow, ама до лани бев вљубена у рокер. Онака комунициравме и истото го кажа, само некоја будала би се вљубила у металец, рокер блабла. Металците и рокерите никогаш не ги наоѓале нивните сродни души. А сега има девојка. Тогаш незнам кај ми бил умот, но сега стилот му е апдејтирен, како од некоја секташка група да е типот. Од глава до глужд е у црно, и искрено тоа не ми се свиѓа.
Имаш право до некаде, јас мислам дека или си наогаат како нив или тешко. Знам имам другар кој што беше во црно мразеше други стилови, но незнам зашто многу се палеше на гранд стил, на розеви, на манекенки, иако имаше девојка металка, сега не се заедно затоа што цело време со други флертуваше, а ваму се правеше металец, но да не го оговарам сега. Се пушташе и на рокерки но незнам дали само да ги искористи или? Инаку на девојката и викаше дека сака металки ама иди разбери го..
Хаха сега кога спомна манекенки, типот цело време ми кажуваше дека ми ги обожавал нозете. Дека стварно слаби и долги нозе имам. Сега девојка му е по крупничка за разлика од мене, ама живот јбг шта чеш. Заборавив да напоменам дека многу мразеше турбо фолк. Како и сите останати металци.
Мене ова ми е искрено по малку детско и глупаво. Не можам да ги делам луѓето по тоа како се облекуваат или што слушаат, најважна е душата на човека. Има и "турбофолкери" добри или лоши, има и "металци" исто такви. Јас на пример не сакам предрасуди, слушам се од српскиов и бугарскиов фолкерај, со исклучок на Шабан, Индира и остала компанија до прогресив и пси транс, Лана Дел Реј, Еминем, Чолич.. И се друго што ми прија на уво. Не сакам да спаѓам во ниеден стереотип и барем до сега сум немала проблем со било каков дечко, сум одела со металец (кај него ми пречеше што не прифаќаше ништо друго освен метал и рок) ,сум одела и со некој што слуша џез и слична чил музика, и од каде тоа дека металците или раперите не можеле да фатат женска или дечко? Дури сметам дека они повеќе се ограничуваат во изборот, и никогаш не би прифатиле девојче што слуша Елитни Одреди, на пример. Јас им знам неколку песни, певливи ми се, за опуштање и пијанки што да не, и не не сум прва во ред за во Привилеџ со штикли 15ка, деколте и минич.
Не е проблемот во тоа како се облекуваат луѓето и што слушаат, девојчето сакаше да праша дали ако си металец/металка или рокери дали и тие лесно можат да си најдат сродна душа.
Кажи ми Блу, мислеше на детско дека е глупаво да се слуша после 20год метал или да се има таков стил? Незнам колку год си, но гледам дека слушаш по нешто рап, па ме интересира како те прифати тој дечко, што мислиш кога некоја таква или таков ќе помине покрај тебе и дали само таа музика е пречка? Пример да се облака ок ама тоа да сака..Или рап?
Можат дефинитивно Eте оној мојон богами не една, ами повеќе си врти сега. А и како што кажав, они повеќе се ограничуваат во изборот и сакаат за девојка некоја "иста" како нив.
Инаку јас немам некое мислење, мислам дека се ок, е сега малце ми е чудно што е многу едноставен тој рок стил метал, не ми е креативен, со обична црна маичка или тие со бендови, старки и фармерки си ок... Црн лак, црно моливче тоа е...И сите ми се исти некако..Е сега може дека јас не ги знам убаво...
Треба да бидеме реални дека има машки кои сонуваат да имаат девојка згодна како манекенка и облечена како курва (ова второво не да не ми е јасно, ама ајде), веројатно имаат некој проблем со самодоверба и комплекси, навистина не знам. Ваквите машки ќе ги најдеш во сите групи, и кај металци, и кај рапери, и кај кафанџии, секаде! Тие тргни ги на страна, за нив не вреди да зборуваме, неизживеани деца Што се однесува до самата тема, можам да ти кажам дека (барем во мое време) да бидеш металка или рокерка воопшто не значеше дека ќе имаш помала шанса за дечко, зошто ти си бараш некој според тебе, некој со кого ќе ги делиш интересите и следствено ќе ти се допаѓаат рокери и металци. Кога сме помлади, музиката игра огромна улога во животот и според неа до некаде дури и си го градевме идентитетот. Кога бевме средно, одбивавме машки кои не ја слушаа истата музика како ние. Другар ти рекол што рекол ама верувај дека девојката за која сте збореле не би го ни погледнала, едноставно не и е интересен. Не можам да зборам за раперки, ама знам дека имаше металки/рокерки кои можеа секое машко да го свртат-рокер, кремац*, рапер, богат, сиромав! Слаби, згодни, облечени во тесни темни фармерки, црна тесна маичка, мартинс, црна долга негувана коса до половина, црно моливче на очи и црн лак, цуриве правеа `ршум низ град * не ни знам дали зборот кремац воопшто се употребува повеќе, мојата генерација го користеше пред некој убави 15 години и означува тип кој иде во најпопуларните места на искачање и е од глава до пети облечен во марка